Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.594
Поени од реакции
22.579
Икарди и Галатасарај се жалат како е можно да не е досуден пенал кога Икарди завршил со помодрено око.
Од Фенербахче им вратија дека Икарди сам се удрил во стативата.
Претходно фановите на Галата споделуваа друга ситуација за која тврдеа дека тоа е моментот кога настанала повредата.

Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669

И одговорот на Џеко :D
Screenshot_2023-12-25-00-00-20-364-edit_com.instagram.android.jpg
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Ау Бирмингем каков потоп им се деси сезонава..

Том Брејди е еден од сопственициве од оваа сезона ако не се лажам, влегоа помпезно, со големи очекувања и се тоа..

Во првите 5 утакмици имаа 3 победи и 2 ремиња

Во следните 5 имаа 1 победа, 1 реми и 3 порази

По тоа забележаа уште една победа за да завршат на шестото место.

Шестото место носи пласман во плејоф.

Имаше пауза за репрезентации и во типичен "watford стил" решија дека не се задоволни од тоа па ја искористија паузата за да го отпуштат тренерот и да го вработат Вејн Руни.
Причината за отпуштањето беше: It is essential that the Board of Directors and the football management are fully aligned on the importance of implementing a winning mentality and a culture of ambition across the entire Football Club.

Вејн Руни забележа 2 победи, 4 нерешени средби и 9 порази.

Тимот беше на 20 место во моментот кога беше отпуштен Руни.
(22, 23 и 24 пласираните екипи отпаѓаат од лига, нема плеј-аут)

Најдоа нов менаџер, поптишаа договор од неколку години.
Новиот менаџер имаше здравствени проблеми и зема пауза.
Асистенот превзема месец дена, па потоа дојде нов в.д. менаџер до крај на сезоната додека да се реши здравјето на овој официјалниот менаџер.

Во моментов се 23, претпоследни.
Се уште се со шанса да обезбедат опстанок, само поен помалце имаат од безбедната зона..

Ама аууу каков флоп од сезона испадна ова со тие амбиции што ги имаа...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.547
Поени од реакции
66.136
Затоа Ипсвич се можеби најдобрата приказна моментално во Чемпионшип. Тренерот кој ги води сега беше еден од помошниците на Солскаер, и ги превзеде кога беа во зона на испаѓање во League 1. Таа сезона завршија на 11-то место, а наредната влегоа во Championship со автоматска промоција, каде што моментално се на второ место зад Лестер, кое води во Премиер Лигата. Се надевам дека ке успеат да изборат автоматска промоција, зашто Плеј Оф натпреварите се права коцка.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.692

Тешко, кикснаа со Вотфорд дома вчера и сега во предност се Лидс и Лестер. Лестер со најголеми шанси, има и утакмица помалку.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Затоа Ипсвич се можеби најдобрата приказна моментално во Чемпионшип. Тренерот кој ги води сега беше еден од помошниците на Солскаер, и ги превзеде кога беа во зона на испаѓање во League 1. Таа сезона завршија на 11-то место, а наредната влегоа во Championship со автоматска промоција, каде што моментално се на второ место зад Лестер, кое води во Премиер Лигата. Се надевам дека ке успеат да изборат автоматска промоција, зашто Плеј Оф натпреварите се права коцка.
Ед Ширан екипа :D Кога влегоа во Чемпионшип ми беше така "ajde imaat pari ovie mozda" ама годинава...аууу секоја чест.
Ако не се лажам целта стварно им беше да преживеат оваа сезона, ама ова што го прават е :cuc:

Тешко, кикснаа со Вотфорд дома вчера и сега во предност се Лидс и Лестер. Лестер со најголеми шанси, има и утакмица помалку.
Не се во предност Лидс, ист број на утакмици имаат, а Ипсвич има поен повееќ.

Точно да победеа ќе беа чекор поблиску, ама се уште се во пол позиција за второто место.

Лестер требаше до сега шампиони да се ама сјебаа.

Распоредов им е зезнат и на Лидс и на Ипсвич,ма да нема лесен противник таму.

Од позадина вреди да се пази и на Саутемптон кои имаат шанса да ги стигнат и Лидс и Ипсвич, дури мислам и ако победат се до крај постои многу добра шанса да завршат баш они на второ место (ама ова е огроооомно "what if" сценарио, не е лесно да се влезе во ваква победничка серија на крај на сезона)
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
И еве, отпаднаа Бирмингем. Катастрофа.
Од екипи што лошо се водени...еве, Дерби се вратија :D Jojo
Ќе биде јако сега кога ќе се појават фанови на Ипсвич во Македонија од следна сезона.
"Koj? Ja? ehee od pred 16 godini sum im fan"...и нема да лажат! :D

1714866553130.png

Болтон се надевам ќе се вратат во Чемпионшип од плејофов.

А на таа тема...очекувам стварно да бидат must watch утакмициве во плејоф. Сите 4 екипи мислам имаат добра шанса да влезат, ништо нема да ме изненади.
Лидс-Сотон можда е најблокбастер финале на хартија, ама........
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.448
Поени од реакции
58.819
Норич доста прават промаја со влези излези.
ВБА никогаш интересни не биле.

Лидс и Сотон имаат подобра основа за да направат тим што може да опстои во ПЛ.

Напред Сотон!

*на Ипсвич црно им се пишува следна сезона. Сериозно треба да поработат летово на засилувања, ако не сакаат да пољубат дно.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Мичи ја реши во првата утакмица :cuc:

Ќе биде јака турскава лига за гледање нек си ибе матер.
Мичи - новот Ибра, со ова има играно (и дадено погодок) за Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај :D
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.797
Поени од реакции
17.334
Oсвен за шампионска титула која ке се води помеѓу Фенербахче и Галатасарај, можеби и за во Европа ке биде интересно, бидејќи Трабзон и Бешикташ се засилија, но не толку да им запретат на првите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom