Па затоа е подобро да се форсират домашни играчи.
Сега ме влечеш за збор да навлегувам у теми неповрзани со Вардар.
Ќе ти дадам два најелоквентни примери.
Еве ти младински репрезентации составени од над 70% домашни играчи, истите со минутажа за клубовите во кои играат.
На Андора, Црна Гора или Исланд не можат да им парираат, држави со 200.000 население.
Знаеш зашто?
Коренот на проблемот е уште од елементарните години (5-9год) кај што у основните школи не се работи со децата на развој на основните моторички способности (брзина, издржливост, координација, баланс) , 90% не знаат правилно да трчаат, а да не зборам за техники да дишење…
И после следи пионерско-младинската фудбалска школа, каде прво играат децата на поситуираните, а второ едукацијата на тренерите не сакам ни да ја коментирам, закоравени у Југословенски фудбал или сега по ново им даваат тренинзи што ги гледаат на Youtube од школата на Ајакс, Барса, Еспањол.
Тотално фијаско е тоа.
И после како сакаш вакви деца да ти парираат на сениори у прв тим кога он како играч ќе се изгради на 25-27 години, а странецот тоа го совладал на 18….
Вториот пример за кој е квалитетот на домашните играчи, буквално секој еден што јас паметам што направи трансфер у малце појако првенство, едностсвно го снема од фудбалска мапа, како тој Тошевски, р. рамадани сега најбрзо у Динамо Киев, и не знам уште кој се не…