Не може никако да отпишеш ГС победник никогаш, па макар и без нога играл. Е сеа, треба да се изанализираат сите околности за мечот, подлога, форма, H2H, временски услови итн. Факт е дека Медо не е сјаен на трева и затоа е толкав фаворит Алкараз, ама мечот од УСО лани мора да биде еден вид на жолт картон за Карлитос (хехе пуши Џонтра), зашо и таму влезе ко голем фаворит и изгоре како свеќа.
Медо гледам на турниров ритернира скоро од основна линија, зборам за прв сервис, искрено ако го тера тоа и против Алкараз не знам колку ќе му биде паметно, ликот едноставно нема техника за тоа и ќе му дозволи многу евтини поени и кратки топки на Алкараз. Од друга страна ако ритернира 5 метра позади основна е осуден на пропаст, ќе го убие со сервис волеи и дропови Алкараз. Многу незгоден мечап е Алкараз за Медо, а на секоја подлога што не е хард Медо е ептен хендикепиран ради движењето и отскокот на топчето. По мене 3-0, евентуално 3-1 за Алкараз ради работиве што ги набројав погоре. Али пак ќе кажам, не смее да се отпише Медо скроз, можеби во услови со затворен кров, некое лудо серверско издание и малце послабо издание на Алкараз, би можел и да добие.