Разликата помеѓу Финска и Украина е огромна и не ми се верува дека треба да се објаснуваме за ова прашање, со едно отворање на европската мапа треба да биде јасно зошто е смешно да се споредуваат али ај. Украина за разлика од Финска е дел од руската сфера 1000 години, руската држава и народ има поврзаност со украинската држава и народ која ја нема со никој друг освен со белорускиот. Украина има(ше) +40 милиони луѓе, Финска има 5 милиони луѓе, Украина има(ше) 603.628 km2, Финска 338.462 km2 од која пола територија е ненаселена, Украина има 5 града со над и околу 1.000.000 луѓе и 39 града од 100.000-700.000 народ додека Финска ги има Хелсинки со 600.000 народ и 8 града со народ од 100.000-250.000 а другото е небитно. Украина има десетина развиени пристаништа додека Финска има само ~5, низ пристаништата на Украина во сред војна има 50 милиони тони товар поминато а низ Финска 7 милиони. Украина има граници со НАТО држави кои ја снабдуваат со се што и треба додека Финска единствен начин да се снабди е преку море и тоа преку овие нетолку развиени пристаништа кои се седечка мета за руските проектили и дронови. Натовска Украина ја прави цела срцевина на Русија ранлива што од воена закана што од база за поддршка на дестабилизациски елементи во федерацијата додека Финска ништо посебно не афектира. Од таа 1300км долга граница, 90% е тешко проодна тајга, границата помеѓу РФ и Украина е најнормално лесно проодна. Знам Финска дека се снабдува во голем дел самостојно со струја но мислам дека нема нешто конекции со остатокот од ЕУ па сега кога 90% од централите на Украина* се минато таа се снабдува со струја од комшиите, Финска во овој случај не знам од каде би се снабдувала со струја и па храна.
Не е сјајно за РФ што Финска е во НАТО но ако некој мисли дека Финска и Украина имаат ист придонес за сојузот тогаш тој е во огромна заблуда.
Полска и Балтикот се завршена работа (засега) но за разлика од Финска тие па воопшто не влијаат на безбедноста на Русија.
Отткука Натовска Украина е ноќна мора која мора да се корегира додека Финска е непожелен но прифатлив резултат.
*Додатно, Украина Советите кога граделе ја планирале за 60-70 милиони луѓе, сеа со 30 милиони луѓе имаат проблеми со струја, Финска е планирана веројатно за околу 6-7 милиони луѓе па по ова бришење на финските централи подраматично би ја афектирало Финска. Али не сум експерт за ова, сигурно Харолд знае повеќе.
Аха, значи 1300км граница со НАТО плус балтик не "влијаеле на сигурноста" ама Украина "влијаела на сигурноста". Земја која имаше минимални ако и некакви шанси
навистина да влезе во НАТО вс. земји кои
влегоа во НАТО. Не е тоа дали биле руски земји и не знам што, Финска била руска колонија до војната за независност 1917-18, реалноста кажува дека русите
немаат сила да го спречат ширењето на НАТО, немоќни се и покрај милион атомски, па така Естонија, Литванија, Латвија, Полска а сега и Финска станаа дел од НАТО.
Логичката конзистентност налага да се запрашаме што е сега целта на русите откако пропаднаа примарните планови за елиминација на Украинската држава и ставање под руска капа, како што било 1991-2014. Би било навистина интересно доколку некој сака да стави линк со изјава на било каков западен политичар дека Украина ќе биде во НАТО. Јас не успеав да најдам, но покрај тоа наидов на некои изјави кои упатуваа дека во скоро време Украина нема шанси да влезе во НАТО, чак потешко него евентуален влез во ЕУ! Но и тоа со ЕУ беше во наредни децении тек.
Според напишаното може да се заклучи дека сметаш оти само Украина и Беларус немаат право да станат прозападни, све остало нема грешка, 1300км ваму, цел Балтик таму, мех.
Толку од фамозното НАТО и "сигурноста".
Реалистичниот мотив беше најавен од самиот Путкин кој излегуваше со изјави дека украинска нација не постои и дека била измислена од Ленин после револуцијата. Употребувајќи "четничка" тактика со активирање на сецесионисти во територии со значително руско население целта била да се заграби што повеќе територија и секакви материјални добра и нечепната инфраструктура.
Ние старците знаеме што се случуваше во 90-ти во екс-Ју просторите, како србите ствараа сецесионистички "држави" во Хрватска и Босна, истото во многу поголем обем го прави Путкин.
Careful what you wish for. Мечката знае да заигра и пред наша врата!