- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.533
- Поени од реакции
- 66.072
Ke мора да најдеш прво фирма која ке сака да ти спреми документи за извоз. Ако купуваш поскапа кола, ке ти средат тие се, зашто на постари коли, да речеме 5+ години, тешко иде враќање на данок. Мора фирмата да ти потврди дека колата е VAT Reclaimable. Инаку, ако сакаш да идеш да ја видиш колата, па после да ја платиш, ке мора да почекаш неколку дена дур ти спремат документи за извоз, а тоа чини пари, хотел, храна етц. Во последно време, зачестуваат Германски фирми кои директно ти кажуваат дека не сакаат да продаваат коли на земји кои не се во ЕУ.Има ли некој во скоро време што увезол кола од германија, физичко лице купена тамо од фирма. Како е постапката, во Гер. ја плакате полната сума и после ви го вракаат ддв ? Како е постапката за поврат за ддв ? Од останатите чекори се предпоставувавм документи за извоз и привремени цол таблици за да може да ја возам до МК. После царинењето тука е јасно.
Фала
Со цол таблици, ке си ја донесеш колата до тука. На Хоргош ке побараш да ти удрат печат на документот кој потоа скениран ке го пратиш назад на фирмата во Германија, и тие ке ти ги пуштат парите тука во Македонија на сметка. Чувај го тој документ, затоа што тоа ти е всушност потеклото на парите, за да може да ти ги прокнижат.
Пријавуваш на Табановце дека колата е за увоз, и шпедиција на Табановце ке ти направи документи за да можеш да ја цариниш во градот кој ти е пишан во личната карта.