@Џони От
Значи, не е вредно квичење и инсистирање на "битолски деца". Сите играт за пари и "нашите" и останатите. Битолчаните дури и со помалку почит гледат на Пелистер од останатите.
Ако прочита и од вчера/некни мој пост. Прво се земат домашни засилувања, ради то шо е и ограничен бројот на странци колку шо знам, па после ќе се земат и странците. И нормално дека секој странец е од менаџерска компанија донесен т.е. ти како шо велиш преку некој канал. Идат менаџери и за парите кој ги дава Пелистер ти нудат 5/6/10 играч.И ако не е преку промо клип како ќе се одлучиш ти кој да го земиш? Демек Тиквеш ги знаеше тие шо ги зеле? Шкупи 30 странци смена ама 2/3ца се погодија. Од еден и пари напраја, во Белорусија мислам замина тој напаѓачот. Зато велам, странците шо идст кај нас се мачка во вреќа. Можиш да погодиш ко шо погодивме со Жуниор и Миранда, а можи и да се погодст ко уште сто после нив шо биле во Пелистер кој никој не ги ни запамти.
По мое, стално треба да целиме на повисоко ниво, на подобар клуб, на напредок...но истото треба да се прај на конструктивен начин, на начин на кој ќе знајш дека ќе биди од корист и пред се да се водиме од реалноста а не сништата и желбите. Ако земам да редам од колку работи сум незадоволем во спортот и градот, до утре да пишам нема да допишам. Ама шо фајде ако се истушам тука? Освен шо ќе пренесам негативна енергија кај другите, ништо. Сами овде водиме кампања, ова не чини она чини, овај ваков онај таков...и после ко че видиме празни сали и стадиони, пак плукаме. А не сме свесни дека за да се празни сме придонеле и ние.
Чкембари ако сакат да бидат сфатени сериозни, прво трева луѓе на трибина да донесиме, да бидиме и ние сериозни, па после да можиш да влијаш на нештата кога другите ќе знат дека не си шогоде. Без разлика на какви де клубојте, ние како навивачи и публика треба да се стремиме за шо пополни трибини. Не само за групата, ако градот види дека никој кур не го боли за фудбалот, ќе речи шо па да даваме 15/20милиони денари ко никој не се ни замара. Мисла ми ја сфативте поентата, сите сме на иста страна. Само треба правилен пристап ако сакаме промена на подобро.