Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Имам едно прашање, дали Телемата е целосно под диктат на Аиваз напишана?
Не, не! Со него била и сестра му Ајаха Васка, па после дошле и Мери Џејн и Херојот Внатре. :brlav:
 
@Ingvar , ете @Мацо_Д() ти одговори, па ти најди сега нзс

Инаку, на што мислиш кога велиш "дали Телемата е целосно под диктат на Аиваз"?
Мислиш на "Книгата на Законот" или општо за философијата?
 
@Ingvar , ете @Мацо_Д() ти одговори, па ти најди сега нзс

Инаку, на што мислиш кога велиш "дали Телемата е целосно под диктат на Аиваз"?
Мислиш на "Книгата на Законот" или општо за философијата?
За "Книгата на Законот" мислев ама еве и за општо може да биде.
 
За "Книгата на Законот" мислев ама еве и за општо може да биде.
Да.

Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е „пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна. “
- Книга на Законот, мал вовед.
 
Не сум го гледал целото видео, но закачив нешто многу интересно: "OTO is mundane ruler of the world"?. Вистина ли е?
Јас мислев Банкарите владеат со светот...
 
Не сум го гледал целото видео, но закачив нешто многу интересно: "OTO is mundane ruler of the world"?. Вистина ли е?
Јас мислев Банкарите владеат со светот...
Тебе читајќи те по форумов, многу му ја мислеш за твои години :)
Уживај малку... :coffee:

Не знам, ќе ми веруваш мене или на било кој што ќе ти одговори ова? Дали би му верувал?
Јас мислам дека би му верувал на оној чиј што одговор би бил оној што ти сметаш дека е вистина... а тоа значи дека не ти треба одговор во однос на Ordo Templi Orientis бидејќи веќе си имаш одговор на прашањето, нели? :coffee:

П.С. Нема шанси ова "OTO is mundane ruler of the world" да е точно, сигурно банкарите владеат со светот!
 
Последно уредено:

Сепак, вие сте докажани кабалисти, а за банкарите не сум сигурен. Во САД владетелите во сенка ги нарекуваат Кабаал!
 
Сепак, вие сте докажани кабалисти, а за банкарите не сум сигурен. Во САД владетелите во сенка ги нарекуваат Кабаал!
Многу сме јаки како кабалисти, не си свесен :)
За банкарите и јас не знам, навистина... кога сакаат тогаш го туркаат златото нагоре или некоја валута!
Само банкар да си, никако Телемит!

П.С. Може некој да е и банкар и Телемит, не знам зошто да не би можело :coffee:
 
Најстара слика на Ѕверот на кој што јава Скерлетната Жена, Бабалон! :coffee:

IMG_20240519_115430.jpg

Ова подолу е една од картите од Тот Таротот(преведена на македонски јазик), за која се вели во "Книгата на лаги":

"Во Нејзиниот пехар се седум потоци крв
од Седумте Духови на Бога.
Седум се Главите на Ѕверот кој Таа го јава.
Главата на Ангел: главата на Светец;
главата на Поет: главата на Неверна жена;
главата на Човек од Доблест; главата на Сатир:
и главата на Лав-Змија.
Седум букви има Нејзиното најсвето име..."
- Бабалон, краток осврт кон Бројот

Screenshot+2024-05-03+at+22.03.56.png
Бабалон и ѕверот
 
Каков ѕвер! По менората се познава дека некој евреин го насликал ова, но текстот не е еврејски. Дали е Арамејски?

Ова за споредба веројатно е: луѓето до под колено, нефилимот до појас, а Ѕверот над дрвјата?

Веројатно овој Ѕвер е градителот на најголемите мегалитни градби во Сибир?
Постои ли сеуште?

И некој НЛО има во позадина, во стилот на ореолот на Исус?
 
Последно уредено:
Ох само да не знаев дека сето ова е сарказам :coffee:
Цел ден те очекував да напишеш нешто сосема без врска и неповрзано со темата Телема :)
Разбери дека ова не е тема за мистерии и теории на заговори...имаш за тоа цел подфорум, оди таму и веслај.
Фати научи нешто за темава и дојди да дискутираме, дури и да не се сложуваш со работите, барем ќе знам дека знаеш нешто!

Ѕверот е ова, со седум глави, за седумте цркви во Азија“... менората е подоцна, со сосема друга симболика кај евреите :)
 
Последно уредено:
Каков ѕвер! По менората се познава дека некој евреин го насликал ова, но текстот не е еврејски. Дали е Арамејски?

Ова за споредба веројатно е: луѓето до под колено, нефилимот до појас, а Ѕверот над дрвјата?

Веројатно овој Ѕвер е градителот на најголемите мегалитни градби во Сибир?
Постои ли сеуште?

И некој НЛО има во позадина, во стилот на ореолот на Исус?
Сликата не преставува ништо друго, туку човек во негово целокупно постоење.
А тоа значи од негово раѓање до неговата старост и смртта.
Тоа што на неколку места го повторувам.

Периодите во кој живее човек се.
бебе, дете, момче ... на сликата тие три периоди се поставени заштитнички помеѓу нозете.(Столб на татко и столб на мајка)
Адолесцентот-тинејџерот е лево на сликата и тој е помал од другите три периоди што следат.Тој период почнува децата да се одвојуваат од таткото и мајката.
Па иде , созреана личност , човек и старец.

Десно е приказ на дрво што преставува времето или жена.Дванасет гранки кој се поставени лево и десно од стеблото,
преставуваат како расте и се намалува денот/ноќта.

Во кругот се страните на светот,
Исток - бебе/вода
Запад-старост/земја
Југ - топли емоции/огин
Север -ладни емоции/ветер

Седумте глави се приказ за смртта која воедно е и живот.
Текстот има значење на центар/средиште.

Нема нло, само човек и големата смрт.
 
Па не баш. Ова е твое толкување, што нема врска со Телема, симболите на Ѕверот и Бабалон или Скерлетната жена која го јава Ѕверот. :)
Ова може да пројде таму кај христијаните и нивното Откровение, кое го толкува секој како стигне и кога стигне.

За секој добронамерен аџија:
За да се разбере Телема и симболите на иницијација, мора да се проучуваат системите и да се научат хиероглифите на Мајсторот - инаку секој ќе глуми просветлен, мудрец, познавач на нештата, ќе шири догма со раскажување сказни и што како означува, во Телема (без да се има запознаено со Телема како човек) :coffee:

Со еден збор, шарлатани ќе ви го изморат умот, духот и нозете уште нестапнати на патеката!
Не си го дозволувајте тој „луксуз“. Телема не е празен збор, ако добро погледнете во зборот!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom