Ќе видиме за брзо колку било исправно. По мене Украина тука има за цел да ја смени иницијативата на фронтот и да ја принуди Русија да влече други потези. Сега за сега Русија се одлучува да не носи подобро спремни трупи, од фронотот доле кај Донбас и решава да проба овој проблем да го реши генерално со мобилизирани трупи и по нешто Росгвардиа и маринци, специјални сили. Тоа што така се решаваат да го решат проблемот си носи и своја цена за плаќање, а тоа е изгубена територија, неможност да се стабилизира ситуацијата и стотици руски војници кои паднаа плен кога се соочија со спремни украински маринци и специјални сили.
Е сега, клучното прашање е како Путин ќе одговори. Доколку се реши да пренамени големи резерви и да почне скапа операција да ги исчисти Украинците од Курск тоа ќе има голем ефект на целата војна и посебно фронтот во Донбас. А таа операција ќе биде скапа, зашто ќе налетаат на спремни Украинци, и добро знаеме колку скапо русите го плаќаат секој метар земја. Доколку не се реши на такво нешто, постои ризик оваа ситуација значително да ескалира Украина да напредува и да паднат други места и поголеми градови.