Море ти, кога ќе излезеш од таа нива бе ???
Абе нормални сте вие, кај живеете, пратите фудбал ? Иако глупо ми е да ти објаснувам тебе како и на твоето другарче Форца 22, пак ќе објаснам накратко.
Кога знаете да изедете бајги работи зошто истите не ги поткрепите со факти? Интер оваа сезона имаше 2 или 3 натпревари со контраверзни одлуки, еден беше голот против Милан, а еден голот од офсајд на Маикон против Сиена, факт.
Што не спомнуваш за голот на Милан против Интер од акција започната со офсајд, за пеналот против Киево кога Кака беше надвор од шеснаесетник соборен, за голот на Бекам против Лацио од офсајд, за пеналот врз Замброта... а?
Како и да се вртиш, ако ти е мака одземи 6 бода од контроверзните натпревари на Интер, и пак Милан е позади !!!
Многу мразам кога плачете, Кака вашиот бог не играл. Еве ти последна утакмица, играше цел состав на Милан, игравте во чест на Малдини, сакавте со победа да го испратите и ете ја Рома, ве попари на сред Милано и после Морати и Интер ви се криви за се, абе оди таму.
П.С. Гледам малку по малку на одредени членови им поминала маката па се навратиле да постираат во темава, патетики. Welcome Back.