Увоз на половни возила

Член од
14 април 2012
Мислења
32.554
Поени од реакции
66.169
Има ли некој во скоро време што увезол кола од германија, физичко лице купена тамо од фирма. Како е постапката, во Гер. ја плакате полната сума и после ви го вракаат ддв ? Како е постапката за поврат за ддв ? Од останатите чекори се предпоставувавм документи за извоз и привремени цол таблици за да може да ја возам до МК. После царинењето тука е јасно.
Фала
Ke мора да најдеш прво фирма која ке сака да ти спреми документи за извоз. Ако купуваш поскапа кола, ке ти средат тие се, зашто на постари коли, да речеме 5+ години, тешко иде враќање на данок. Мора фирмата да ти потврди дека колата е VAT Reclaimable. Инаку, ако сакаш да идеш да ја видиш колата, па после да ја платиш, ке мора да почекаш неколку дена дур ти спремат документи за извоз, а тоа чини пари, хотел, храна етц. Во последно време, зачестуваат Германски фирми кои директно ти кажуваат дека не сакаат да продаваат коли на земји кои не се во ЕУ.

Со цол таблици, ке си ја донесеш колата до тука. На Хоргош ке побараш да ти удрат печат на документот кој потоа скениран ке го пратиш назад на фирмата во Германија, и тие ке ти ги пуштат парите тука во Македонија на сметка. Чувај го тој документ, затоа што тоа ти е всушност потеклото на парите, за да може да ти ги прокнижат.

Пријавуваш на Табановце дека колата е за увоз, и шпедиција на Табановце ке ти направи документи за да можеш да ја цариниш во градот кој ти е пишан во личната карта.
 
Член од
3 март 2021
Мислења
151
Поени од реакции
196
Da ne znae nekoj od prilika kolku bi bile davackite za Mercedes C200 kompressor so 184ks od 2008 godina automatik.
Drugar od Germanija mi ja prodava, bi mi ja donel tuka.
 
Член од
12 ноември 2020
Мислења
17
Поени од реакции
2
Дали некој има увезувано кола од Србија и знае како одат процедурите ?
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.217
Kako informacija ako mu sluzi na nekoj, uvezov 2011 Audi A5 2.0 170hp quattro od Bugarija, na kupoprodazniot dogovor ja pisavme 5000 evra (9300 bese) i izvadov zelen karton, carinata dojde 1800 evra.

Da ne bea tolku nenormalni davackite ke uvezev so poveke oprema i ponova, ama nema shansi da mu platam 5000 evra carina na gnidive na vlastva. Mnogu, mnogu zhalna drzava.

Drugar od Germanija ima Audi A5 2021 190hp so premnogu oprema bese kolata, ovde mu baraa edna smesna suma od okolu 16000-18000 evra za da ja carini, totalno nenormalna rabota, gospo gleda!
 
Член од
14 јули 2024
Мислења
105
Поени од реакции
177
Од Грчка некој увезувал половна кола или пак не вреди? Ме интересира како е компарација со од Бугарија и од Словенија,Германија итн
Грција дали и како отворена можност или не вреди.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
48
Поени од реакции
11
Член од
28 април 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
https://www.autoscout24.com/offers/-b2449672-90ef-4fc6-a8dc-7c4b34cc35a3?utm_medium=email&utm_source=GB-RTM&utm_campaign=ContactConfirmationResponsive_en-GB_Live&utm_term=confbuttonad2
Здраво,дали може да ми кажете доколку го увезам ова возило колку би била цената за царина до регистрација ? Фала
не можам да поверувам дека колава е 3.000евра!!! Кај нас Кашкаи се од +7.000евра нагоре.Препоставувам дека ќе ти биде 2500е нагоре царината.Ти правам површински муабет
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.045
Поени од реакции
11.314
не можам да поверувам дека колава е 3.000евра!!! Кај нас Кашкаи се од +7.000евра нагоре.Препоставувам дека ќе ти биде 2500е нагоре царината.Ти правам површински муабет
Сè уште се скапи возилата странство, инаку Кашкаи од 2008 со 250к км свртено + дизел ти отвора врата за еден куп проблеми во иднина т.е. која и да ја земиш ќе фрлиш уште 2к по неа пошто коли одамна не одржаваат, особено откако им рипнаа цените.

Се сеќавам во 2021 гледав 8 до 10 години стар Шевролет Eпика ли беше, Круз ли беше за само 4500 и тоа на плац, да му одиш со ќеш ќе му го земиш за 4 чисти.
Колата фул кожа, опрема до јаја, ако му најдиш уште некоја маана ќе гледа да ти ја лупни и испод цена само да ја даде. Пред тоа во 2019 год., кои беа цените не сакам ни да се сетам пошто ми се плачи.

Разни патики (коли за низ град шо трошат ко кандило) имаше да пребираш во ранг од 500 до 1000 еур или за 1500 ем ќе земаш стварно понова година и клими мими сичкото да има, а тек ако тргнеше по седани за некаде 2500 ќе напалкаше салам класа возило.
Еден ебан гоЉф можеше да се најди за илјадарче и тоа немаше нешо посебно чукан да е или да му е преебана мајката да не можи да го возиш.

Сега си еба пиперот сичкото, има некои намалувања ама далеку од тоа колку реално вредат возилата.
 
Моја лична желба е да се намалат давачките и царината.Македонија заслужува да има подобар временски стандарт на возила со кои се возиме ние.Зошто да возиме коли просек со +15 години.Што сме ние? Грција да ја имитираме?
Ако не нека остане царината но нека биде барем пола од што се дава моментално.Многу глупо ми е да даваш 5000евра за кола 2008 која надвор е а не знам 2500е.Не сме ЕУ,но и зелен картон е уште со глупа цена и мотор уште е дозволено максимално со Б категорија највеќе 50цц.Секаде е моментално 125цц.
Проблемот е кај народот оти не се наметнува ова како главен проблем кај политиката а е дел од секојдневен живот.
Денеска секој отвора авто плацеви а коли им стојат со месеци непродадено како што кажа за на крај да ти ја даде за некоја цена.Хроничен проблем во глобала и се зборува со години а никој не влече прв потег ни партиите а ни граѓаните.Посмешно е.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.554
Поени од реакции
66.169
Kaко очекуваш држава да ти намали царина, кога двата најголеми придонесувачи кон буџетот се царините и акцизите?
 
Член од
28 април 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
Kaко очекуваш држава да ти намали царина, кога двата најголеми придонесувачи кон буџетот се царините и акцизите?
истото беше и со прилив од обложувалниците и игри на среќа каде имаме прилив од рекордни 800 милиони евра за 2023 година и беше на чекор на потпишување и проглас од Пендаровски но па сепак се дава пример дека има можност и за акцизите за гориво и царина да се направи маневар и намалување.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.786
Поени од реакции
1.698
Во Србија е сменет законот за увоз на половњаке надвор од ЕУ, пред се САД и Кина, со услов да поминат технички, се надевам дека и нашата влада работи на слично решение.
 
Член од
11 август 2024
Мислења
2
Поени од реакции
2
Некој искуство со купување на возило од DL Auto Lux од Крива Паланка?
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
Некој искуство со купување на возило од DL Auto Lux од Крива Паланка?
Uvoz kjustendil,vrateni km ali gi sreduvaat solidno pred prodazba,pravat servisi,hemisko,gumi.. E sea kako ke se pogodi. Imav skoda zemeno od kriva palanka ok bese kolata 4 godini ja vozev.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom