Христијанството денес

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.114
Поени од реакции
30.181
Кога се главата на Луј 16 се затркала на гиљотината луѓето му рекле на монарсите, не благодарам, од сега натаму сами ќе се договараме кој ќе владее.
Ubava ideja, no vo egzekucijata(pun intended) ne bilo bas ko shto planirale, so ogled na toa sto posle spadnuvanje na euforijata od trkalanjeto na glavite na Luj i Marija A, apsolutna vlast drzel Robespier, a po nego Napoleon. Lugeto na kraj sepak pocekale nekoe vreme pred da odlucat koj ke vladee.

Taa prostacka revolucija na varvarizmot za zhal kompletno go zasenuva vistinskiot moment koga lugeto im rekle na monarsite ne-blagodaram, a toa e Amerikanskata revolucija. I taka e nekako poetski. Padot na Francija, go oznacuva raganjeto na supersila koja go vladee svetot denes.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
4.999
Oвде има тон материјал за коментирање.

-Историјата на западната мисла е Богоборечка. Точно, и фала Богу :D што е така. Ако на здрав човек му стават лудачка кошула, што му останува освен да се бори да ја извади?

-Каков е тоа легален монарх? Легален монарх е contradictio in adjecto. Француската боржуаска револуција е најважниот политички настан во историјата на човештвото. Во тој момент луѓето му рекле НЕ на идеата дека постојат индивидуи кои се од Бог дадени да владеат. Кога се главата на Луј 16 се затркала на гиљотината луѓето му рекле на монарсите, не благодарам, од сега натаму сами ќе се договараме кој ќе владее. Тешко е да се прецени историската важност на овој момент. За жал, денес повторно имаме модерни кралеви, кои се нарекуваат финансиски олигарси. Иако од никого избрани, им ја кројат капата на повеќето луѓе. Време е за некоја нова Бастиља, само што сега контролата е многу посилна.

-Филозофски системи не постојат од Ниче наваму. Сега понаку се филозофира. Неважно, не си свесен за моќта и влијаните на филозофијата. Мислата на Хајдегер го обележа 20от век. Филозофите не само што го доловуваат духот на времето, на некој начин го создаваат.
- Христос дојде затоа што на болните им треба лекар. Кој за себе мисли дека е здрав, тој веќе е во прелест.
- Легален монарх е лик кој титулата ја наследува по биолошки пат (од своите родители), а самото негово владеење (стапување на позиција на моќ) е благословено. Елиминирањето на така востоличен монарх ја отвора можноста од доаѓање на власт на секоја можна будала (што на Французите и Русите веќе им се случи).
- Точно-философски системи веќе не постојат не затоа што не можат да постојат, туку затоа што и тие кои постоеја, беа неоперационализирани. Така, денешните науки ги завзедоа сите феномени кои беа теми на мудрување од историските философи, па на денешните философи не им преостанува друго, освен на преџвакуваат „веќе видени„ теми, во стилот на неоемпиризам, неоегзистенционализам и томе слично...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650

Јас искрено уживам кога те читам и многу често идам на форумов само поради тебе и 3-4 други членови.
Христијанинот нема да ја препознае твојата мудрост поради ѕидините кој самиот си ги поставил ама некои членови сериозно ќе ги сфатат твоите постови и ќе црпат мудрост од нив.

На темиве околу Христијанството мислам дека досега не се спомена
потребата од идентитет која ја сметам за главна потсвесна причина зошто луѓето почнуваат да веруваат во Бог.
Истотака, омразата кон овој свет (материјалниот) е една од клучните причини за верувањето дека постои таму некаде совршен свет и живот (рајот) каде луѓето конечно ќе можат да здивнат од тешкотиите и да го добијат она кое мислат дека го заслужуваат.

Што мислиш ти лично за овие две работи, идентитетот и омразата?

На оваа тема има многу што да се пишува, ама чекор по чекор.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Не баш, макар што мислам дека дебело му имаат згрешено на човештвото. Духовниот мир е преценет, големите дела настануваат во немир и страдање. Во духовен мир може да настане млако дело како Фауст на Гете, во духовен немир се раѓа дело како Браќа Карамазови.
HIDE YO DAUGHTERS HIDE YO WIVES, HE BE COMING, THE DEITY OF ULTRA PHILOSOPHY

Заебанцијата на страна, ептен Мајка Тереза изјава.
- Ова не е комплимент.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/ukrainskiot-parlament-go-usvoi-predlog-zakonot-8371-koj-ja-zabranuva-ukrainskata-pravoslavna-crkva/?utm_source=ReviveOldPost&utm_medium=social&utm_campaign=ReviveOldPost

Господ нека ни биди на помош, овие што се католициве сакаат секаде да го уништат православието и да ни ја одземат верата. Господе, не не предавај на желба сатанска, чувај ја Македонија од оние кои сакаат да им нанесат штета на православните христијани, само Православието е над сите останати христијански облици! -
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Еве во продолжение текст за абортусот:
" Абортус - како да се искупи овој грев? На 19 години останав бремена и абортирав. Навистина ме мачи и прогонува, особено сега кога сум мајка и си ги гледам децата. Како можам да се искупи за мојот грев? Да му запалам свеќа на тоа дете во црква?

Абортус - чедоморството отсекогаш било смртен грев. Еден од седумте смртни гревови како што е запишано во црковниот календар е чедоморството (абортусот). Значи, ако св. Црквата исто така го третира абортусот во молитвите како убиство на дете, што може да се каже за бруталното откинување на главата, рацете и нозете на фетусот (ембрионот) на зачнатото човечко суштество. (Жената во црквата се нарекува „во блажена состојба“!!!) Ако ги прашате жените кои поради некоја причина не можат да родат што би дале за да имаат деца и што мислат за оние жени кои нема да родат повеќе од две деца, најчесто ќе слушнете: „Не знаат што губат или каков грев прават. Децата, ќе речат, никогаш не се излишни или свештеник, монах, лекар кој ќе открие а лек за тешки болести и епидемии итн. Сè на сè, потребно е големо покајание, а да се знае дека тоа не се простува само со исповед, потребно е барем една година покајание да се пости во понеделник и да се чита специјално напишаниот акатист „Витлеемски крик. Овој акатист го напишале жени во Русија кои откриле колку е страшен, голем и омразен овој грев за Бога, а Црквата го цензурирала во духот на чистиот православен христијанин и го испечатила за потребите на другите кои носат таков грев. оптоварувајте ги гревовите како што е чедоморството, т.е. абортус!

Духовен одговор даден од:

Баќушка Јован

Манастирот Лешје"
Затоа, припазувајте браќа и сестри Христијани и молете му се на господа да ве насочи и да ве води кон животот за да не направите големи гревови кои што ќе ве оттргнат од вечниот живот и ќе ве фрлат во пропаст.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.452

Не е добро ова, возгордеаност и суета кои не се христијански вредности. Каде тоа Бог ги избрал македонците да бидат единствени вистински христијани? Па за таква исклучивост први беа евреите и знаеме како тоа поминало низ вековите.
Убаво си стои во Писмото, Христос страдаше за сите на светот а не за православци или католици. Денешно време во 2024 срамота е да се ставаат едни христијани на пиедестал на сметка на сите останати без никаква трага на доказ.
Автоматски споено мислење:

За ова се согласувам, абортусот како и да се рачуна претставува прекин на еден човечки живот во настанување и претставува алатка на рогатиот. Ајде за случаи на силување некако, но абортус како крајна форма на контрацепција е ужасен грев. Некаде имаше бројка од 30К абортуси во РМ за една година. Не знам дали е тоа точно или претерување, другар гинеколог кој има изврешно стотици абортуси ми рече дека таа цифра не може да е точна, но при ваков катастрофален наталитет срамно е секоја година да умираат илјадници човечки битија без разлика на етнос и религиска определба.
 
Во право си, се согласувам со се што си пишал и се извинувам за погоре што грешно пишав.
Господ да биди со тебе и да ти дава внатрешен мир
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.452
Ме остава колата вчера во сред вожња, кај кружниот тек кај Еаст Гате. Ми се гаси, и не може да запали. Палам 4 жмигавци, искачам од кола и бутам како ненормален, сам, да ја качам на тротоарот. Ај што никој не се понуди да застане и да ми помогне да ја избуткаме, тоа е 10 секунди работа, туку ми свират сите како нездрави и зборат нешто во кола, ме пцујат валда. Како што зборат и свират и ми праат притисок, така им редам се женско по ред и само чекам некој да излезе и да пројаде гомна и да му ја ебам мамата тука на асфалт па сакал и Урко бил. Ја качив, отидов до еден сервис во близина, кажа само за Волксваген бил, а електроника беше во прашање, си викнав шлеп служба, ја однесов на мајстор и ја реши за 20 минути. Се испрчив 3600 вкупно, и се скарав со жена ми на крај, ни крива ни дужна она го доби.

Вака ли ќе живееме, вака ли ќе бидеме браќа, вака ли ќе го сакаме својот ближен како што се сакаме себеси?

Имам стотици слични примери. Колега мој дур чекал во гужва летово, во ред во Автокоманда, веројатно од топлото колабирал, а попречувал цела лента, никој не застанал да му помогне, случајно се нашла колешка да му пристапи.

Од каде оваа себичност, саможивност и кукавичлок стварно не знам. Сакам да ги сакам луѓето, да им помагам, во опасност сам сум се ставал за да им помогнам, и само јас ли ќе бидам тој, на крај будала ќе те направат што сакаш џентлмен и витез да бидеш. Кај Бога ли ќе ми биде вратено? А во меѓувреме, вака ли ќе живееме на земјава, само за себе а другите да умираат?

Нема надеж и нема верба за подобро утре.
Убаво напишано. Жалосно е што самопрогласени Христијани не осеќаат потреба да помогнат на својот ближен во моменти на потреба. Делото Исусово е само мртво слово на хартија, никој не сака да излезе од комфорна зона и да помогне на својот ближен. Срамота и греота.
Сепак немој да губиш вера, има сеуште луѓе кои се блиски до вредностите Исусови иако се во тешка мањина. Но како што се вели, додека има добри луѓе светот ќе постои. Со смртта на последниот добар човек ќе следи смак света.

И јас имам сличен пример. После трагедија и упокојување на мојот татко пред некое време, на самата вечер испечативме некролози и ги ставивме на места предвидени за тоа низ град. Наутро врвам покрај две три од тие места и што да видам? Сите некролози за татко ми искинати! Па тие служат за да се објави смртта на член на фамилија и да луѓе кои ќе ги видат некролозите да присуствуваат на погребот.
И што сега треба да се грижам за православните и Македонците? Но после почетната јарост после некое време се смирив и си реков дека нема фајде од омраза кон лицата кои чинат вандалски дела. Подоцна некој ми кажа дека тоа се случувало прилично често и претпоставуваа дека се познати делинквенти. Па кој мој им сметаат некролозите бре?
Сеуште ми е тажно за тоа, но решив да им простам, како што Христос им прости на крстот на неговите џелати бидејќи не знаеја што прават.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.452
- Христос дојде затоа што на болните им треба лекар. Кој за себе мисли дека е здрав, тој веќе е во прелест.
- Легален монарх е лик кој титулата ја наследува по биолошки пат (од своите родители), а самото негово владеење (стапување на позиција на моќ) е благословено. Елиминирањето на така востоличен монарх ја отвора можноста од доаѓање на власт на секоја можна будала (што на Французите и Русите веќе им се случи).
- Точно-философски системи веќе не постојат не затоа што не можат да постојат, туку затоа што и тие кои постоеја, беа неоперационализирани. Така, денешните науки ги завзедоа сите феномени кои беа теми на мудрување од историските философи, па на денешните философи не им преостанува друго, освен на преџвакуваат „веќе видени„ теми, во стилот на неоемпиризам, неоегзистенционализам и томе слично...
А што мислиш за современиот Христијанин?
Кои квалитети треба да ги поседува верникот, мирјанинот во секојдневниот живот, во односите во фамилија и надвор од неа, брачни односи, однос кон децата, роџаци и пријатели.
Обичајните "викенд" верници се само галамџии кои се вртат кон верата за Божиќ и Велигден, заедно со куќната слава поради датумот на страданието на некој светија.
Во тие "чествувања" обично се гнете свињетина и се пие пиво и вино до даска, пијанчење, политика, теории на заговор и слично. Нема апсолутно ништо од верска гледна точка, барем да го споменат Спасителот наш, да рефлектираат нешто од неговиот краток овоземски живот...

Јас мислам дека има насушна потреба од нов Христијанин кој ќе биде морален, етичен, широкограден и психофизички супериорен во однос на мнозината неверници и еретици.Треба да биде пример за тоа што човек може да стори со Вербата во Него, како да се преодолеат проблемите, како да се најде добра Христијанка која ќе биде сопруга во иднина. Што се однесува до односот кон ова ѓаволско општество во кое доминира злото, тоа е барем лесно, луѓето треба да го послушаат Исуса или барем великанот Лав Толстој.
Христијанинот треба да е дисциплиниран во својата Вера. Тоа значи да не се навредува ниту едно човечко битие, да не се прават гревови или забушаваат десетте заповеди, а доколку некогаш човек невнмателно навредил некого - треба да се извини и покае за тоа дело.
Что делајет?
 
Последно уредено:

Современиот христијанин се води според начелата од својата вероисповест, не според помодните трендови во Светов. Таман работа ако е обратно...

Да се биде рисјанин и да се живее во реално време веќе станува предизвик, затоа што световноста „меле„ на секој можен начин и треба да се биде мудар во наоѓањето начини как да се избегнат световните влијанија, кои напаѓаат од сите можни страни и од сите центри на релана моќ во Светов.

Тоа што рисјнаството денес е сведено на палење свеќи „за здравје„ на Божик и Великден, само по себе е трагикомедија и нема ништо со учењето од Црквата.
 
Мораме да бидеме силни во Верата.
Иако животот често знае да биде суров, сепак не треба да ја напуштиме Верата, мораме да делуваме морално и праведно, да не штетиме на било кој и да издржиме пред напаста на гревовите кои се секаде околу нас.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.975
Поени од реакции
6.452
Што мислите која е најголемата закана за Христијанството денес? Дали е тоа како што некои тврдат Исламот, дали е тоа Воук кдеологија, Дали се атеистите, поделеноста на Христијансските конфесии или комбинација на сите наведени?
Тука е прашањето колку е однесувањето на свештенството причина за се попразни цркви насекаде во свет освен Латинска Америка и делови од Африка каде Христијанството добива нови верници секојдневно.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
91
Поени од реакции
149
Што мислите која е најголемата закана за Христијанството денес? Дали е тоа како што некои тврдат Исламот, дали е тоа Воук кдеологија, Дали се атеистите, поделеноста на Христијансските конфесии или комбинација на сите наведени?
Тука е прашањето колку е однесувањето на свештенството причина за се попразни цркви насекаде во свет освен Латинска Америка и делови од Африка каде Христијанството добива нови верници секојдневно.
Нефункционалните семејства во модерново општество се проблемот. И ова доаѓа од некој што е скаран со бог, несветите ги качи на кур а светите го спасија двапати од смрт и не му кажаа зошто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom