- Член од
- 7 август 2024
- Мислења
- 1
- Поени од реакции
- 3
Предвреме сакам да се извинам доколку ја отварам оваа тема во погрешна група.
Одвреме - навреме го следам r/mkd и често се јавуваат прашања од членови кои што се соочуваат со некои проблеми и бараат решение.
Најнормално, има луѓе што веднаш одговараат на тие прашања и нудат решенија, без да осудуваат.
Но, почнав да приметувам членови кои растат во сѐ поголем и поголем број - кои не само што не помагаат на тие прашања, туку и го исмејуваат и понижуваат тој што го поставил прашањето, и се прават супериорни над него.
Неоддамна и јас се соочив со еден мој проблем, односно добив два последователни повици од непознати броеви. Тие проеви укажуваа дека доаѓаат од Скопје, со тоа што бројот почнуваше со "02". Објавив пост на r/mkd и барав помош, односно некој да ми разјасне како би можел јас да дознаам од каде потекнуваат тие броеви.
Бев несигурен дали да се јавам на броевите, поради тоа што се плашев да не е некој "scam caller" или пак "phishing call" па да може да ми откраде приватни информации, или пак по повикот да добијам нотификација дека сметката ми е абнормално висока. (Не сум многу едуциран во оваа област, не знам како е тоа можно и дали е воопшто возможно, но кога на човек нешто не му е познато, најдобро е да не експериментира - затоа ги блокирав броевите и ставив "report as spam" и тоа го потенцирав на истиот пост.
Познато ми е дека телефонските броеви можат и да се маскираат за да изгледат како да доаѓаат од локално место, а уствари повикот може да потекнува од африка.
Откако посочив зошто сум загрижен, се појавија неколку негативни коментари - ми рекоа дека сум се дрогирал, дека досега не се виделе толку глупи муабети, дека следен пат кога ќе сум добил таков повик, да сум проверил дали кучето на комшијата лаело итн..
За крај се појавија двајца членови кои преку порака ми рекоа дека тие броеви потекнувале од индонезија (не знам колку е тоа точно, но со оглед на тоа дека добив ист одговор од двајца, најверојатно е).
Но, во главно скоро сите мои реплики во кои што јас покушував да се дообјаснам беа со негативни поени/карма (за тие што не знаат, негативен поен/карма е кога некој не се согласува/не му се допаѓа твојот коментар), а сите нивни навреди и ниски реплики беа со доста позитивни поени.
Сега, не дека тоа е некоја голема работа што сум бил "навреден" на македонскиот сабредит, би се согласиле дека тоа нешто не е толку знајачно - животот продолжува, туку осетив некоја таква омраза, едно такво ниско однесување. Ме изреволтира фактот дека иако некој буквално признава дека не е запознаен со нешто и сака да разјаснување, некој наместо да му укаже и да сподели дел од своето знаење, тој попрво би го понижил и навредил и би глумел супериорен.
Сакам исто така да потенцирам дека тоа најмногу почнав да го приметувам на нашиот сабредит, самите ние македонци меѓусебно наместо да си помагаме, ние сѐ повеќе и повеќе се мразиме поради некоја причина што јас не ја разбирам.
Тие работи не ги гледам на другите сабредити, како што се Србија и Бугарија.
А пак можеби и јас сум тој што е крив, воопшто не знам. Би сакал да споделите ваше мислење, затоа дојдов на овој форум.