- Член од
- 17 септември 2022
- Мислења
- 1.173
- Поени од реакции
- 2.799
No ti si tuka u ovaa materijalna realnost i sega kako ovde vo majata... u mojta vakva faza mozebi najkorisnata kratka recenica ja najdov kaj Meher Baba - Zivej so soznanieto vo pozadina deka bog postoi... i nishto povekje. Sega samo zivej.Види мора да разбереш дека се што постои е креирано од мислата на еден, дали ќе го наречеш Бог, Господ, Брахман, Монад, Еин Соф, Алах, Вечниот, Свеста итн. ние постоиме во неговата мисла.
Земниот свет е само дел од неговата манифестација, ние го викаме материјалниот Универзум кој патем е само илузија создадена од мислата или електромагнетните бранови. Исто како ти кога спиеш и сонуваш, креираш цел физички универзум само со твоите електромагнетни импулси во мозокот. Додека сонуваш тоа за тебе е реалниот свет и многу ретко кога ќе станеш свесен во сонот, знаеш дека сонуваш, епа тоа е исто кога Монкот ќе се просветли и ќе сфати дека ова е илузија.
Господ во Кабалата се дели на 10 сфери од кој последната е материјалниот Универзум, во Кабалата тоа се вика Малкхут, во Хиндуизмот тоа е Муладхара Чакра во Стар Египет тоа е Кхет. Ние како луѓе сме направени по сликата на Господ. Што значи тоа? Тоа значи дека ние сме присутни во сите сфери од креацијата, односно нашата душа е поделена во тие 7 Чкари, 7 цркви, 7 пониски сфери од Кабалата, 8 парчиња на душата (Антички Египет). Тоа го сочинува дрвото на животот, кое се наоѓа во нас.
Дел од тие сфери се ментални и спиритуални и се на повисока фреквенција. На пример една од најтешките сфери во Кабалата се вика Гевура а во Стар Египет Шекхем, од таму доаѓаат емоциите кои се поврзани со строгост, доминација, его, моќ, остварување на материјални желби. Пошто сме луѓе со слободна воља доколку се водиме по тој пат без баланс ние се водиме по лошото односно Сатаната. Доколку ги прифатиме само манифестациите на Гевура ние ја губиме човечноста и газиме се пред себе.
Патот до круната на Господ е прав и многу тесен, што значи за да се спасиме од цикличното постоење мора да ги претвориме емоциите кои не влечат надоле како љубомора, его, материјалните желби итн во разбирање, човечност, љубов, делба, да ја избришеме омразата од нашите души за да ја обезбедиме вечноста.
Материјалниот свет е местото каде што го осознаваш знаењето за доброто и лошото да станеш мудар и со твоето знање да се спасиш од цикличниот свет. Ова во Хиндуизмот се вика Бавачакра или Маја илузија каде што собираш Карма. Во Библијата ова е моментот кога Адам и Ева пробуваат од забранетото овошје и се пратени да го научат доброто и лошото надвор од кралството на Господ. Односно ова е моментот кога Господ се дели од човекот и чека пак да се спои.
Пантеонот на Индо-Европејските Богови е поврзан со Сферите од Дрвото на Животот, односно секој Бог е дел од една гранка. Обичнио Материјалниот свет е поврзан со женската енергија и божества. Во Кабалата тој дел од Господ се вика Шекина, во Египет Хатор/Исис/Нефис, во Сумер тоа е Ерешкигал/Иштар, во Хеленистичка Грција тоа е Хекате, Деметер. Има многу лица оваа енергија. Впрочем таа е светиот дух во нас.
Така да и Сатаната е дел од Господ, само дали ти ќе го одиш тој пат, тоа е до тебе, пошто Господ е бесконечен и бесконечни се твоите патишта на душата, но патот до спасение е само еден, прав и тесен.
Ова вака е на кратко...
Satanata e ustvari nagonot za prezivuvanje koj kaj nas e overklokiran, so dlabokoto uveruvanje deka bog postoi ( sho i da e bog ) ti go smirusvash nagonot i si fokusiran na tuka i sega, ne na slednite dimenzii.
Можам само да верувам и делувам во склад со Верата.