Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.081
- Поени од реакции
- 12.054
На едно место е запишано:Нека остане мало чудо заедно со илјадници такви што се сметаат посебни и несфатени од околината , а уствари ги има во милионски бројки. Ништо посебно.
Тешко е да се прифати дека само еден ги држи конците , човекот ужива во желбата да контролира целосно и да биде горделив до крајни граници.
„Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.“
Туку околу волјата и религиите: не постои слобода во учењата на старите догматски религии!
Или ја прифаќаш догмата каква што е, како ти ја толкуваат свештеници, свети отци, старци или си неверник и отпадник.
Не смееш да се сомневаш, да истражуваш, се што е друго од дадената догма е сатанизам, нема потреба да се изучува, да се знае, да се разбере....
Не може да дејствуваш по своја волја а од друга страна да ти виси меч кој што ќе те казнува „отаде гробот“ и ќе страдаш во вечноста.
Никој не страдал во вечноста, тоа се лаги со опашки
„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“
- Liber AL, I:44
Ова од исток до запад се предава со еони и повторно некои се обидуваат да ги убеда другите дека мора јарем на вратот да се има, ланците со кои се оковани и нивното тропање да се ѕвона од рајот итн итн...
Мора да дејствувате. Да се разберете себе си, да се истражите себе си и да знаете зошто сте тука на Земјата! Волјата на човекот не значи бркање ситни пари по патот на животот - волјата е она за кое се умира на Земјата... но вие не саката да умрете за ништо на Земјата. Такво време дојде, конфузно, се мешаат и новото и старото, така било и претходно во меѓувремињата кога се менувале нештата...
И правете го тоа што ви е волја... што и да правите, плодовите од вашите акции нема да бидат наградени или казнени од боговите откако ќе умрете или откако ќе дојдат месии и слични глупости - веднаш добивате тоа што ве следува! По завршување на секое дејствување имате реакција имате награда или казна... не постои сила која нема да даде плод од вашето дејствување, тука и сега!
Бидејќи сум Телемит и се држам до учењата на Телема и праксите кои ги нуди, еве извадок од еден мој есеј во врска со волјата (за оние кои не знаат Телема значи Волја)
„Волјата за која се зборува во Телемата е вашата суштина!
Оваа волја е ЕДНА!
Не е мудро да ја мешате со вашите секојдневни желби кон кои итате. Желбите (ако се во согласност со таа ваша волја) се само станици кон максималното искористување на патот по кој што ве турка таа Волја!
Оваа волја е сржта на вашиот живот, кој што е еден и единствен и кој што се протега надвор од овој земски живот! Оваа волја не е ограничена со вашиот престој на Земјата (видете ја Liber CVI). Не е ограничена во однос на вашите комплекси и не трпи модификации. Чистата волја за која се зборува во Телемата – сте вие самите! Вашата вистинска природа.
Оваа волја го буди Хадит секое утро да се втурне во бесконечните прегратки на Нуит кон нови искуства кои ќе го задоволат Хадит до максимум. Некои би рекле дека нив ги буди будилникот на масата секое утро!
ДА! Вашата чиста ВОЛЈА е вашиот БУДИЛНИК во животот која ве буди да бидете тоа што сте, а не она што лажно го прикажувате пред другите и себе си, верувајќи дека е вистинската ваша природа!
Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!“
- За Волјата во философијата на Θελημα