Зборвите за изолирани случаи, а ги генерализирате работите. Не те избркале тебе од Охрид сите оние што "водат туризам", си ги посетил сите места и на сите услугата била иста за така да ги генерализираш работите? И зш мислиш дека никој не ја прифатил твојата критика? Си се вратил на истото место после тоа и пак било исто? Убеден сум дека ако критиката ти била оправдана 99% од угостителите ќе ја прифателе.
И критиката на Охриѓани е критика и на Охрид, не постои град без луѓе, мештаните со нивните навики и традиции го прават градот. Бабата седната на клупа пред трошната куќарка во Варош шо ги хранит мачките е Охрид, децата шо скокет од Кукуле во Канео и се атракција се Охрид, трубадурите со староградските песни, луѓето шо уште од 5 сабајле го собирет ѓубрето расфрлано насекаде од несовесни туристи, дури и ендемскиот примерок за кој зборвиш (а јас не го оправдувам) со својот охридски дијалект е Охрид и дел од шармот на Охрид.
А кога ќе почнат муабетите "у Охрид водата е ладна", "у Грчка на Лептокарија апартманот е поефтин, а море си е море" играњето мајтап " у енѕеро, имет-немет, кревет дан требит", "сте биле ли вие подалеку од Охрид, ние сме шетале сегде" па паркирање по тротоари, пред гаражи и влезови, сликање и постирање на фискални сметки, непочитување на куќниот ред во апартманите и уништување на истите (што редовно секоја сезона се случува посебно од домашни гости), агресивно и недолично однесување во стилот "ја сум на одмор па шо сакам ќе правам".... Епа нормално и очекувано е да ви речет "ак не ти чинит не идај", зш стварно такви гости на Охрид не му се потребни.
А сега, на големо задоволство на многу членови на форумот, се одјавувам од темата, ме измачи полемика со неразбрани ликови (секоја чест на оние кои смирено и разумно дебатираа како ти,
@kano,
@Dani и др.)