Дарио можда не ни требаше да се правда со повредата, македонската јавност секако не е ни којзнае колку запознаена со неговата работа ниту пак се способни да ги сконтаат бројките. Финишираше, тоа ќе беше сосема доволно за просечното македонче да го знае. Он во Севиља постави балкански рекорд во маратон 2:08 за после во Ротердам `да флопне` па никој тогаш не ни знаеше дека трчал таму а камоли дека успеал да истрча поспоро време.
Ама пошто сега е актуелна Олимпијадава и цела јавност е претворена во тотален експерт за сите спортови па така ни апсолутно најдобриот атлетичар во историјата на Македонија не остана имун.
Не ги сфаќам коментарите, се правдал со повредата, измислувал и лажел. Што ве боли вас кур за колку време истрчал, кога еве и ова моменталново од 2:28 (или колку и да беа) се македонски рекорд на Олимписки игри во машки маратон.
Некои луѓе изгледа мислат дека ако поставиш рекорд, дека на секое следно трчање треба да си го буташ истиот и да го подобруваш. Ретки, премногу ретки се тие спортисти што самите си ги рушат рекордите, особено во вакви супер тешки дисциплини.
Едни Виктор Киплангат и Кенениса Бекеле не успеаа да ги истрчаат тие 2:08 на Дарио, чисто информативно, а човекот кој неофицијално има истрчано маратон под 2 часа, Кипчоге, не ни финишираше.