Фан Клуб: Вардар

Член од
11 април 2023
Мислења
2.173
Поени од реакции
7.335
Се слагам со Гокси, ПураМан и О.К не се ни малку добра работа за Вардар ама ај да почекаме да видиме официјално кога ќе се излезе со прес што ќе биде кажано,сигурно ќе ветуваат брда и планини ама ќе видиме што ќе направат.Прва работа се долговите,втора работа академијата и помошното позади источна трибина да се врати на ФК Вардар.
Дефинитивно клубот најдобро функционираше кога го водеа Комити се надевам дека и во новата управа ќе имаат големо влијание и нема да подлегнат под закани и притисоци кои сигурно ќе ги имаат.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.416
Поени од реакции
26.414

 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.873
Поени од реакции
7.683
Еве некое видео од овој Аранда, има 24 години, пишува дека природна позиција му е лево крило, во Језеро цело време десно крило играл, статистиката не му е некоја завидна за напаѓач, на 29 натпревари има 4 гола и 2 асистенции, сепак треба да се земе во предвид дека ни еднаш не изиграл 90 минути, на 11 натпревари влегувал од клупа и добивал по 15-20 минути, на 18 бил прва постава и излегувал од игра во 60-70та минута.
Претходно играл во некој клуб од Гватемала, на 17 натпревари постигнал 2 гола.

Нема некои бројки за фалење, вака на видета делува дека е добар со топка, има дрилблинг, може да се погоди, сепак да почекаме да биде официјално.



 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.815
Поени од реакции
2.361
Факундо делува како играч кој има проблем со кондицијата, не е случајно што не одиграл 90 минути. На видеото се гледаат повеќе позитивните страни. Една која ја приметив на прв поглед е тоа што се враќа да помогне на одбраната и тоа е доста позитивна работа. Треба да се обидат да донесат Бразилци, со оглед дека се доста прилагодливи. Инаку Шушњара се вратил во Словенија ќе игра за Триглав. Ќе видиме кои други играчи нема да се појават на тренингот.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Ждребката за првата лига е најавена за околу 25 јули , сезоната најверојатно ке почне на 4 август (недела)

Еве бидејки денес се почнува со тренинзи ке имаме само еден месец да направиме конкурентен тим кој би се борел за врвот и ке биде малце тешко сите играчи да се вклопат .

Од стариов тим дали 2-3 играчи имаат квалитет да останат во овој нов Вардар, со новиот буџет сега треба комплетно да го смениме скоро цел тим и да се донесат нови добри играчи ако сакаме да се бориме за врвот .

Еве почнаа шпекулации околу играчи и се надевам за брзо ке потпишеме квалитетни фудбалери , ајде Вардаре :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.971
Па скоро и никој да не остана од претходните...
Од последниве информации, ова треба да е составот со кој располагаме.

Голмани: Филип Гачевски (33), Методија Велковски (23), Никола Филевски (младинец, 18 години)

Одбрана: Ненад Мишковски (штопер, 37), Дејан Ѓуриќ (штопер, 25), Александар Ѓурковски (штопер, 23), Владица Брдаровски (десен бек, 35), Давид Велковски (десен бек/десно крило, 23)

Средина: Мартин Блажевски (дефанзивна средина/штопер, 31), Кристијан Николовски (дефанзивна средина, 26), Ѓорѓи Дошев (дефанзивна средина, младинец, 19 години), Дарко Мицевски (средина, 31), Филип Дурански (средина, 32), Горјан Цветков (офанзивна средина, младинец, 18 години), Огнен Здравковски (средина/десно крило(?), младинец, 19 години), Матеус Лемос (лево крило/десно крило, 26)

Напад: Марјан Алтипармаковски (32), Азер Омерагиќ (младинец, 21)

Од овие Лемос ќе биде повреден до богзнае кога. Мишко размислува за пензија и голема е шансата да не игра. А како што чув, можно е и Ѓуриќ да си оди.
Практично, ова е состав во кој на некои позиции немаме ниту еден играч или имаме некои ептен слаби играчи.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Мислам дека Азер од сезонава веќе не се води како младинец, ќе влезе како 22 годишен, Мацата не е сериозен квалитет веќе, можеби како џокер да изигра некоја минута на крај на утакмица, што значи дека ќе ни требаат најмалку 2-3 нови засилувања за во напад, средината ако продолжи Панта да игра фудбал, со него со Дурански, Пато и уште некое засилување не би била лоша, Дошев би требало да ни биде стартер за правилото за младинец според мене најдобар е од овие што ги имаме на располагање во моментов, одбрана дефинитивно ќе треба да се засилуваме, лев бек, штопер еден или двајца...Има работа :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.107
Поени од реакции
74.971
Мислам дека Азер од сезонава веќе не се води како младинец, ќе влезе како 22 годишен
Не е веќе младинец ваљда, овие годиниве ги копирав само од некој лански состав што сум го пишувал за да ми биде полесно да го составам преостанатиов играчки кадар :D
 
Член од
13 август 2019
Мислења
641
Поени од реакции
3.418
Не е веќе младинец ваљда, овие годиниве ги копирав само од некој лански состав што сум го пишувал за да ми биде полесно да го составам преостанатиов играчки кадар :D
Да се надеваме дека годинава нема да е стартер, да не се мачиме и ние и он... :D
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.775
Поени од реакции
6.569
Затоа пишав од ова сега моментално во Вардар дали вредат 2-3 , а од тие Мицевски и Лемос се повредени и незнам кога би се вратиле назад на терен .

Би го задржал Гачевски колку и да го хејтате дека знае да направи кикс , остана кога беше најтешко во втора лига и не би било фер сега да се избрка ..

Реално ни треба цел тим да купиме , каков Блажевски каков Омерагиќ (само ради татко му играше лани), не ги бива и тоа е тоа ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom