Ама кој вика дека не постои некаде напишано дека ете во Пирот и околина живееле бугари, ама сите биле бугари или и дека имало покрај другите бугари. Имаш документи каде во одреден период од англиски, француски патеписци пишуваат дека во делот на денешна Бугарија луѓето се изјаснувале за срби и грци за после неколку децении таму грото се бугари. По твоја логика бугарите потекнуваат од срби и грци или ( ова аналогија од тоа дека на пописите во македонија населението е заведено како бугари а после 45 како македонци). Имаш сознание како во тоа време се правени тие пописи? Желбатаи мислењето на водачите мислиш секогаш се совпаѓа со мислењето на населението? Па имаш и денес таков случај во македонија каде државниот врв го смени името и поимот македонец ама тоа од 80% од народот не е прифатено. Убаво поставуваш прашања ама одговорите ти се нагаѓања. Еве аналогно ќе те прашам бугарите кога бегале во Русија претежно оние учените тоа го правеле оти се чувствувале руси или оти таму мислеле дека ќе им биде најдобро во моментот. Имаш ли воопшто одговор зошто народот после 45 масовно прифатил да биде со македонски идентитет, правиме муабет за оние кои не биле поврзани со бугарската власт, обичниот граѓанин. Зарем навистина веруваш дека Тито насила ги направил сите македонци? Знаеш колку во 60 тите избегаа во Австралија и пак таму останаа македонци, зарем нели по твоја логика ако тие биле насилно македонизирани после 15-20 години ќе останеле насилно македонизирани и во Австралија? Зошто тие се селеа во Австралија а не во Бугарија како што правеле пола век претходно тие од егејска? Секогаш во моментот се бира она што го мислиш најдобро за да опстанеш а не затоа што се чувствуваш дека си ист со тој каде заминуваш.кога ќе сакаш повеќе да прочиташ ќе ти испратам некои податоци. Самата Србиjа до 1860тите во нивните податоци користи за Нишко и Пиротско дека живеат бугари. Не мора jас да си измислувам. Од надворешните фактори за да се створи мапа на Бугарската Егзархиjа се користат исто меѓународно признаени податоци за составот на населението во денешна Jугоисточна Србиjа. Тука е скриен заjакот. Секоj сака повеќе да освои ама вистината не е во прилог на Србиjа.
Па вие ни денес немате унифицирано што значи да се кажеш дека си бугарин а не пак во почетокот на 20 век, едни верувате дека сте директни потомци на Аспарух и дека јазикот кој денес го зборувате е тој на Аспарух, други верувате дека сте некаква межавина од тие бугари и словени, трети дека сте основата на светот и сите порано биле бугари иако зборот бугарин пред 5 век тешко дека ќе го сретнеш.
Имаш литература каде гоце, Даме и останатите се поистоветуваат со Аспарух, и неговите наследници па и дека се поистоветуваат со оние од второто бугарско царство кои историјата вели дека се од влашко или куманско потекло?
Имаш читано во 15-16 век која област европјаните ја нарекувале Бугарија, од каде до каде била таа териотрија? Да ти кажам дека денешна Бугарија не влегува во територијата на таа Бугарија?
Ама нели важно е да се спомене само она што ви одговара. И сето тоа да биде главвна причина во 21 век да спречуваш цело едно население на одредена територија да го условуваш за влез во економска заедница на повеќе држави.