ТИФОМАНИЈА!

Член од
2 ноември 2022
Мислења
90
Поени од реакции
167
Член од
11 март 2023
Мислења
1.449
Поени од реакции
1.877
НАВИВАЧИТЕ НА УДАР, КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ?

Четврток, 11.07.2024. Првото европско издание на Тиквеш, против екипата на Бреидаблик, за жал во Скопје на арената Тодор Проески, со услови какви што имаме. Од самиот почеток, сите коцки се местеја против навивачите. Работен ден, денови на рестрикција за давање одмор од работа поради годишните одмори, голем дел од луѓето по Хрватска и Германија. И покрај се, Лозари најавија присуство на натпреварот (без некоја посебна мобилизација или „инвазија“ како што вели @ВремеЕЗаПиво (не знам кај го прочита тој збор, навикнати се да манипулираат).

Два дена пред натпреварот. Поради „временските услови и високите температури“ натпреварот се поместува во 20:30ч. ХА!? Автоматски, сите што се втора и трета смена на работа не можат да присуствуваат, да не збориме за дечки од Чкембари кои сакаја да се присутни, но немаше никаква можност за тоа (овен ако се невработени). Одиме понатаму, Лозари покрај се, најавуваат присуство во голем број.

Еуфоријата во Кавадарци беше силна, колку што беше силно и разочарувањето за неможноста за присуство на огромен број навивачи, меѓу кои сум и јас.

Дојде четврток, ден за „текма“. Собирот на Лозари е во 17 часот. Околу час пред собир, пристигнува информација од автобуските превозници во Кавадарци, каде никој од нив не сакал да излезе во пресрет на навивачите и да ги однесе во Скопје, и тоа нормално за пари, како и секогаш повисоко од тоа што треба. А истите превозници беа договорени 2 недели пред натпреварот. Овде нешто смрди!

Собирот веќе започнат, Лозари абнормално брзо најдоа превоз од друг град, кој требаше да се организира, да дојди прво до Кавадарци, па после да ги носи за Скопје. Присутните навивачи преразочарани. Нешто што досега се случувало во минимална мера. Апсолутен бојкот и непочитување на навивачите и клубот.

Време е за тргнување, а превоз нема! Автобусите што дојдоа од страна, преполни, тргнаја. За сите останати, мораше да се организира превоз во сопствена режија, со автомобили. Доста луѓе се повлекоја од одење, бидејќи веќе беше премногу доцна (дури и навивачите кои тргнаја први со автобус и коли, стигнаја на полувреме).

Ударот продолжува таму. Нормално како секогаш, паркинг на 30 минути кортео до арената. Па спорење од сините, па карти и претрес, си знаете како оди редот во Скопје. Веќе дојде полувреме. Во меѓувреме, акредитација за влегување на фотограф на Лозари во терен, нема! За делото понатаму, знаат и ќе знаат само присутните на натпреварот. Можност за фотографија и видео извештај од терен немаше.

Бројката, според сите услови, и во споредба со најавата на Лозари, беше ОДЛИЧНА. Посебно фактот што копот беше исполнет стрикно со навивачи, не со обични фанови. Голема пофалба за активирањето на доста млади, кои вчера беа клучни за солидната бројка на трибината, од причина што секој вработен (а да не е прва смена), не можеше да присуствува на натпреварот. Некој мрч проба да пишува за бројката на Лозари од вчера, а свесен е - не дека не е, дека во Македонија само две групи (понекогаш) се собираат толку народ само навивачи и во друг град, и тоа за викенд.

Овие „берачите“ е срамота да ги коментирам. (Се надевам сликата не е објавена на официјален профил, туку изрежирана од кајганџии). Црвената маица беше испечатена во преку 3000 примероци од страна на клубот (читај М..) и ги фрлаја (во буквална смисла на зборот) на кој стигнат по плоштад и на собир за финалето. Пензионери се испотепаја за да земат. Инаку, срам му е на навивачите да ја носат таа маица, и ретко кој воопшто земал таква од нив, заради начинот на добивање на истата. Десно, „Никогаш Заборавени“ маица од меморијален турнир, овој пат подобрени не ја превртиле. Истата мајца беше во отворена продажба на турнирот, па дури и екипи од друг град си купуваа и си ги носат без проблем. Само една група може да се слика со маица од меморијален турнир (каде не се ни спомнува името на групата) како титула. За споредба само, да се сликаме со маица, макар и знаме, од Саздо, сите медиуми и групи ќе плукаат по нас. Ама тоа е нешто што нашата група и било која нормална друга не би го направила, посебно не за пусти поени дека се водела некаква акција во Скопје против Лозари. Знаете каде се Лозари, и каде е кортеото до арената.

Денот помина, спомените останаја. Едно е важно - ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА!
Фото извештај верувам ќе има, од некој телефон сликано од трибина. Не беше дозволено да влезе во терен фотограф на групата за слика и видео извештај.

(Не ми враќајте reply на писанието, дојдов само изреволтиран да ги отворам картите што се случува на терен). До следно видување.
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
404
Поени од реакции
2.307

Дали сам воопшто си веруваш на ова што си го пишал? Да не ви беше утакмицата преместена во 20:30 ќе бевте дупло помалце, автобусите ви стигнаа полупразни, фотограф треба да обезбеди вашата управа зошто они се домаќини, трибината исполнета 60% со навивачи другите се дојдени зошто картите беа бесплатни ако идеш со Лозари(еве и слика од копот) Screenshot_20240712-152850_Facebook.jpg
Маиците се објавени чисто на форум за да не си праите после филмови ви седвме низ град, вас ве нема. Филмовите напад на кортео и такви ствари можеш само да ги сонуваш зошто е невозможно од полиција. Како и да е после толку зборење за европа и "остварување на генерацискиот сон" Лозари прикажани со бледа бројка, без корео, без пиро шоу(најверојатно поради договор со управата за клубот да не плаќа казни).
 
Член од
20 декември 2023
Мислења
141
Поени од реакции
516
Абе црткајте си графити таму не се мешајте кај возрасните :pos:

Овоа излези победата на Тиквеш да ги боле повеќе Комити него Бреидаблик :lolzz: Не е исто Европа и опстанок.. јбг завист си е завист и вие неќите

Црвената блуза од Митко ја зедовте? :eek:
 
Член од
17 април 2024
Мислења
260
Поени од реакции
575

Кога ќе играте ЛЕ групна фаза, пиши пак ;)
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.843
Поени од реакции
5.492
Абе црткајте си графити таму не се мешајте кај возрасните :pos:

Овоа излези победата на Тиквеш да ги боле повеќе Комити него Бреидаблик :lolzz: Не е исто Европа и опстанок.. јбг завист си е завист и вие неќите

Црвената блуза од Митко ја зедовте? :eek:
Колку си глУп
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.195
Поени од реакции
2.201
Абе црткајте си графити таму не се мешајте кај возрасните :pos:

Овоа излези победата на Тиквеш да ги боле повеќе Комити него Бреидаблик :lolzz: Не е исто Европа и опстанок.. јбг завист си е завист и вие неќите

Црвената блуза од Митко ја зедовте? :eek:
Честитки за победата на Тиквеш, како Македонска екипа од тој аспект. Неутрален сум, ниту би сакал да испаднат ниту би навивал за нив. Честитам на пласман само.

Кај Лозари, добро колку биле толку, летни одмори се, сезонски многу луѓе работат надвор има вистина и во тоа. Не дека е толку лошо и слабо ова, но проблемот е што се препукувате со Комити (безпотренбо) си стварате тензија и ги „мотивирате“ Комити, да ве демнат.
За некои работи треба да ги слушате Чкембари, вашите браќа да учите од нив , не е спорно. Но за некој работи, мислам дека не треба да ги слушате, пошто може да заглавите.

Инаку „цртајте си графити“ кога веќе зборите, за да им пишувате така на Комити и вие и некои други, треба или да правите ПОДОБРИ и ПОВЕЌЕ графити од Комити, или во ДРУГИТЕ сегементи да сте подобри. Доколку не, само треба да се честита, капа доле и тоа е тоа.
Графити е ЕДЕН од елемтите кој една група да ги има, и тој елемент Комити го имаат, како и другите елементи:

* Организација
* Бројка јадро
* Гостувања
* Константност
* Корео, пароли, пиро
* Маркетинг
* Графити
* Старосна граница, нови генерации
* Акции ( не само „фајт“ акции, туку и хуманитарни акции, помош на членови, семејства. итн)

Се ова , го сака секоја група, а во Македонија Комити имаат се од ова.
Кажи која друга група го има ова се.
Ако немаш одговор, подобро и не коментирај, пошто не само графити, во се друго Комити се на ниво.

Поздрав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom