Vo golem del se soglasuvam so prethodniot odgovor od General.
Ti navede povekje problematichni situacii. Site se validni, nekoi se pogolemi, nekoi pomali.
1. Nedorazbiranja vo familija se "normalna" rabota na Balkan. Nekade se poretki i se toleriraat, vo ekstremni slucai zavrshuvaat na TV vesti. Rabotite koi gi pisha ne se korektni, ama pa i ne se neshto nevoobichaeno za ovie prostori.
2. Ne navede kakvi problemi vi baraat da reshite. Za chastenje rucek, dobro e ako ima balans, da ne bide samo na vasha smetka. A ako nekoj se drzne da pobara "chastenje", znam da mu odgovoram niz nos da mu ispadne jadenjeto.
3. Delenje imot e sekogash neblagodarno prashanje. Nekogash prednost ima postaro dete nekogash e podednakvo. Realno e ako ostavat imot (najchesto kukja / stan) na edno dete, toa da gi prevzema obvrskite za chuvanje na stari godini na roditelite.
4. Delot so pokloni iskreno go smetam za siten, licno pravo e koj kolku poklonuva, ama vo kontekst so drugite raboti, ti ja sfakjam poentata i imash pravo. Namalete i vie, izramnete gi troshocite za pokloni.
5. Jas sum pobornik za tolerancija vo vrska i brak, taka da od ovie raboti ne gledam dobra pricina da imash chesti / postojani raspravii so soprugata (samo za toa).
Normalno deka soprugata tvoja kje ima povekje tolerancija kon niv, kakvi takvi tie i se roditeli.
Ako tolku te iritira nivnata pozicija i odnesuvanje, imas mal milion nachini kako da se spravuvash so niv indirektno bez da se raspravash so soprugata.
Toa e moe viduvanje i mislenje, se nadevam neshto kje ti bide od korist.
Да можеби не поjаснив некоj работи во целост во постот.
2.Проблемите за кои бараат решение се непотребни посети по приватни болници, во стилот малку ме боли главата одма на магнетна во Жан Митрев и тука одма се прават драми и непотребни стресови зошто ние сме тие што треба да ги управуваме за да не ja растресуваат "дотката" зошто она имала доволно стресови во животот. Е сега они прегледот ќе си го платат прегледот од 10.000, ама се друго подмируваме ние и еден таков преглен на нас не чини околу 3000 ден. и кога се тука тоа може 2-3 пати во месецот да се случи ( еднаш главата, после градите ме стегат, па половините ме болат). Па ќе почнат со жалопоjки ете сестра и ќе останала стара мома, зет дали ќе виделе, внуче од неа дали ќе дочекале, а jaс седам во истата просториjа и нешето дете живо и здраво, али како да не постоиме. Па нонстоп притисок аjде мора да одиме на ваму и таму на викенди за да може сестра и да придвижи во цивилизациjа, нормално на наш трошок и без прашање дали во моментот ни дозволува буџетот, еее добро де една сестра имала моjта сопруга како на неа ако не сме можеле да и излеземе во сусрет, као она е наша обврска за да ja "пасиме", па дома се реновира мора да одиме и ние таму да помагаме, зошто една фамилиjа сме во тие моменти исл. Смешно изгледа од страна тоа е повеќе од jaсно, но кантарот математички пресметано мора секогаш да е виснат на нашата страна.
3.Имотот уште не им е разделен во целост, но пример кога продавале деловен простор и стари ниви (до сега 5 ако не се лажам) пред нас се фалат земавме 10-20 илjади евра од таму, на сопругата денар и немат дадено зошто ги чекале трошоци за поголемата ќерка. Во ред е тоа на кого сакаш на тоj ќе дадеш, но од поголемата ќерка немаат никакви очекувања кога ќе треба да се оди на болница или дома да се реновира/работи, тогаш обврската е секогаш на сопругата т.е. на наш грб, а во медот кога ги бркаме рачињата за сопругата нема место и нajмногу што ме иритира во сето тоа е што сопругата не гледа проблем во сето тоа.
4.Точно и за поклоните, веруj не ми е ни до пари ни до поклони но неjкам никоj да ме прави будала. Ако jaс се прашувам ниту сакам да им одам на родендени ниту сакам да ми идат. Ме нервира што балансот е изгубен ние им купуваме поклони 2-3 пати поскапи него ли тие што они ни ги купуваат со изговор зошто баш сега божем немале (башка ниjзините родители заработуваат повеќе од нас), а роденденот на сестра и е 3 недели после роденденот на нашето детето. Секоjа година се прават фешти за роденден/именден со 40-50 души со жива музика се купуваат екстремно скапи поклони, да види некоj од страна ќе помисли свадба или веридба е, па немоj да ме je**ш на здрав мозок бе и пак ќе кажам сопругата и во тоа не гледа проблем.
5.Немаме секоjдневни расправии далеку од тоа, но ако не им направиш кеиф со нивните каприци е тогаш jас сум виновниот не сум воспитан, идиот сум, кретен, како они ни го гледале детето по потреба, како они за нас работеле во Хрватска. Коментар на сопругата е не се расправаj нервозни се оти сестра и била немажена.
Жена ти ако не гледа дека е третирана пониско од сестра и, пробај објасни, со мирно, фино и со факти, не со емоционалности и расправии.
Може сестра и на емоција ги фаќа старите, немажена, нема деца, кој да и помага, па затоа ја лигушат.
Кај мене брат ми пример, се он за греота, ем неспособен, ем не е крив за ништо, а јас секогаш сум знаела да се снајдам и да сум жива и здрава само.
Не е фер, но тоа е, како тие, така и вие понашање.
И да, е токсично тоа понашање, делење на деца е многу застапен проблем кај нас.
Првична фамилија сте вие тројцата, јас искрено ако немам за детето, тешко дека би помагала наоколу, кој сака нека е. Се додека не ми влијае на мојот фамилијарен буџет и план, јас не би се расправала. Би пресекла во одредени ситуации ако гледам дека ептен ме искористуваат, политички и дипломатски.
Искрено пробувам со избегнување ама незнам дали успева тоа. Да сум слушнал да имаат по 3-4 деца и да ги делат машки/женски и помал/поголем ама две се 8ипол години разлика, очигледно сопругата светлосни години понапред од сестра и, ама сестра и да слушнеш мajка им и бабите како ja фали, какви ручеци правила, па колку била она способна, па какво кафе варела, а таа седи како паразит се гордее со муабетите и гледа ТВ као неа не jа додирнува тоа, просто неможеш да слушаш и сериозен да останеш во ситуациjата. И наjбитно од се да споменам, делумно ние сме биле криви што сестра и била немажена зошто ние сме биле во можност да jа запознаеме со некоj наш другар/колега , ама еве не сме се труделе доволно.
Zemete mu kuce na sestramu i se ke se sredi, ko bajce ke bidi. Provereno
Има сибирски самоjед поклон од татко им за 30-тиот роденден, тоа куче верувал или не живее подобро од мене и тебе заедно
ама благодет уште не сум почуствувал, валда незнаео како да го користи