Имам огромен проблем од инфестација на болви во затворен објект од 100 м2. Прибрав мачка со мали мачиња за да ја заштитам од други мачори, и во рок од недела/две просторот врија од болви. Мачката и мачињата се третирани и отстранети од просторот. Ова го немам видено досега. Не знам дали да пробам со неопетроид алфа, но буквално не се влегува во просторот одма скокаат на тебе. Дали можеби може некој да ми предложи и фирма за дезинсекција која работи и во Прилеп. Звонев на неколку од Скопје и пишав мејл, но уште немам одговор.