НАВИВАЧИТЕ НА УДАР, КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ?
Четврток, 11.07.2024. Првото европско издание на Тиквеш, против екипата на Бреидаблик, за жал во Скопје на арената Тодор Проески, со услови какви што имаме. Од самиот почеток, сите коцки се местеја против навивачите. Работен ден, денови на рестрикција за давање одмор од работа поради годишните одмори, голем дел од луѓето по Хрватска и Германија. И покрај се, Лозари најавија присуство на натпреварот (без некоја посебна мобилизација или „инвазија“ како што вели
@ВремеЕЗаПиво (не знам кај го прочита тој збор, навикнати се да манипулираат).
Два дена пред натпреварот. Поради „временските услови и високите температури“ натпреварот се поместува во 20:30ч. ХА!? Автоматски, сите што се втора и трета смена на работа не можат да присуствуваат, да не збориме за дечки од Чкембари кои сакаја да се присутни, но немаше никаква можност за тоа (овен ако се невработени). Одиме понатаму, Лозари покрај се, најавуваат присуство во голем број.
Еуфоријата во Кавадарци беше силна, колку што беше силно и разочарувањето за неможноста за присуство на огромен број навивачи, меѓу кои сум и јас.
Дојде четврток, ден за „текма“. Собирот на Лозари е во 17 часот. Околу час пред собир, пристигнува информација од автобуските превозници во Кавадарци, каде никој од нив не сакал да излезе во пресрет на навивачите и да ги однесе во Скопје, и тоа нормално за пари, како и секогаш повисоко од тоа што треба. А истите превозници беа договорени 2 недели пред натпреварот. Овде нешто смрди!
Собирот веќе започнат, Лозари абнормално брзо најдоа превоз од друг град, кој требаше да се организира, да дојди прво до Кавадарци, па после да ги носи за Скопје. Присутните навивачи преразочарани. Нешто што досега се случувало во минимална мера. Апсолутен бојкот и непочитување на навивачите и клубот.
Време е за тргнување, а превоз нема! Автобусите што дојдоа од страна, преполни, тргнаја. За сите останати, мораше да се организира превоз во сопствена режија, со автомобили. Доста луѓе се повлекоја од одење, бидејќи веќе беше премногу доцна (дури и навивачите кои тргнаја први со автобус и коли, стигнаја на полувреме).
Ударот продолжува таму. Нормално како секогаш, паркинг на 30 минути кортео до арената. Па спорење од сините, па карти и претрес, си знаете како оди редот во Скопје. Веќе дојде полувреме. Во меѓувреме, акредитација за влегување на фотограф на Лозари во терен, нема! За делото понатаму, знаат и ќе знаат само присутните на натпреварот. Можност за фотографија и видео извештај од терен немаше.
Бројката, според сите услови, и во споредба со најавата на Лозари, беше ОДЛИЧНА. Посебно фактот што копот беше исполнет стрикно со навивачи, не со обични фанови. Голема пофалба за активирањето на доста млади, кои вчера беа клучни за солидната бројка на трибината, од причина што секој вработен (а да не е прва смена), не можеше да присуствува на натпреварот. Некој мрч проба да пишува за бројката на Лозари од вчера, а свесен е - не дека не е, дека во Македонија само две групи (понекогаш) се собираат толку народ само навивачи и во друг град, и тоа за викенд.
Овие „берачите“ е срамота да ги коментирам. (Се надевам сликата не е објавена на официјален профил, туку изрежирана од кајганџии). Црвената маица беше испечатена во преку 3000 примероци од страна на клубот (читај М..) и ги фрлаја (во буквална смисла на зборот) на кој стигнат по плоштад и на собир за финалето. Пензионери се испотепаја за да земат. Инаку, срам му е на навивачите да ја носат таа маица, и ретко кој воопшто земал таква од нив, заради начинот на добивање на истата. Десно, „Никогаш Заборавени“ маица од меморијален турнир, овој пат подобрени не ја превртиле. Истата мајца беше во отворена продажба на турнирот, па дури и екипи од друг град си купуваа и си ги носат без проблем. Само една група може да се слика со маица од меморијален турнир (каде не се ни спомнува името на групата) како титула. За споредба само, да се сликаме со маица, макар и знаме, од Саздо, сите медиуми и групи ќе плукаат по нас. Ама тоа е нешто што нашата група и било која нормална друга не би го направила, посебно не за пусти поени дека се водела некаква акција во Скопје против Лозари. Знаете каде се Лозари, и каде е кортеото до арената.
Денот помина, спомените останаја. Едно е важно -
ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА!
Фото извештај верувам ќе има, од некој телефон сликано од трибина. Не беше дозволено да влезе во терен фотограф на групата за слика и видео извештај.
(Не ми враќајте reply на писанието, дојдов само изреволтиран да ги отворам картите што се случува на терен). До следно видување.