Интересен лик е Талески кога е во вакво опуштено издание, кажа доста работи што привлекуваат внимание на луѓето кои се повеќе фанатично навлезени во нашиот ракомет, на пример приказната за тренирањето на Нелоски која досега не беше никаде спомната, дека уште од младински категории не бил баш дисциплиниран, не сакал да се истега и да се рола после тренинзи, не го сфаќал ракометот озбилно, му било укажано дека може да има проблеми со повреди и ништо конкретно не променил, на крај знаеме сите како заврши.
За Александар Јовиќ имаше доста пофалби, кажуваше како ја составил таа 96/97 генерација која денес е костурот на репрезентацијата, ги селектирал уште од деца, работел после тренензи со нив, ги собирал од дома и ги враќал после тренинг.
За дневниците во репрезентација, ние сме биле меѓу најслабите во Европа, во Данска на пример тие што биле дел од репрезентацијата на првенството во Јануари, после цела година имаат месечно по 7000€ кои ги исплаќа федерацијата.
Инаку би се согласил дека двајцава што го водат подкастот мора да бидат повеќе информирани кога веќе покануваат гости од сите спортови, вака само го убиваат муабетот, не може за ракомет да правиш сериозен муабет, а да немаш слушнато за Кил...
Талески вика сон му било за Кил да заигра, едниов водител мисли дека е тоа Келн, другиот прашува дали Кил и Келце биле иста екипа.
Овој што се чуди после се што ќе слушне, вааууу, што збориииш, не заебааавај, прв пат слушааам...Не знае дека Борко е министер за спорт и прв пат слуша дека Вардар имал финансиски проблеми и неисплатени плати на играчи.