Дај не зезајте. Имаме тро-дупло појјак тим од минатата сезона. Не знам што очекувавте вие. Позади сме супер покриени, на средина ги добиваме Мицевски и малиот французин освежување, добивме искусен Закариќ, еве и нов напаѓач од Франција, Ќосиќ замена за Глиш, единствено уште едно крило да се земе и топ сме и спремни за новата сезона.
Бато, на средина го добивме Мицевски, ама Мицевски што во последниве две сезони, година и кусур е повреден. Мака мачи со повреди Панта, од него ниту може, ниту треба да се очекува да биде лидер на средината од теренот. Кои ти се другите две опции? Дурански и Пато. Значи средината ни е класична второлигашка. Едино вториот французин што се најавува ако смени нешто, бидејќи е на добра возраст. Иако и тој има огромен пад во кариерата, позајмуван по треторазредни клубови, ама барем играл.
Носиме крило од Кореја, тотална непознаница, со никакво cv. Играл во екипа во втора кипарска лига. Ама ајде, млад е, може ќе изненади.
Закариќ и Ќосиќ. Првиот ќе беше одлично засилување пред некоја година. Реков кога потпиша, не знам во каква насока му оди кариерата, ама луѓе што го следат, викаат дека во слободен пад му била. И Мацата беше топ играч за наша лига, па видовме што покажа кај нас. И Ибричиќ дојде како легенда на Хајдук, најдобар играч во деценијата до 2010 година, па кај нас беше камењара тешка. Да не набројувам еден куп играчи кои продефилираа на стари години и едвај одеа. Исто е и со тој Ќосиќ.
Шаркоски скрши нога, господ знае кога има играно последно.
Најдо го донесовме, го изгубивме Бришки. Глишиќ го изгубивме. Мујезиновиќ крена форма, го изгубивме. Шушњара си отиде, Швајц си отиде. Јас гарантирам дека до добар напаѓач, ќе газеше Швајцот, ама тоа е. Демек кореецот е подобрување за неговата позиција?
Да не заборавиме, Мишко и Брда се година постари, што на нивна возраст многу значи. Мишко се спремаше за пензија, а сега го спремаме прва постава да игра. Брда и лани беше слаб дефанзивно, сега за година постар ќе очекуваме да се појача?
Лани во втора полусезона ги имавме Мацата и Сусо како плус напаѓачи. Мислиш овој французинов што нема утакмица изиграно последниве години ќе биде подобар од Сусо? Дај боже, ама кој може да гарантира?
И да не заборавиме, годинава го немаме ни Лемос, алфа и омега во екипата.
Дополнително, немаме младинец за во прв тим и немаме резерви.
Како тоа сме двојно појаки од лани и ќе завршиме во топ 3?
Струга, Шкендија, Тиквеш, Слога и Силекс ти се веќе изградени клубови. Нема врска што дел од нив изгубија по некој играч, пак се подобри од нас. Да не збориме дека екипите против нас играат со пет пати поголем мотив и треба далеку појака екипа да имаш за да ги издоминираш. Особено албанските клубови, со кои лани освоивме едвај 6 бода од можни 45 бодови.
Кога влезе град Скопје во Вардар, донесовме играчи во полна натпреварувачка форма. Стојаковиќ беше најдобар играч на Јавор, меѓу најдобри средњаци во лигата. Ранѓеловиќ дојде како перспективен младинец, а сега таков немаме. Ивановски веќе паѓаше во форма, ама измислен беше за сите. Да не коментирам за Стјепановиќ, Оса, дефанзивата со Бојовиќ, Вајс, Мичка, сите беа во играчка форма. Друго е кога носиш играчи во натпреварувачка форма, па макар и да немаат некој квалитет, друго е кога носиш некои што може ќе ги биде, може не...