- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.988
- Поени од реакции
- 6.474
Све набројано се донации и воена помош, освен Украина од каде се купувало материјал за кеш, ги заборавив Т-72 од кои 37 биле набавени но предоцна пристигнале за да играат улога 2001, и донацијата на САД од 65 Хамви возила, може уште нешто.Фала ти за одговоров, не сум бил запознаен, само дали си сигурен дека сме ги добиле како донација/воена помош, или може само сме ги купиле од фирми од овие земји.
Освен еден куп 76мм брдски топови, РПГ-2 во југо-верзија, оси, зољи, југо-калаши М-70 и остало стрелачко наоружање и неколку БРДМ-2 оклопни автомобили не останало ништо повеќе како наслеџе од ЈНА.
За тоа во каква состојба биле донациите до некаде зборува фактот што Хермелините ден-денес се најбројно оклопно возило во АРМ опремени со МГ-3 (познат и како Шарац) куполите кои се локална модификација на овој германски оклопњак. Хамвите и Дифендерите се поделија нешто на АРМ нешто за МВР и гранична полиција.