Слободната воља и религиите!

Член од
2 октомври 2012
Мислења
207
Поени од реакции
122
......
Но и тоа е подобро од ништавило.
Кое е тоа „ништавило“? За кое тоа „ништавило“ зборуваш? Ај потсети ме кои се првите зборови во библијата. „Во почетокот бог......“. Што било пред тоа? „Ништавило“?
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.538
Поени од реакции
6.042
Кое е тоа „ништавило“? За кое тоа „ништавило“ зборуваш? Ај потсети ме кои се првите зборови во библијата. „Во почетокот бог......“. Што било пред тоа? „Ништавило“?
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
Само Бог знае што било пред тоа.
Ништавило пост-мортем на прво место, некој би рекол поради страв од смртта, но не може све да се сведува на тоа, верувам дека не е така.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
207
Поени од реакции
122
Само Бог знае што било пред тоа.
Ништавило пост-мортем на прво место, некој би рекол поради страв од смртта, но не може све да се сведува на тоа, верувам дека не е така.
Би знаел бог (кој и да е од илјадниците) ако постои. Но постоел или не, ти (ни јас, ни никој од над 8 милијарди) тоа не го знае.
Аха, за тоа ништавило зборуваш, ок. Значи според тебе и твоето „не верувам дека е така“ станува повеќе вистинито?
Assumption Is The Mother Of All Fuckups.
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2024
Мислења
45
Поени од реакции
89
А дали сметаш дека слободна воља постои?
Логички не е конзистентно постоење на слободна воља и сезнаен Бог (како субсет од семоќен) со постоење на казна доколку постои грев преку делувањето во рамките на вољата. Тука во игра влегува самото верување како феномен, значи leap of faith при што може но и не мора да постои логичка доследност.
Но и тоа е подобро од ништавило.
Немам некаква афирмативна теорија за било што. Јас сум како духот на неверувањето, истиот оној кој му се јавува на Фауст. Способен сим да разградам било каков наратив, но немам со што да го заменам разграденото. Ако имам некоје стојалиште, може да биде наречено радикален агностицизам. Мислам дека живееме во епистемолошки затвор, односно дека нашите сетила и нашиот ум не ни овозможуваат контакт со некаква "вистинска" реалност. Не верувам во Бог, не верувам во науката, не верувам ниту во неверувањето. Кант го има поделено светот на свет по себе, и свет за нас. Тој сметаше дека науката дава отчет само за светот за нас, но сепак веруваше дека можеме некогаш да имаме увид во светот за себе, преку Доброто и Убавото.

Јас ни во тоа не верувам, осудени сме на нашиот епистемолошки затвор во кој си измислуваме приказни за да го истуркаме денот. Некои од тие приказни се пологични, некои се смешно глупави и навистина е потребен leap of faith за некој да ги прифати. Самиот тој leap of faith нема никакво значење настрана од човекот кој го прави, нема никава вистинита вредност. Како што велеше премудриот Ниче во своета напомена за магарињата, нашата желба нешто да постои не е никаков доказ за постоењето на тоа нешто.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.994
Поени од реакции
7.384
Патем, слободна волја не постои, и со и без бог/ови во игра. И со детерминизам и без.
Да де, уствари ќе излезе ништо не постои, све е илузија.
Не сфаќам како го негирате постоење на слободната волја, а се декларирате како атеисти.... Атеистите се доказ дека слободната волја постои, иначе поповите сеуште ќе беа главните уредници како да живееме.

Бог ни дал целосна слобода во изборот каква активност ќе превземеме, но последиците од таа активност целосно ги задржал во негова контрола. Значи човекот има целосна слобода да избере што да прави, ама нема никакво влијание врз последиците од изборот на активностите.

Сите други организми на планетава функционираат како роботи, една те иста скрипта илјадници генерации.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
45
Поени од реакции
89
Бог ни дал целосна слобода во изборот каква активност ќе превземеме, но последиците од таа активност целосно ги задржал во негова контрола. Значи човекот има целосна слобода да избере што да прави, ама нема никакво влијание врз последиците од изборот на активностите.
Дали е тој Бог за коги зборуваш семоќен?

И дали постои Божји план?
 
Каква врска има „слободна волја“ и се останато? Нема врска постоењето на истата ни со теизам ни со атеизам. Атеистите се само доказ дека тој бог, кој наводно дал слободна волја (нешто што не може воопшто да постои) уште и нелогичност на тоа што го дал со неговата сезнајност, се заснива на кажување на вас верниците. Недокажана прикаска.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.994
Поени од реакции
7.384
Дали е тој Бог за коги зборуваш семоќен?

И дали постои Божји план?
Универзалниот центар од каде што започнало, секако дека е семоќен.

God is the invisible, motionless, sexless, undivided, and unconditioned white Magnetic Light of Mind" which centers all things. "God is provable by laboratory methods," "The locatable motionless Light which man calls magnetism is the Light which God IS.

Мош има, а мош и нема план:
“I am a patient God. All men will come to Me in due time, but the agony of awaiting that day shall be theirs alone. And that day shall not come until man himself shall cleanse himself from his own unbalanced thinking.”
Каква врска има „слободна волја“ и се останато?
Па ти самиот си доказ дека постои слободна волја. Дабарот на пример освен да направи брана (без притоа да учи факултет за тоа) друго ништо не прави. Човекот е единствен на планетава што може да одлучи што сака да прави.

Тоа што според тебе ништо со ништо нема врска, не значи дека е така. Ти може да игнорираш многу работи, твое си е, слободна волја.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
207
Поени од реакции
122
Па ти самиот си доказ дека постои слободна волја. Дабарот на пример освен да направи брана (без притоа да учи факултет за тоа) друго ништо не прави. Човекот е единствен на планетава што може да одлучи што сака да прави.

Тоа што според тебе ништо со ништо нема врска, не значи дека е така. Ти може да игнорираш многу работи, твое си е, слободна волја.
Тоа што според тебе има врска не значи дека е така? Нели? Немаш слободна волја да кажеш дека не си во право?
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.730
Поени од реакции
3.889
Дали е тој Бог за коги зборуваш семоќен?

И дали постои Божји план?
Прочитај го Светото Писмо и ќе добиеш одговор на сите прашања. Најдобро ќе биде да немаш сопствено убедување или да ја темелиш својата верба на човек.
Инаку ќе останеш пак во прашалници.
Што никој не ти го забранува нели? Па значи многу просто, имаш слободна воља.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.994
Поени од реакции
7.384
Тоа што според тебе има врска не значи дека е така? Нели? Немаш слободна волја да кажеш дека не си во право?
Многу нелогичности има во твоиве писанија...
Од каде знаеш дека не сум сфатил дека не сум бил во право за многу работи.... Тоа е суштината како полниш години, да менуваш сфаќања, перцепции, а не да останеш на инфантилно ниво.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
207
Поени од реакции
122
Многу нелогичности има во твоиве писанија...
Од каде знаеш дека не сум сфатил дека не сум бил во право за многу работи.... Тоа е суштината како полниш години, да менуваш сфаќања, перцепции, а не да останеш на инфантилно ниво.
Што ти е нелогично? Слободната волја не ја измислија христијаните. Си ја присвоија и дадоа некое чудно значење кое е контрадикторно. Сезнаен бог и слободна волја не одат заедно. Втора работа. слободна волја значи избор од сите (читај добро, СИТЕ) опции, не од 2, не од 3....... Сите опции не ни се достапни секогаш. Значи толку од слободната волја. Трета работа да видиме дали тој бог постои, потоа да видиме што дал и дали дал.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.994
Поени од реакции
7.384
Слободната волја не ја измислија христијаните. Си ја присвоија и дадоа некое чудно значење кое е контрадикторно.
Вас гностиците ептен трн во око ви е христијанството. Муслиманството, јудаизмот ептен ви се по мерка.

Не реков дека христијаните измислиле слободната волја, туку ти дадов примери дека постои слободна волја кај човекот.

Втора работа. слободна волја значи избор од сите (читај добро, СИТЕ) опции, не од 2, не од 3....... Сите опции не ни се достапни секогаш.
Не ти го сфаќам овој дел баш. Што ти значи избор од сите?
Ти сакаш на тацна да ти бидат дадени сите опции и ти да си одбереш?
Така тоа не функционира, бидејќи треба малку труд, енергија да вложиш, секој човек си е посебна прикаска за себе. Не сме мравки.

Трета работа да видиме дали тој бог постои, потоа да видиме што дал и дали дал.
Штом си тука, постоиш, пишуваш, значи си креација од универзалниот центар, а ти тврдиш дека не постои такво нешто. Контрадикторен си, самиот себе си се негираш.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
45
Поени од реакции
89
Прочитај го Светото Писмо и ќе добиеш одговор на сите прашања. Најдобро ќе биде да немаш сопствено убедување или да ја темелиш својата верба на човек.
Инаку ќе останеш пак во прашалници.
Што никој не ти го забранува нели? Па значи многу просто, имаш слободна воља.
Ја читав порано, но реално се работи за многу лоша литература, не би му ја препорачал никому.
Автоматски споено мислење:

Штом си тука, постоиш, пишуваш, значи си креација од универзалниот центар, а ти тврдиш дека не постои такво нешто.
Универзален центар не значи ама баш ништо. Двата збора имаат секојдневно значење, разбирливо за секого, но вака кога ќе ги спариш добиваш лингвистичка и семантичка катастрофа. Исто како да напишеш светлост или љубов со голема буква па да мислиш дека си му дал некое нови значење на зборовите.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.994
Поени од реакции
7.384
Универзален центар не значи ама баш ништо. Двата збора имаат секојдневно значење, разбирливо за секого, но вака кога ќе ги спариш добиваш лингвистичка и семантичка катастрофа.
Како прав "верник", а атеист, само што и се посра на науката.

Можеби ако прочиташ нешто плус, од некој кој успеал да ги спои науката и религијата, појасно ќе ти е значението на универзален центар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom