Слободната воља и религиите!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.824
Поени од реакции
11.848
Нека остане мало чудо заедно со илјадници такви што се сметаат посебни и несфатени од околината , а уствари ги има во милионски бројки. Ништо посебно.
Тешко е да се прифати дека само еден ги држи конците , човекот ужива во желбата да контролира целосно и да биде горделив до крајни граници.
На едно место е запишано:
„Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.“

Туку околу волјата и религиите: не постои слобода во учењата на старите догматски религии!
Или ја прифаќаш догмата каква што е, како ти ја толкуваат свештеници, свети отци, старци или си неверник и отпадник.
Не смееш да се сомневаш, да истражуваш, се што е друго од дадената догма е сатанизам, нема потреба да се изучува, да се знае, да се разбере....
Не може да дејствуваш по своја волја а од друга страна да ти виси меч кој што ќе те казнува „отаде гробот“ и ќе страдаш во вечноста.

Никој не страдал во вечноста, тоа се лаги со опашки :)

„За чистата волја, неослабена од причина,
ослободена од страста за резултатот,
секој пат е совршен.“

- Liber AL, I:44

Ова од исток до запад се предава со еони и повторно некои се обидуваат да ги убеда другите дека мора јарем на вратот да се има, ланците со кои се оковани и нивното тропање да се ѕвона од рајот итн итн...

Мора да дејствувате. Да се разберете себе си, да се истражите себе си и да знаете зошто сте тука на Земјата! Волјата на човекот не значи бркање ситни пари по патот на животот - волјата е она за кое се умира на Земјата... но вие не саката да умрете за ништо на Земјата. Такво време дојде, конфузно, се мешаат и новото и старото, така било и претходно во меѓувремињата кога се менувале нештата...

И правете го тоа што ви е волја... што и да правите, плодовите од вашите акции нема да бидат наградени или казнени од боговите откако ќе умрете или откако ќе дојдат месии и слични глупости - веднаш добивате тоа што ве следува! По завршување на секое дејствување имате реакција имате награда или казна... не постои сила која нема да даде плод од вашето дејствување, тука и сега!

Бидејќи сум Телемит и се држам до учењата на Телема и праксите кои ги нуди, еве извадок од еден мој есеј во врска со волјата (за оние кои не знаат Телема значи Волја) :)

„Волјата за која се зборува во Телемата е вашата суштина!

Оваа волја е ЕДНА!

Не е мудро да ја мешате со вашите секојдневни желби кон кои итате. Желбите (ако се во согласност со таа ваша волја) се само станици кон максималното искористување на патот по кој што ве турка таа Волја!

Оваа волја е сржта на вашиот живот, кој што е еден и единствен и кој што се протега надвор од овој земски живот! Оваа волја не е ограничена со вашиот престој на Земјата (видете ја Liber CVI). Не е ограничена во однос на вашите комплекси и не трпи модификации. Чистата волја за која се зборува во Телемата – сте вие самите! Вашата вистинска природа.

Оваа волја го буди Хадит секое утро да се втурне во бесконечните прегратки на Нуит кон нови искуства кои ќе го задоволат Хадит до максимум. Некои би рекле дека нив ги буди будилникот на масата секое утро!

ДА! Вашата чиста ВОЛЈА е вашиот БУДИЛНИК во животот која ве буди да бидете тоа што сте, а не она што лажно го прикажувате пред другите и себе си, верувајќи дека е вистинската ваша природа!

Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!“
- За Волјата во философијата на Θελημα
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.011
Поени од реакции
7.391
Од тоа следува дека НЕ Е СЕЗНАЕН, и следствено на тоа НЕ Е СЕМОЌЕН, затоа што СЕМОЌНИОТ ЕНТИТЕТ МОРА ДА Е СЕЗНАЕН.
Царе те разбрав и првиот пат, ама и тогаш и сега пак ќе ти кажам.

Од каде тоа дека семоќниот ако не знаел не можел да биде семоќен? Правилото вели не ми е гајле што ќе направиш, но што и да направиш, никакво влијание нема да имаш врз последиците.
Зашто не ти е доволен фактот што одлуката за последиците се целосно во рацете на бог? Значи тој факт нели е доказ за неговата семоќност.

Пророкот или Хепта може сакаат да меѓусебе да се поништат, ама последиците од тоа само бог ќе одреди кои ќе се, а не самите они.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
65
Поени од реакции
111
Од каде тоа дека семоќниот ако не знаел не можел да биде семоќен?
Пријател, ти се заебаваш со мене? Разбираш елементарна формална логика, логички следства?

Како може да биде семоќен ако нешто не знае? Сезнаењето е подмножество на семоќта, не обратно.

Можеме без да ги прекршиме правилата на логиката да замислиме ентитет кој знае се, но не може да крене камен од 100 кила.

Не можеме без да ги прекршиме правилата на логиката да замислиме ентитет кој не знае нешто, а е семоќен.

Аман значи, напорно ми е ова.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.011
Поени од реакции
7.391
Разбираш елементарна формална логика, логички следства?

Како може да биде семоќен ако нешто не знае? Сезнаењето е подмножество на семоќта, не обратно.
Тогаш според тебе како го толкуваш фактот дека луѓето не можат да влијаат на последиците од своите активности?

Не можеме без да ги прекршиме правилата на логиката да замислиме ентитет кој не знае нешто, а е семоќен.

Аман значи, напорно ми е ова.
Не можеме да ги прекршуваме правилата на универзумот и да се надеваме со елоквентност ќе ги смениме последиците од прекршувањето на тие правила.

Зашто не ти е прифатливо дека бог за луѓето одлучил да имаат право на слободна волја, ама сепак за себе го задржал правото какви ќе се последиците. Во реалност нели е вака?
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
65
Поени од реакции
111
Тогаш според тебе како го толкуваш фактот дека луѓето не можат да влијаат на последиците од своите активности?

Не можеме да ги прекршуваме правилата на универзумот и да се надеваме со елоквентност ќе ги смениме последиците од прекршувањето на тие правила.

Зашто не ти е прифатливо дека бог за луѓето одлучил да имаат право на слободна волја, ама сепак за себе го задржал правото какви ќе се последиците. Во реалност нели е вака?
ОК. Очигледно дека со инка не се турва.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
65
Поени од реакции
111
Е за ова сме согласни. Е сега на кого треба да му сипат јбг....
Класика за религиозен ум. Првио се расфрла со изрази како премилост, Љубов, Светлост, Универзален центар, потоа следат два силогизми и мозокот клучка му се врзува.

Нема борба едноставно, не му е секому дадено да размислува.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.011
Поени од реакции
7.391
Класика за религиозен ум. Првио се расфрла со изрази како премилост, Љубов, Светлост, Универзален центар, потоа следат два силогизми и мозокот клучка му се врзува.

Нема борба едноставно, не му е секому дадено да размислува.
Јас па истото за тебе го мислам. Ти не си способен да размислуваш. Само за твоето гледиште се држиш ко слепец за стап. Ама штом си по читањето, има надеж за тебе. Сигурен сум дека досега неколкупати си сменил став, па и за ова ќе биде, ама треба време.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
65
Поени од реакции
111
Јас па истото за тебе го мислам. Ти не си способен да размислуваш. Само за твоето гледиште се држиш ко слепец за стап. Ама штом си по читањето, има надеж за тебе. Сигурен сум дека досега неколкупати си сменил став, па и за ова ќе биде, ама треба време.
Пријател, магаре со пречки во развојот разбра што кажувам, ти никако.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.011
Поени од реакции
7.391
Пријател, магаре со пречки во развојот разбра што кажувам, ти никако.
Машала. Со магариња си збориш а....
Се додека ти збориш ок си, ама кога ќе почнат да ти одговараат, барај спас, Некои со змии, некои со кучиња, некои со мачки, ја па претпочитам со луѓе.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.134
Поени од реакции
4.304
Де, кажи ти со што вршиш избор за дадени одлуки.
Кој поставува прашање, очекува да добие соодветен одговор...
Автоматски споено мислење:

Ко на прваче ти е објаснето дека ограничување и слобода се спротивност. Јас и 9 живота да живеам нема да дочекам да сфатиш што пишувам, така да џабе и се трудам.
А бе немаш ти ништо објаснето, затоа и го нема објаснувањето во твоите дописи...

Ај да ти помогнам, како на доенче, за да разбереш...

Само Бог Е нестворен и апсолутно слободен и неограничен во секој Негов атрибут. Таа неограниченост не значи дека Он ќе чини што ќе Му текне, туку дека се‘ што чини е во духот од доброчинството. И Бог има и разум и слободна волја и куп други атрибути.

Човекот е створен од Бога Творецот и Бог на човекот му впишува 3 Свои особини: (раз)ум, слободна волја и склност кон чинење добри дела. Човекот е ограничен во било кој негов „параметар„, вклучувајќи ја и слободната волја. Кога чоекот ќе почне да ја (зло)употребува слободноволноста, токму тогаш се појавува злото во овој Свет.

Оганичување и слобода не се спротивност, ама според тебе се, затоа што ги разбираш на погрешен начин, а не на начинот и улогата со кои сам Бог му ги вградува тие особини на човекот.
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2012
Мислења
218
Поени од реакции
133

Ти реков и претходно, ни сам не можеш да си помогнеш, не па на други да помогнеш.
Црковно македонски кои вие си го измисливте (црномантијашите и сите вие заедно, кои нели чините црква) не зборувам. Во цел свет и на кој било друг освен овој првоспоменатиот јазик ограничување и слобода се во спротивност. Излези малку од тој црквниот јазик и читај што пишувам, не проповедај. Тоа така во вашето здружение ќе си зборувате на вашиот јазик.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.382
Поени од реакции
9.934
Кој поставува прашање, очекува да добие соодветен одговор...
Автоматски споено мислење:

А бе немаш ти ништо објаснето, затоа и го нема објаснувањето во твоите дописи...

Ај да ти помогнам, како на доенче, за да разбереш...

Само Бог Е нестворен и апсолутно слободен и неограничен во секој Негов атрибут. Таа неограниченост не значи дека Он ќе чини што ќе Му текне, туку дека се‘ што чини е во духот од доброчинството. И Бог има и разум и слободна волја и куп други атрибути.

Човекот е створен од Бога Творецот и Бог на човекот му впишува 3 Свои особини: (раз)ум, слободна волја и склност кон чинење добри дела. Човекот е ограничен во било кој негов „параметар„, вклучувајќи ја и слободната волја. Кога чоекот ќе почне да ја (зло)употребува слободноволноста, токму тогаш се појавува злото во овој Свет.

Оганичување и слобода не се спротивност, ама според тебе се, затоа што ги разбираш на погрешен начин, а не на начинот и улогата со кои сам Бог му ги вградува тие особини на човекот.
...иииии...кај ти е одговорот?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.011
Поени од реакции
7.391
Слободна воља не постои...постои само тоа што ни е дадено, пренесено од колено на колено, од прапрапрадедовците.
Ти изгледа така најде партнер, со посредници.... Ти сега си оваа личност не поради своите претходни лични одлуки, туку таква те сакал бог да бидеш?
Како тогаш жените вршат абортус ако нема слободна волја...
Како тогаш постојат луѓе кои не се однесуваат како мравки, пример имаш христијани во доминантно муслимански држави, имаш муслимани во доминантно христијански држави, имаш комунисти, атеисти, будисти, вмровци, сдсмовци, левичари, незаинтересирани?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.734
Поени од реакции
3.897
Ти изгледа така најде партнер, со посредници.... Ти сега си оваа личност не поради своите претходни лични одлуки, туку таква те сакал бог да бидеш?
Како тогаш жените вршат абортус ако нема слободна волја...
Како тогаш постојат луѓе кои не се однесуваат како мравки, пример имаш христијани во доминантно муслимански држави, имаш муслимани во доминантно христијански држави, имаш комунисти, атеисти, будисти, вмровци, сдсмовци, левичари, незаинтересирани?
Ја кога ова го пишав или слично на ова,бев наречен дека сум делувал на млад и ваљда ко тебе шо те исповреѓаа ме сметаат со ограничен ум. А буквално нема нешто на светот шо на човек му е забрането. И после тоа следат последици? Па нормално , такво е општественото и политичко уредување кое колку толку сеуште е направено според морални и рационални норми.
И пак се поистоветува единствениот безгрешен на светов Исус со одделни цркви и попови и свештеници, а знаеме дека сите сме грешни и ќе бидеме грешни.
Дури и светците биле грешни.
Догма се традиции кој ги измислиле луѓето низ векови поради својата слободна воља , немаше да постојат милијарди поделби на планетава ако човекот ја немал таа слобода.
И што останува проблем за да се разбере?
Рајот и пеколот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom