Не сфаќам зашто го спинуваш муабетот и што има врска поразот на Рафа со муабетов? Па самиот Новак ти кажува дека не би играл да мисли дека не може да го освои турниров, значи дека се чувствува спремен тоа се виде уште у прво коло, па и денес, само што твоиве изговори дека газел ко на стакло, дека имал 37 итн не се баш меродавни, зашто човекот си тепа и си игра солидно. Ама најверојатно си правиш алиби за тоа ако го изеде у некоја од следните кола. Тоа што ќе отидеше за малку у 5ти сет денес е по заслуга на шкотот дека играше како издрогиран, а и ништо ново за Новак, традиционално губи по некој сет у први кола на ВМ.
Руне го спомна. Друже кои резултати ги има у кариера Руне на трева, а кои Новак? Руне исто нема титула сезонава, исто не е у форма, исто нема добри резултати. Објасни ми.
Ама што сакаш да изјавува кога настапува, кој тенисер излага на еден слем и вика тука сум ради курташак и сеедно ми е што ќе направам, има такви секако, петарди ко Томич, ама другиве посериозни, или од топ 10 еве, секој од нив излага со верба у себе дека може да освои, индивидуален спорт е ова не излагаат на терен а притоа самите себе да се отпишат од освојување, друго и не им преостанува, нема нерешено, нема бодови, излагаш и или тепаш или си идеш дома.
Алиби никакво не праам зашто цел живот го пратам, буквално цела кариера, и ти кажувам, ова му е последната фаза од истата, кога фрекфенцијата на порази ќе се зголеми, доволен показател ти е цела оваа сезона, и сега на ова додади дека доаѓа после операција тука.
Какво алиби друже, неаме ние веќе потреба за било какво алиби, после 23тата титула све е бонус, уште си го памтам постот кога реков дека тука може комотно да се пензионира дури и ќе беше апла стилски со оглед каде беше освоен тој турнир, кур ме боли веќе дали губел и од кого губел, поише од што сум барал од него достави, многу поише со оглед дека бев убеден дека нема шанса и Фед да го стаса, а не па ова сеа.
Не ме тангира ниеден негов пораз после 2023, не сум размазенко па да барам од него и на 40 да доставува слемови. Нека тера и нека си ужива у фамилијарниот живот, поише од доволно му даде на тенисот.
п.с. Човекот играл солидно викаш, друже ... тука требаше да прекинам да те читам најискрено
, убаво ќе беше да беше у право, ама не си, далеку од вистината е тоа, денешниот меч беше све само не солидно издание, дупла со 10 метри аут му пресуди на енглезот, идеше накај 5ти сет ова без проблем
Не си ти крив , Новак е крив што сеуште поставува високи стандарди и е топ 2 играч , па затоа сите очекуваме многу од него.
Еве изјава од него лично денес , па да не биде после вака така. Се надевам ќе стои на истово во евентуален пораз пред 1/2 финале. Ако не , убаво не мафта сите , па и му се може јебига.
Споредбава со Надал кој има дупло поише повреди и ја мислев ќе се пензионира 2022 , те опишува каква легенда си. Џабе збориме, роден контраш си , тоа донекаде ја праи темава интересна , ама па и може до вечност вака.
Кратко и јасно, Новак немаше да биде тука ако не сака да освои и не се осеќа дека може да освои, заеби ти години и повреди.
Тежок буквалиста си, везе немаш као ги сфаќаш работиве.
Рафа го спомнав зашто таа глупава логика ја форсираш, така да сигурно има некој низ интернетов што исто така се брукал и викал види го рафа, се избламирал на РГ, изгубил во прво коло, или пред да почне РГ, да терале со ставови дека срамота ќе е да изгуби тогаш. Имало такви сигурно, тешки незналици.
Не, не е тоа блам, ко што не е ни блам сега Новак ако изгуби, срамота е вакво нешто да кажеш со оглед на тоа како стојат работите со него оваа година. Истото и за тебе важи, изјавата е најнормална, и со тој став бил на повеќето турнири каде што играше сезонава, може исклучок да е само Швајцарија. У реалноста, тоа не значи дека он е у прајмот свој, излезен е од истиот, и формата не му е најидеална, и стварно глупаво е да ти се објаснува зашто не е срамота у моментов, пост операција, он да изгуби пред полуфиналето. Од, нема шанса да игра на Вимблдон, не е 24 години ко Фриц, до блам било да изгуби до полуфинале, редовно вакви глупости се пишуваат тука и ставовите варираат надреално, затоа и ти реков, терај си со ставот дека е блам, ама не си го претставувај тоа ко универзално прифатено мислење, зашто не е.
И конкретно за изговорите, нема никакви изговори, работата е колку неговиот максимум е доволен за титула тука, он секако ќе даде колку што може да даде, ама у моментов делува дека неговиот максимум е дискутабилен и дали би го поминал Руне, кој како што реков, секогаш го мачи Новак, и на бетон и на земја го има победувано, само на трева се немаат сретнато, сите меѓусебни сум ги гледал, освен првата кога Руне беше 3 години помлад, останатите 2 победи одење по жица, и едно изгубено мастерс финале, и физички многу захтевни мечеви. Цела сезона губи, 0 изговори има, освен пред РГ кога беше јасно дека со коленото има проблеми, после видовме и зашто.
Тешка тениска незналица човек треба да е да каже дека чист блам е евентуално губење од Руне у моментов, најискрено, oнака од инат зборење без никаква основа, па што сакаш ти мисли за мене контрач монтрач и остали глупости.