Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Нешто повеќе од месец дена ме чека свадба кај еден многу добар другар, не спои еден клуб и повеќе од десет години како се дружиме. Се е супер, ама ја не сум човек кој сака да иде по свадби, во последните десет години сум бил само на две, а пред тоа веројатно кога сум бил дете. Ме мава анксиозност од животов и работава, па сега и ова, бидејќи долг пат има, ама тоа е, не можам да го одбијам човеков, бидејќи премногу сме добри и премногу го почитувам.

П. С. Бидејќи морам да имам придружба, ке купам некоја кукла на пумпање од секс шоп. Секако не планирам како мисир да дремам на масата, бидејќи од играње немам абер.
 
Убава идеја ама и непотребна
.
 
Имам еден проблем. Не можам веќе да разликувам дали е трол, дали е албанец или нешто сосема трето кога ги читам по форуми и социјални мрежи. Мора да се некои наши кои глумат шипци, друго разумно објаснување не постои.
 
Ме интересира какви состојки има во НЕ ВЕГАНСКИ течен сапун? Прееска приметив дека мијам раце со вегански.

хммммммммм дали сите течни сапуни се вегански со исклучок на старовремскиот свински сапун?
 
Не можев да спијам веќе неколку дена, ме јадеше нешто од внатре и ме прогонуваа кошмари па дури и на јаве. КЛИМАТИРИЗАНО Е? ТАЊИРИ ИМАТЕ? Ми оддекнуваше во главата додека пред мене стоеше дудукот со селско козјо брадиче и лоши цвикери. Решив да го најдам и го најдов виновникот за тоа што немам желба да отворам Инстаграм, а имам и страв да не ми искочи од некоја страна.

Screenshot_3.png


Има некоја маркетинг агенција и многу лош хумор. Јас му искарав све женско во ДМ, а вие?
 
Во недостаток на идеја како да го усерат плебсот од страв пред некој ден го уфрлија повторно ковид во игра на вести..Демек се појавил од некаде..Ахх во мојот имагинарен свет каде јас би имал функција на владетел овие преваранти бел ден не би виделе и би ги гонел под дрво и под камен со нивните гомнарски досетки..Од ковид,зика,разни чуми и секакви будалаштини што им паднале на памет и ги пласирале као топ њуз..Збориме ако се луѓе,ако се квантни компјутери со вештачка интелигенција тоа све би минирал и кабууум чао пријатно..
 
Во кладилница ставивме кутија за донации, за дете што треба да замине на операција во Турција, после 3 дена во кутијата има точно НУЛА ДЕНАРИ, искрено не видов ни еден човек воопшто да погледне кон кутијата, сите поминуваат покрај нејзе како покрај турски гробишта.
Чисто за информација овие три дена во кладилницата има уплатено 163.179 денари и исплата 72.438 денари, во превод 90.741 денари фрлени во бунар, тоа е отприлика 10% од целата сума што се собира за детето...

Местово е со генерално мешано население Македонци, Албанци и Роми, што значи тука негде сме сите со размислувањето,
колективно отидени и без трошка емпатија.
Со ваков ментален склоп пристапуваме и кон сите останати работи во општеството, затоа и живееме во таква држава, со убиства во сред бел ден во центарот на главниот град, пукање на секој чекор, кладилници, казина, продавници за пари, лихвари, лопови, квази мафијаши, курви, пијаници, коцкари и политичари што 30 години не соголуваат.
 

Ништо не ги опишува подобро почетоците на двеилјадитите и пост воена Југославија од ова видео и настапов на Зоран Ванев во живо.

Средовечни тетки тресат свадбарки и го целуваат Зоки во чело како да им ги вратил починатите синови од лош хорс, Белградските улици и боиштата на Косово.

А за Зоки што да кажеме повеќе?
BFA32B3E-B1C2-455B-BBEE-F9642E770B42.gif

Каков склоп на тигрести панталони и јакна со кафеава ципела и камо маичка одоздола. Се ова надополнето со еден тон гел на косата, фризура боцки, тенки зулуфи, козјо брадиче и шмекерска менѓуша на увото.

Алооо бабуш сами доаѓаа, сами паѓаа, ги бирав како лубеници.
 
Кога веќе погоре Вардарски ги спомна овие срања од Гранд/Пинк, за мене лично најлегендарно видео ќе остане ова, каде Миле Китиќ и пее на кукличката, Лепа Брена држи ритам со тапанчето над нив, а на крај Ера Ојдaниќ и цигара и запали

 
Што ми требаше петочки да отворам Линкдин да видам 2-3 честитки за нечие унапредување или завршен курс со пораката - успехот не е случаен и трудот е секогаш вреднуван - срања. Па имате ли грам совест колку луѓе ќе ги заглавите на шоља со тие честитам за да добијам reach постови? Таман мислев ги досрав сливите, идам сега втора тура на нервна база.
 
Добар ден,long time no see,колку години поминаа 8 ? 9 ?

Досадата и жештината ме натераа пак да направам профил на форумов,не верувам дека ќе бидам толку активен како пред една декада ама ете,чисто да те поздравам за почеток :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom