Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.591
Поени од реакции
2.194
Ova pod uslov da imas svoj stan, kola i da si bez kredit..
И пак ке си на границата. Ако сакаш да тераш здрав живот, да се храниш здраво, да одиш во теретана, детето да го запишеш на спорт и јазик.... тие 50к ќе ги стегаш на крај на месец и ќе кратиш.

Премногу е оскапен животот во МК.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.489
Поени од реакции
40.394
Многу нереални цени имаме, поготово на храна. Со курона кризата и украина го искористија за пумпање на цените и не ги симнаа.

Букеле од Ел Салвадор пред некој ден убаво им рече, или ќе ја поефтините храната или ќе ви ебам матер. Што е океј пристап за хоштаплери.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.267
Поени од реакции
10.951
Ние уствари највисок стандард да сме ти имале од ова балканските европски земји. Одам во Грција, кафенце на бензинска пумпа, евро и педесет. А во Македонија истото тоа кафе го платив сто и дваесет денари. Храната по маркети поевтина од кај нас. А богами и по таверни не е скапо да седнеш и да се изнауживаш ко човек (исто ко кај нас по кафаните, ама барем си со поглед на море).
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
2.149
Поени од реакции
2.053
ama tesko toa duri ima sipci u vlada, na niv pobitno im e da ima sponski proizvodi...
Се ти беше ОК постот, до тука! И на шипциве и на кауриве во владата, побитни им се провизиите за нив, него домашни и албански производи. Биди сигурен во тоа!
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.191
Поени од реакции
2.971
Многу нереални цени имаме, поготово на храна. Со курона кризата и украина го искористија за пумпање на цените и не ги симнаа.

Букеле од Ел Салвадор пред некој ден убаво им рече, или ќе ја поефтините храната или ќе ви ебам матер. Што е океј пристап за хоштаплери.
Како ќе поефтиниш храна кога домашното производство е се помало и ќе го нема во иднина ? Допрва ќе поскапува според мене, уште оваа генерација од земјоделците произведува нешто и одржува колку толку цени, после се од увоз ќе ни диктираат од таму
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.676

Нема ништо другар, јас пошто сум селанец се дружам со други селани што одгледуваат стока и работат земја. Во цела пелагонија има уште 4-5 фарми со крави, 10 нека бидат.

Жито мито и слични житни култури му ги откупуваат по 8-9 денари. А белиот леб во продавница ти е 30-40 денари. Тараната пред кризата беше по 600-700 денари по вреќа, сега е 2000-3000 денари.
Пелагонија порано ваѓаше леб за цела Југославија, сега не можиме самите да се прераниме.

Свинските фарми ги затворија со умисла. Ќе јадиме сега скапано замрзнато месо стоено по 5-10 години.

Многу си во право кога викаш дека уште ќе поскапуваат, пошто ништо веќе не произведуваме.
Младите сега си го бараат чарето кој настрана од државата кој приватно нешто, пошто никој не ги цени овие луѓе.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.489
Поени од реакции
40.394
Како ќе поефтиниш храна кога домашното производство е се помало и ќе го нема во иднина ? Допрва ќе поскапува според мене, уште оваа генерација од земјоделците произведува нешто и одржува колку толку цени, после се од увоз ќе ни диктираат од таму
Нема врска кој произведува. Како што ти кажа членот погоре, житото е мизерни 8 денари, а лебот е 31. Пред пар години беше 20 денари лебот, а житото и тогаш беше 8 денари.

Проблемот се обработувачите. Исто и трговците. Овие два ланци ги пумпаат цените до плафон.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.844

Чим продуктите стигнаа скапа цена и стандард тешко и тоа многу тешко дека ќе го вратат назад произведувачите .
Земете го бурекот .
Беше 35 денари пред 2001, после стигна 50 денари и држеше до Короната , сега е најмалку 80 денари .И покрај се што се нормализираше и поефтинета е процедурата за производство ,производителите намерно држат стандард со цел да имаат добивка и по ризик да се губи муштерија . Кога кренаа цена веќе нема веќе назад . Ќе бараат и уште и уште . Гладот за заработка нема да си замине .Башка им одговара со качувањето на минималната и просечната плата во Македонија .
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.191
Поени од реакции
2.971
Нема врска кој произведува. Како што ти кажа членот погоре, житото е мизерни 8 денари, а лебот е 31. Пред пар години беше 20 денари лебот, а житото и тогаш беше 8 денари.

Проблемот се обработувачите. Исто и трговците. Овие два ланци ги пумпаат цените до плафон.
Ама тоа ти кажувам дека ќе има се помалку што ќе произведуваат жито за 8 денари, грозје за 15, бостан за 10, патлиџан за 20 итн па можеш да замислиш каков ефект дополнително ќе има тоа на покачување на цените. И пекарите се опаметија не сакаат веќе да работат за 30-40.000 денари цел месец туку платата да им биде по 1000 плус евра затоа и ќе нема намалување не се надевајте џабе
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.489
Поени од реакции
40.394
Ама тоа ти кажувам дека ќе има се помалку што ќе произведуваат жито за 8 денари, грозје за 15, бостан за 10, патлиџан за 20 итн па можеш да замислиш каков ефект дополнително ќе има тоа на покачување на цените. И пекарите се опаметија не сакаат веќе да работат за 30-40.000 денари цел месец туку платата да им биде по 1000 плус евра затоа и ќе нема намалување не се надевајте џабе
Жито има ефтино од Србија, поефтино од нашето. Тоа не е проблем. Проблемот се ствара над производителите.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.191
Поени од реакции
2.971
Жито има ефтино од Србија, поефтино од нашето. Тоа не е проблем. Проблемот се ствара над производителите.
Не е точно дека поефтино се увезува од Србија не верувај во такви глупости, а кога ќе го немаме дома ќе ти качат уште повеќе цена. Или ќе те тераат да купиш готово брашно не суровина, како што направија пред некој период со зејтинот (не продаваа сончоглед).

Туку ај да не бегаме далеку од темата, ама зошто се буниш тогаш па не е ова социјализам да државата интервенира врз приватните бизниси и им ограничува маржи ? понуда-побарувачка ја диктира цената
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.489
Поени од реакции
40.394
Не е точно дека поефтино се увезува од Србија не верувај во такви глупости, а кога ќе го немаме дома ќе ти качат уште повеќе цена. Или ќе те тераат да купиш готово брашно не суровина, како што направија пред некој период со зејтинот (не продаваа сончоглед).

Туку ај да не бегаме далеку од темата, ама зошто се буниш тогаш па не е ова социјализам да државата интервенира врз приватните бизниси и им ограничува маржи ? понуда-побарувачка ја диктира цената
Јас сум за тоа но не сакам трговци да ме дерат и да плаќам за нешто 100% или 200%. Поготово овие храна што продаваат многу си ги дигнаа акцииите. Сигурно тоа што бурек мајсторот го плаќаат 50,000 не предизвикало бурекот да скокне од 40 денари на 80 за четврт.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.966
Поени од реакции
35.917
Јас сум за тоа но не сакам трговци да ме дерат и да плаќам за нешто 100% или 200%. Поготово овие храна што продаваат многу си ги дигнаа акцииите. Сигурно тоа што бурек мајсторот го плаќаат 50,000 не предизвикало бурекот да скокне од 40 денари на 80 за четврт.
Не е само мајсторот, удри математика дека платите се зголемени на секоја позиција во процесот, тоа е она што најмногу ги диригира цените. Бурекот како храна е тешко одржлив при скапа работна рака, специфичен и бара мајсторлук, плус бавна работа, не случајно во западните земји е редок и поскап од другите пецива.

Неефикасноста ти е наредна, методите за производство и опремата ни се сеуште заглавени во 1950та.

Пример житото во Австралија им го откупуваат по 430 АУД за тон (16700ден), а се е неколку пати поскапо (најефтина саатница по 920мкд, тараната што ја пишал @Zippertrax е 3300 мкд за 25кг вреќа и тн) во однос на Македонија, и пак имаат есап. Арно ама овде тешко да видиш механизација од пред 150 години, земјоделството е стандард бизнис каде користат софтвери, алатки за планирање, мониторинг, дури сум видел еден куп позиции за дата аналитика во такви фирми, и најчесто се работи на апла големи површини и количини, со 1 хектар нема ни за тој што го сее, ниту за тој што ќе го купува.
 
кои методи застарени сме имале, демек тоа западното е боље. Еден трактор 200,000 евра те кошта, еден комбајн, 500,000. Работник месечно 2,000+ евра. Да не се тие субвенции што ги добиваат, западното земјоделство одамна ќе пропаднеше пошто е неодржливо со такви суми да работиш ниви.

За бурециве конкретно, свесен сум дека имало покачувања плати ово оно поминале години. Но да ја кренеш цената за 100% нема смисла, на тие глупости никој не паѓа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom