- Член од
- 14 ноември 2013
- Мислења
- 7.159
- Поени од реакции
- 22.731
Зошто мислиш дека Трамп би сменил било што? Надворешната политика на САД останува иста без разлика кој е Претседател и тешко се менува особено во атмосфера кога цела администрација е спремна да го саботира и го саботираше минатиот пат на секој чекор, Пентагон отворено одби да ги изврши неговите наредби на пример.Па успешноста не мора дс се мери по тоа колку население си изгубил. На пример Србија во Прва Светска Војна изгубила огромен дел ос населението, поготово машка популација, да не се расфрлам со бројки, мислам некаде околу 2/3 од машката популација, ако добро се сеќавам. Србија на крај е победник во таа војна. Така да загубите не секогаш значат пораз.
Како стојат моментално работите, Русија нема исполнето сеуште ни една од тие 5 точки кои Путин ги кажа пред да влезат во Украина. За да се смета дека се е успешна војнава за нив, нели треба да ги исполнат, што што за сега не е случај, ама не значи дека во иднина нема да ги исполнат. Е сега, на тие почетни точки, Русија во меѓувреме додаде уште две, Херсонска и Запорошка област. Таму огромен дел од територијата што ја присвоија, не е под нивна контрола.
Украина, ај да не ги оставиме без шанси, ама нема скоро никакви шанси од војнава да искочи како победник. Што подразбира победник? Да си ја врати целосно под контрола територијата.
Продоров во Курск, освен што покажува слабости кај Русија, по мое некое размислување, за главна цел има да освои Украина што е можно повеќе територија во овој период, зошто најверојатно ако победи Трамп, ќе биде натерана да прифати пораз, да преговара и да се стави крај на војнава. Претпостсвувам идеата им е во такви преговори да влезат со руска територија под контрола, па да ја тремпаат за одреден дел од нивната, на пример во Херсон или Запорожје. Тоа ми едино логично објаснување за нивниов продор кај Курск.
Како второ а како резултат на првото, незамисливо [ми] е дека ќе ја присилат Украина да потпише пораз, тоа би било автоматски пораз на колективниот Запад и предавство на Украина, иако не е ни прв ни втор пат како САД ги шитка своите најверни сојузници но за разлика од Јужен Виетнам или Курдите, мнозинството западна популација е русофобна и проукраинска и Украина сепак е во Европа а не некоја трет свет земја на крајот од светот која ќе се заборави за година дена. Единствено би ја шитнале Украина доколку добијат нешто огромно од РФ како сојузник против НРК што мислам дека нема ни теоретски шанси да се случи.
Јас мислам со или без Трамп војната ќе продолжи, може само да се смени интензитетот.