Прашање за Христијанството III

GMC

Член од
18 мај 2024
Мислења
21
Поени од реакции
26
Не те молам, ама дај направи еднаквост меѓу „Исус„ и „Бог„. Исус Е Бог, Господ Бог, Богочовек. Исус Е над све, дадена Му е власта од Бога Отецот.

Фала...
Добро. Ако Исус е БОГ, тогаш дали Исус е и Творецот на универзумот?
Автоматски споено мислење:

Добро. Ако Исус е БОГ, тогаш дали Исус е и Творецот на универзумот?
Ако на Исус му е дадена власта од Отецот, односно БОГ, тогаш како може Исус да е БОГ.
Едноставно ми е прашањето.
Една работа што јас ја знам е дека БОГ е еден и семоќен. Исус е поставен од БОГ да владее.
Поздрав
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Добро. Ако Исус е БОГ, тогаш дали Исус е и Творецот на универзумот?
Да. Исус Христос, Синот Божји, Е творец на Унивезрумот, во заедничко дејство со Отецот и со Духот Свет.
Она кое Бог Отец го промислува, Бог Син го извршува, а Бог Дух Свет го оживува.
Троичноста Божја е неразделна, а особините од Божјите личности се неслиени.
 
Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
Што означува ова „масло и вино“ за даден ден кога постат христијаните?
Само тоа да се конзумира? :)
Не, туку дозволено е храната да се прави со растително масло. Тоа само вторник и четврток, па и сабота и недела.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Не, туку дозволено е храната да се прави со растително масло. Тоа само вторник и четврток, па и сабота и недела.
А вино? Од алкохол само вино? Во таа смисла?
 
Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
А вино? Од алкохол само вино? Во таа смисла?
Да. По правило, тоа што го пиел Исус не било вино туку сок од грозје. Во еврејскиот има ва различни збора за тоа, но кога преведувале грците, го напишале вино.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Да. По правило, тоа што го пиел Исус не било вино туку сок од грозје. Во еврејскиот има ва различни збора за тоа, но кога преведувале грците, го напишале вино.
Каде го има оригиналот на еврејски дека пишува сок од грозје, или не смее Исус да има врска со алкохол/вино?
Од друга страна нели вели ова е мојата крв и од тогаш виното е симбол на крвта а не сок од грозје?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Што означува ова „масло и вино“ за даден ден кога постат христијаните?
Само тоа да се конзумира? :)
Начинот на кој се држат повеќедневните пости е пропишан и познат.

Ако во правилата за пост пишува „масло и вино„, тоа значи дека тој ден не е строг пост „на вода„ (храна подготвена само со вода), туку се допушта користење и на масло и вино. Виното е буквално вино, не „нешто друго„, затоа што низ целото Свето Писмо се среќава тој пијалак и се препорачува како алкохолен пијалак кој може да се користи, оти не предизвикува зависност, како што тоа го чинат другите алкохолни пијалаци. Маслото треба да е од растително потекло.
 
Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
Каде го има оригиналот на еврејски дека пишува сок од грозје, или не смее Исус да има врска со алкохол/вино?
Од друга страна нели вели ова е мојата крв и од тогаш виното е симбол на крвта а не сок од грозје?
Во библијата многу добро е кажано дека пиењето алкохол е грев. Сите знаеме дека Исус бил безгрешен, што значи дека ако пиел вино, тука се пропаѓа во вода. Тоа не било вино, туку сок од грозје.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Во библијата многу добро е кажано дека пиењето алкохол е грев. Сите знаеме дека Исус бил безгрешен, што значи дека ако пиел вино, тука се пропаѓа во вода. Тоа не било вино, туку сок од грозје.
Но освен грчки редактирани текстови ти немаш нов завет на Хебрејски каде што пишува сок... Стои вино. Или грешам?
Или тоа се усни преданија?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.387
Поени од реакции
8.989
Во библијата многу добро е кажано дека пиењето алкохол е грев. Сите знаеме дека Исус бил безгрешен, што значи дека ако пиел вино, тука се пропаѓа во вода. Тоа не било вино, туку сок од грозје.
Oткај го извади овој „длабокоумен“ протестантски заклучок?

Дали знаеш дека постои кошер вино, и замисли, во него има алкохол?

1720003578153.png
Не е пиењето вино штетно, туку пијанчењето, исто како што јадењето не е штетно и грев, туку лакомоста и прејадувањето.

И ако го примениме твоето размислување дека тоа не било вино, туку сок од грозје, откаде ти изведуваш заклучок дека Исус не можел да биде безгрешен, доколку пиел вино, тогаш како на ова би гледал еден Етиопјанин за кого важи следнава култура на исхрана:

1720005931298.png

За јадење се користи само десната рака. Храната се зема со два или три прста. Секогаш треба да се џвака со затворена уста и само на едната страна од вилицата. Џвакањето од двете страни се смета за ненаситност.

Според ова видување, дали секој што ја џвака храната со двете страни на вилицата се смета за ненаситен и прави грев?

Не за џабе постои Апостолско преемство и Егзегетика и не може Светото Писмо да се толкува така што ќе се земе искасапената Библија на Мартин Лутер и ќе си ја читаш и толкуваш онака како што тебе ти се чини.

На хебрејски:

1720006352675.png

1720008361989.png

Вино на хебрејски е јајин.
Шира (гроздов сок) на хебрејски е тирош:

1720009708409.png
На арамејски:

1720008830596.png
1720010472790.png
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
949
Поени од реакции
967
Јас го имам најважното прашање:
Дали луѓето живеат во последните часови на земјата и дали се наближува крајот на светот и царството небесно?
- Според моето видување, имам да ви кажам неколку работи:
- Имам некои визии кои ми се јавуваат во сон, имам предвидено работи и ми се случиле
- Сум размислувал за пари, лакомост и во исто време сум одел во црква што е погрешно сосема
- Се гордеев, но пополека ја гаснев горделивоста и почнав да се покорувам кон Бога
- Сум се правел безгрешен, но сега се каам за гревовите што сум ги сторил, но некои биле несмислени и без да сакам да ги сторам.
За Овие работи ги слушнав дека ако некои ги прави се ближат крајните денови и судот божји. Исто така разбрав за Антихристот и тоа како ќе бидат луѓето со печат и тие на судниот ден ќе бидат уништени одма.
И имам уште едно прашање: Кој е антихристот? Кој е моментално неговиот претставник?
 
Ќе ги прескокнам твоите визии па преоѓам на другите прашања:
- Крајот на Светов се наближува. Денес сме најблиску до неговиот крај. Кога ќе се случи крајот, ќе видиме. Денешните случувања и процеси низ Светов наведуваат на тој крај.
- Антихристот ќе биде лажниот месија, кој ќе се зацари во обновениот храм во Ерусалим, како владетел над сите народи по Земјава. Не постои негов „претставник„, иако низ историјата се појавија многу поединци, кои според начинот на владењето се претслика за самиот антихрист, кој неминовно ќе се појави.
 
Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
126
Поени од реакции
113
Како се вика молитвата што се пее за слави кога се врти лепчето?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom