Постовите на Миленко од денеска, од потпишуваат на Закариќ и Ќосиќ, за прв пат личат малку од малку на нешто подобра комуникација со навивачите и правец во кој треба да се развива неговата дискусија со фан базата. Ова се нови засилувања, излез во Европа е целта, наталожените долгови се проблем за подобри играчи.
Тоа е веќе некој начин, а не глејте што играчишта ви носам од први, нема веќе трте-мрте со нас, Сдсмовци само се бунат, а странските засилувања досега му се од трета грчка лига, втора босанска и од факултет во Кореја. Домашното засилување од Вардарски Богданци. Не сме глупи во време на интернет некој да не прави будали, нити бумери за да се палиме дека некој пред 5 години играл во Партизан.
Што повеќе искреност во настапот кон нас толку повеќе доверба ќе се гради ако веќе е јасно дека ќе сме на иста страна во иднина без разлика дали некому тоа се свиѓало или не. Не мора да се сакаме ама мора да почнеме да се разбираме.