Министерство за здравство - Прати порака лично до Министерот!

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.959
Поени од реакции
36.739
Поради зачестени НЕизвршување на должноста на медицинскиот кадар низ македонските здравствени институции на НЕдавање соодветна здравствена услуга и злоупотреба на работното место (Хипократовата заклетва ниту прочитана) ја отварам ова тема да секој се изјасни за неправдата, барање мито од пациенти и све што е поврзано со нехуманоста на медицинскиот кадар во негова професионална работа.

...во прилог го постирам банерот со јавните броеви на Министерот за здравство за ЛИЧНА пријава до него за овие аномалии во работењето на здравствениот кадар во недавање на соодветна здравствена услуга и ставање на животот на пациентот во опасност поради сопствени интереси и парични побарувачки на медицинскиот персонал.
IMG_5896.jpeg

Прегледај го приврзокот 424482

Пример бр.1 од 21.07.2024 година

Инаку додека се чекаа резултатите од магнетот и имаше кажано еден од рамковните медицински техничари дека докторот бил "зинат" за пари и дека не се потрудил доволно со чистењето и дека требало да се почасти за вториот пат да заврши работа. Нагласил дека не пиел ништо и дека 100 200 евра во плик се таман. Дента јас спремив пари да носам, кога они одлучиле дека треба да иде во државна бидејќи биле поголеми стручњаци за нејзината ситуација
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.586
Поени од реакции
9.999
Поради зачестени НЕизвршување на должноста на медицинскиот кадар низ македонските здравствени институции на НЕдавање соодветна здравствена услуга и злоупотреба на работното место (Хипократовата заклетва ниту прочитана) ја отварам ова тема да секој се изјасни за неправдата, барање мито од пациенти и све што е поврзано со нехуманоста на медицинскиот кадар во негова професионална работа.

...во прилог го постирам банерот со јавните броеви на Министерот за здравство за ЛИЧНА пријава до него за овие аномалии во работењето на здравствениот кадар во недавање на соодветна здравствена услуга и ставање на животот на пациентот во опасност поради сопствени интереси и парични побарувачки на медицинскиот персонал.

Прегледај го приврзокот 424482

Пример бр.1 од 21.07.2024 година
Мислам дека @Daniel92 нешто прескокнува.
Од рекла казала моабет, на рамковен мед.техн. он одма спрема пари во плик...хммммм...не оди тоа така, знаеш и ти.
..и не може да се пријави ништо во овој случај, но за незадоволство од третманот, услуга идр.може.
Баш ме занима на кој доктор мисли.
Смее да го објави тука со име и презиме?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.959
Поени од реакции
36.739
Мислам дека @Daniel92 нешто прескокнува.
Од рекла казала моабет, на рамковен мед.техн. он одма спрема пари во плик...хммммм...не оди тоа така, знаеш и ти.
..и не може да се пријави ништо во овој случај, но за незадоволство од третманот, услуга идр.може.
Баш ме занима на кој доктор мисли.
Смее да го објави тука со име и презиме?
...што збориш ма, неодамна и мене лично ми побараа за гинеколошки преглед некоја таму измислена доста висока партиципација, кога реков дека сум здравствен работник и таква работа не постои и не плаќам ни денар, медицинската сестра ме одби да ме најави без да платам, па кога почнав јас на висок тон што све ќе направам, лично излезе гинекологот ме зеде за рака се сврте кон сестрата и' рече дека „тоа не важело за мене оти сум персонал“, ама друг пат не ме прими поради „пребукираност од пациентки“,

...такааааа играме ниско? е па само после една недела, пред гинеколошката ординација имаше залепена голема јавка од Министерство за здравство - ФЗОСМ дека гинеколошките прегледи „НЕ СЕ НАПЛАЌААТ“, па сега нека проба да наплати, ќе му летне лиценцата!

...ако реагираме сите ќе има барем некој ефект за подобрување, ама ако ќутиме како пациенти нема да има никаква иднина!
 
Јас сум да се пријавува и да се бара правда, но треба да си ги знаеме и правата на здравств.услуги.
Ете и мене матичната гинекол.ми наплаќа, па дури и земање на пап, а нели имаме право на еден бесплатен преглед годишно.
 
Член од
10 март 2022
Мислења
199
Поени од реакции
401
Приоритет ми е да го решиме проблемот со жолчката и маркерите што не извадија од памет. До тогаш не мислам да пријавувам или објавувам тука
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.437
Поени од реакции
5.576
Кога ЖОЛЧКАТА ќе отиде во „курац“,
кога мочката ќе биде црвена,
кога крвта ќе биде жолта,
...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.959
Поени од реакции
36.739
Приоритет ми е да го решиме проблемот со жолчката и маркерите што не извадија од памет. До тогаш не мислам да пријавувам или објавувам тука
...ти не објавувај тука, пиши му на вибер на министерот за вашата ситуација, како што пишуваш вас ви одложуваат за да ви наплатат под рака, друго да дадеш после извршена операција подарок доброволно, друго да те условува однапред со пари за да ја оперираат, а приоритет треба да ти е 35 годишна жена, утре да не биде касно, па да ти биде криво што сте чекале,

...нормални вредности на билирубин во крвта е 3-20 mmol/L (директен или коњугиран 5.1 µmol/L или тотален до 20.5 µmol/L) кај пациентката 7 х повисоко односно 150 mmol/L, затоа сирота е жолта како тиква, па уште ако има камче во жолчниот канал кој можеби е тој кривецот за нападот, а не присутниот камен од 4 мм кој нормално може секој да го има, а да не му пречи, оти се смета дека до 2см не мора да се оперира камен ако се држи режим во исхрана што би пречело и би предизвикувало напад на жолчка (мајонез, јајца, марула, брокула, луто).

... и на крај според тие таму како ја лечат што ако во жолчката не е камен туку полип, па и во жолчниот канал кај стенозата може е некој полип, знаат ли да гледаат на ехо според тоа дали има или нема сенка од камчето?

main-qimg-c5da05c066a2d2f96cc362fed59b8357-c.jpg Gallbladder-Polyp-e1342134195999.png

...каменот (лево слика) најчесто е лоциран во средината на жолчното ќесе често околу со поситни камчиња, многу ретко покрај зидот на жолчката, додека полипите најчесто се лоцирани покрај зидот на жолчката, каменот секогаш дава акустична сенка т.е. гледаш едно мало округло бело тоа е камен а надоле се протега сенката на ехо и тоа со сигурност кажува дека е камен, додека полипот не ехо не дава никаква сенка (десно слика), овие две работи се пресудни да се одели каменот од полипот во ехо дијагностиката,

...дали воопшто имаш нешто написмено медицинска белешка во рака или онака паушал усно муабетење за ситуацијата на 35 годишната и дали воопшто знаеш што е СЕПСА, а не те паничи леукоцитозата и зголемени лимфни јазли како знак на присуство на гној (емпием) и можна интоксикација? :(
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.691
Поени од реакции
8.149
...што збориш ма, неодамна и мене лично ми побараа за гинеколошки преглед некоја таму измислена доста висока партиципација, кога реков дека сум здравствен работник и таква работа не постои и не плаќам ни денар, медицинската сестра ме одби да ме најави без да платам, па кога почнав јас на висок тон што све ќе направам, лично излезе гинекологот ме зеде за рака се сврте кон сестрата и' рече дека „тоа не важело за мене оти сум персонал“, ама друг пат не ме прими поради „пребукираност од пациентки“,

...такааааа играме ниско? е па само после една недела, пред гинеколошката ординација имаше залепена голема јавка од Министерство за здравство - ФЗОСМ дека гинеколошките прегледи „НЕ СЕ НАПЛАЌААТ“, па сега нека проба да наплати, ќе му летне лиценцата!

...ако реагираме сите ќе има барем некој ефект за подобрување, ама ако ќутиме како пациенти нема да има никаква иднина!
12tqgx.jpg
Автоматски споено мислење:

Приоритет ми е да го решиме проблемот со жолчката и маркерите што не извадија од памет. До тогаш не мислам да пријавувам или објавувам тука
Маркерите ги заборави. Тие се невалидни во оваа состојба. Приоритет е да се извади каменот со ЕRCP, агресивна антиботска терапија и после да се одстрани жолчката. Во зависност од ситуацијата.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.959
Поени од реакции
36.739
Ете и мене матичната гинекол.ми наплаќа, па дури и земање на пап, а нели имаме право на еден бесплатен преглед годишно.
...пациентките кои не се бремени кај избраните матични гинеколози треба да имаат бесплатни дијагностички прегледи со ултразвук (ехо-преглед), колпоскопија и на земање брис, така да сите гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи се бесплатни.

...додека самото породување за секоја бремена жена во земјава, без разлика дали е здравствено осигурана или не, исто се бесплатни.

*Ова го овозможуваат прописите кои се на сила, но, тие не секогаш се почитуваат, појди од фактот дека не ти даваат фискална сметка, а ти наплатуваат, а ФЗОСМ го знае тоа прогледува низ прсти поради тоа што не им исплатува капитација на тие гинеколошки ординации, па вака нека си земаат самите гинеколозите од пациентките, да не се бунат за капитацијата неисплатена!

...инаку матичните гиниколози можат да наплатат САМО на пациентки на кои не им е матичен, а им дошле за здравствена услуга и се смета како приватен гинеколошки преглед.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.296
Поени од реакции
3.212
@bijons оти ти се ставени старите броеви за контакт со Таравари ? Тој број е стар, сега има нов објавен тука

Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001.
 
Во право си!

не проверив го зедов од топол поздрав што приложи пост, а сега видов дека е податок од 2017 година, па ете тоа докажува дека и сега како тогаш бидна ист Министер за здравство ама во друга влада, како тогаш така и сега нема ништо да направи, му давам рок исто шест месеци како и тогаш, дека самиот ќе се откаже од мнистер и дека ќе си замине да си биде градоначалник!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom