Одлично и оди на Украина фронтот на исток, и вишокот сила ја насочи кон Курск. Никој воен стратег од западот не погоди зашто е нападнат Курск, се вртеа теории за Пиар, за нуклеарна централа, за да ја принудат Русија на преговори. Си имаат сила, си можат.
Се по планот.
Ќе видиме за брзо колку било исправно. По мене Украина тука има за цел да ја смени иницијативата на фронтот и да ја принуди Русија да влече други потези. Сега за сега Русија се одлучува да не носи подобро спремни трупи, од фронотот доле кај Донбас и решава да проба овој проблем да го реши генерално со мобилизирани трупи и по нешто Росгвардиа и маринци, специјални сили. Тоа што така се решаваат да го решат проблемот си носи и своја цена за плаќање, а тоа е изгубена територија, неможност да се стабилизира ситуацијата и стотици руски војници кои паднаа плен кога се соочија со спремни украински маринци и специјални сили.
Е сега, клучното прашање е како Путин ќе одговори. Доколку се реши да пренамени големи резерви и да почне скапа операција да ги исчисти Украинците од Курск тоа ќе има голем ефект на целата војна и посебно фронтот во Донбас. А таа операција ќе биде скапа, зашто ќе налетаат на спремни Украинци, и добро знаеме колку скапо русите го плаќаат секој метар земја. Доколку не се реши на такво нешто, постои ризик оваа ситуација значително да ескалира Украина да напредува и да паднат други места и поголеми градови.