Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
„Чудесно е како формулата на Хермес Трисмегистус се провлекува низ се,
Магиката е само проширување на микрокосмосот во макрокосмосот.
И бидејќи макрокосмосот е поголем, следува дека она што човек го прави со магиката е само усогласување со Бесконечното.“
- „Препород на Магиката“ од Алистер Кроули
 
Хермес Трисмегистус Магика Книга на Рамнотежата
Хермес Трисмегистус и Тхотх веројатно и не се вистински историски личности, туку синоним за херметицизам (тајни учења).

Магиката кај Алистер Кроули секогаш е поврзана со секс. Ако ја пповрзам со инцестот на Кинг Џејмс испаѓа дека магиката е секс од космички размери. Мајката на Кинг Џејмс носи појас од брендот
Екватор :brlav:.

Алистер Кроули има „напишано“ (канализирано) премногу книги, некои однив дури и од А класа. Не ми е јасно дали се добиени преку радио канали или само се издадени под негово име како со Вилијам Шекспир.

Книга на Рамнотежата A.·. A.·. (АСАО - акроним на здружение во врска со блиски средби). Сефира на рамнотежата e Тиферет (Сонце) и веројатно целата книга е посветена на оваа сефира. Многу обемна тема.
 
Книга на Рамнотежата A.·. A.·.
Сефира на рамнотежата e Тиферет (Сонце) и веројатно целата книга е посветена на оваа сефира. Многу обемна тема.
Се е тантра, се е магика :)
Од исток до запад, без разлика на временски период - тоа е.

Liber Librae е основната насока на моралноста за просечен човек. Така пишува во описот.
Нормално, ако зборуваме за истата книга.

Радио канали? Да, преку U-band опсегот :) Не ме зафркавај сеа ....

A.'.A.'. изданијата во класа А се Свети книги на Телема.

Кроули не бил толку вешт за да може да создаде таков систем како Телема сам (иако не знаел да застане во пишувањето и да, има премногу книги кои треба да ги прочитате ако сакате да расправате за човек како Кроули - инаку ќе треба да градите слика за него од тоа што јас, некој друг или трет мисли за Кроули)....

Имал псевдоними Кроули кои ги користел, но тоа претежно кога пишувал поезија или проза или некоја философска расправа околу Телема, никако за книги од Класа А.
За магиските имиња што ги преземал кога добивал иницијации може да погледнете во неговите дневници. Се надвеам дека наскоро ќе излезе во печат на македонски јазик еден дел од неговите дневници, па ќе се запознаете подобро со човекот кој го нарекуваме чичко AL :)

За Хермес и Тот или Тахути - не знам дали биле историски ликови или само симболи преку кои се предавало учењето низ еоните... ние од пред 2000 години го имаме Исус како учител и голем иницијант, па немаме докази дали постоел, што е вистина, што лага и се докажуваме реално дали постоел или не, не пак од постари времиња поврзани со тајни учења и иницијаторски школи.

П.С. Егзотеријата е одобрено објавување на дел од езотериските учења да бидат јавни за да може да се тестира поединецот од што е направен.
Се разбира, се мисли за поединец кој што е привлечен кон езотеријата и магиските пракси и учења :)
Така да, внимавајте на тие тестови бидејќи боли кога се паѓа на истите.
А ако ве интересираат теории на заговори, немојте ни на сон да ги мешате со езотериските тајни учења - од таму следува мешање на симболите и болка.
Бидете паметни малку...
 
Прочитав некаде дека традиционалната еврејска Кабала или клучот за неа се пренесува исклучиво од уста на уво и тоа исклучиво кај иницирани кои помонале тестови и исполниле услови меѓу кои и за возраст (над 40г.).
Ме интересира, дали кабалата на Алистер Кроули може целосно да се научи од неговите книги ли недостасува нешто што се пренесува усно и дали со англиската кабала се чуваат истите тајни како и со еврејската?
 
„Повторно наоѓаме директна кореспонденција во Источните Учења онака како што се изложени од Мадам Блаватска во „Гласот на Тишината“. Таа пишува: “Не можеш да чекориш по Патот се дури не станеш самиот Пат“. Понатаму во Либер 333 од Фратер Пердурабо читаме:

О ти, што стапуваш на Патеката, лажен е Призракот што го бараш.
Кога ќе го сфатиш тоа, ќе ја спознаеш сета горчина, со забите зариени во Содомско Јаболко.
Така беше намамуван по таа Патека, чиј ужас инаку би те истерал далеку.

О ти, што чекориш по средината на Патеката, ниеден призрак не ти се исмева.
Зашто чекориш заради самото чекорење.
Така си намамуван по таа Патека, чиј занес инаку би те истерал.

О ти, што се влечеш кон Крајот од Патеката, нема повеќе напор.
Се побрзо и побрзо паѓаш; твојот умор се промени во Неизговорлив Одмор.
Зашто те нема Тебе на таа Патека: ти си станал Патот.


И секој мора да научи да го помине овој Пат, секој мора да ги надмине неговите препреки, да ги демаскира сопствените илузии.“
- ПЕХАРОТ НА ЕКСТАЗАТА
 
Сефиротите во основа се претставени со процес на еманација

Се сетив на еден стар црно-бел филм каде имаше таков процес. Не се сеќавам на насловот и вака беше:
Двајца астронаути отидоа на Марс. Таму немаа потреба од скафандери и сретнаа еден човеколик Бог со натприродни способности ( веројатно еврејскиот), кој добро ги пречека таму. Тој бог имаше сопствен (персонален) робот кој му служеше. Роботот ги послужи и астронаутите со храна која ја добива со еманација во пределот на стомакот. Едниот од астронаутите беше пијаница и му снемуваше џин, па побара од роботот да му направи повеќе џин. Роботот направи анализа на пијалокот и за неколку секунди еманираше и џин.
Ако го знаете филмот ве молам за насловот.

Дали еманацијата е божја технологија кон која се стремиме или веќе ја имаме, но не за широка употреба? Дали дрвото на животот е обид за реврз-инжинеринг на таа технологија? Сум прочитал дека со помош на магнетни полиња може да се предизвика трансмутација на хемиските елементи. Нуит и Хадит се етер и материја. Кој е енергијата? Што е времето? Дали оние прецесии се однесуваат на силите кај жироскопите? За левитација мислам.

А? А;)?
Автоматски споено мислење:

Штотуку видов слика од алхемиски апаратус на три спратови што функционира слично на фракциона печка и си помислив „Ова мора да е Хермес Трисмагестис“?
 
Последно уредено:
За многу години!!:LOL:

Дали Ордо Темплис Ориентис е вистински масонски ред, бидејки Алистер Кроули бил исфрлен од масонеријата поради издваање на врвна тајна во една од неговите песни? Поради тоа имал проблеми со браќата масони, а чудно, не бил убиен. Зошто?

Дали големо А во форма на фалус е дел од сексуалната Магика?

Ако притиснеш лимон, од него ќе излезе сок од лимон. Не може да излезе сок од портокал. Ако притиснеш портокал од него ќе излезе сок од портокал. Што има внатре тоа излегува. Ако притиснеш човек, од него ќе излезе страв, бес, гнев, фекалии - тоа сме полни тоа излегува.:)
 
Последно уредено:
1. Дали Ордо Темплис Ориентис е вистински масонски ред, бидејки Алистер Кроули бил исфрлен од масонеријата поради издваање на врвна тајна во една од неговите песни? Поради тоа имал проблеми со браќата масони, а чудно, не бил убиен.
3. Зошто?

2. Дали големо А во форма на фалус е дел од сексуалната Магика?

Ако притиснеш лимон, од него ќе излезе сок од лимон. Не може да излезе сок од портокал. Ако притиснеш портокал од него ќе излезе сок од портокал. Што има внатре тоа излегува. Ако притиснеш човек, од него ќе излезе страв, бес, гнев, фекалии - тоа сме полни тоа излегува.:)
Кажи прво среќен роденден, не со прашања :)

1. Не е.
2. Не.
3. Многу јак е Кроули затоа не го убиле. Тој им заповедал што да прават, највисок левел имал. :vozbud:
 
Не знам дали е ова соодветна тема за видеово. Сепак е поврзано со култ.
 
Среќна Телемитска нова година, оваа година според нашето Телемитско броење на времето од 1904 е.в. (замислете) е година V:x или претставено со Тот карите како Хиерофант и Среќа :)

1711121414582.png 1711121453680.png
 
Според моите истражувања новата година треба да биде првиот ден од 'Новата (Млада) Месечина' после Пролетниот Еквионкс. Овој ден е прославуван во Стар Египет/Кемет за ден на воскреснувањето на Осирис. Стариот свет користел Лунаерн календар и новата месечина е многу важна за Египет, односно последните 14 дена после полна Месечина, Месечината оди во тотална темница односно 'снемува'(не рефлектира светлина) после новата Месечина повторно да се препороди, да воскресне (се полни со светлина), Осирис бил исечен на 14 парчиња. ;)

Доколку има и затемнување на Сонцето токму како овој ден, тогаш тоа се смета за вистинско раѓање на Хорус, бидејќи денот снемува светлина, оди во тотална темница за повторно да ја пронајде светлината. Сетете се на кундалинито, душата треба да заплови во тотална темница и само таму ќе ја најде вистинската светлина.

Ова впрочем е и вистинскиот датум за Велигден, Исус воскреснува исто како Осирис после 3 дена. На 19 Март 0033 година има тотално затемнување на Сонцето. Тој ден е велики четврток, Исус умира на велики Петок но пред да излезе месечината што значи Исус умира на денот кога има Тотално затемнување на Сонцето на денот на Пролетниот Еквинокс. Воскреснува три дена подоцна во Недела.

Пролета е денот кога земјата расцветува, затоа се смета за нова година, земјата се буди од темнината, исто така тоа е време кога и зрното спиритуална енергија може како Кундалини да се крене кон светлината.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom