Бајден против Трамп - Избори 2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи ма изборите во ноември?

  • Демократскиот кандидат Џо Бајден

    Гласови: 2 3,2%
  • Републиканскиот кандидат Доналд Трамп

    Гласови: 61 96,8%

  • Вкупно гласачи
    63

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
243
Поени од реакции
188
Овогодинешните избори во САД се 60-ти пи ред во државата на кои ќе се одбере претседателот и заменикот претседател ма државата, како и членовите на сенатот и домот. За претседател, оваа година се борат истите кандидати о пред 4 години, само во поинакви улоги. Бајден е тој кој ќе проба да си го задржи столчето, а Трамп е тој кој ќе проба да си го врати.
Joe_Biden_presidential_portrait_(cropped).jpg
Donald_Trump_(53788147813)_(cropped).jpg
Во САД, претседателот не се избира директно од граѓаните, туку од Изборниот колеџ. Членовите на Изборниот колеџ се определуваат пред изборите, а граѓаните со својот глас за претседател на САД на денот на изборите, кој е вторник, 5 ноември 2024 година, всушност им кажуваат на избирачите да гласаат за избраниот кандидат во име на таа сојузна држава. Вистинските претседателски избори се одржуваат во декември 2024 година кога Колегиумот заседава и гласа. Целиот колегиум не се собира на едно место, туку на денот на гласањето се состануваат во главните градови на нивните сојузни држави. Секој селектор има 2 гласа; еден за претседател и еден за потпретседател. При гласањето, избирачот не мора да гласа за претседателскиот кандидат кој победил во неговата држава, иако во некои има правни последици за тој чин. По гласањето, гласовите се испраќаат во Вашингтон, каде што ќе бидат јавно прочитани и пребројани на заедничка седница на двата дома на Конгресот на 6 јануари 2025 година. Во случај на успешни избори, инаугурацијата на новоизбраниот претседател се случува на 20 јануари 2025 година.

Доколку ниту еден претседателски кандидат не освои најмалку 270 електорски гласови, тогаш без разлика на перформансите на останатите претседателски кандидати, тој се избира во Претставничкиот дом. Во тој случај, државните претставници гласаат за претседател, а кандидатот кој ќе освои мнозинство претставници од таа држава добива 1 глас од таа држава. Во меѓувреме, претседателот на Претставничкиот дом станува вице претседател на САД. Слично на тоа, ако ниту еден кандидат за потпретседател не освои најмалку 270 електорски гласови, тогаш без оглед на перформансите на другите кандидати за потпретседател, тој се избира во Сенатот. За разлика од Претставничкиот дом, за време на овие избори гласовите на секој поединечен сенатор се брои посебно.

Освен Трамп и Бајден, има уште кандидати кои се борат за столчето претседател на најмоќната земја на светот, но поради двопартискиот систем кој владее во државата, кандидатите на Либералистите и на Зелената партија скоро никогаш не добиваат ниту еден електорски глас.

На 27 јуни по локално време, а на 28 по наше, се оддржа првата претседателска дебата после која Американците се запрашаа како најмоќната држава на светот, успеа да падне на олку ниско ниво на кое мора да избира меѓу овие два кандидати.
 

Attachments

  • Joe_Biden_presidential_portrait_(cropped).jpg
    Joe_Biden_presidential_portrait_(cropped).jpg
    304,1 KB · Прегледи: 6
Нема теорија Бајден пак да тепа, ептен е сенилен. Гледав и некои исечоци од дебата, не знае да зборува, само гугу гага, како бебе да е.
 
Демек демократите ќе бараат нов кандидат по брза постапка после дебатата од вчера.
Кој и да е, започнува со хендикеп према Трамп. Ако остане Џо, ќе губи ко сдс годинава
 
Демек демократите ќе бараат нов кандидат по брза постапка после дебатата од вчера.
Кој и да е, започнува со хендикеп према Трамп. Ако остане Џо, ќе губи ко сдс годинава
Дали би било можно тоа? Сепак Бајден победи на caucus-ите. Конвенцијата мислам сега јуливо им е или евентуално август.
 
Дали би било можно тоа? Сепак Бајден победи на caucus-ите. Конвенцијата мислам сега јуливо им е или евентуално август.
Па да ако го сменат тоа ќе биде на конвенцијата, мислам дека е крај на јули. После конвенцијата е прекасно за се.
 
Па да ако го сменат тоа ќе биде на конвенцијата, мислам дека е крај на јули. После конвенцијата е прекасно за се.
Сега видов, крај на август била, а единствен човек кој може да го тргне Бајден од трката бил самиот Бајден. Доколку не одлучи тој, а не знам колку е во состојба сам да одлучува, ќе остане во трката.
 
Не верувам да го сменат Џо, од причина што немаат со кого, освен Хилари. Но не верувам она да се нафати. Зборат за Мишел Обама, но она нема врска од политика водење.
 
Не верувам да го сменат Џо, од причина што немаат со кого, освен Хилари. Но не верувам она да се нафати. Зборат за Мишел Обама, но она нема врска од политика водење.
А Бајден па ете го експерт за водење политика.
 
Со оглед на интелегенцијата што ја има просечниот американец и разните либтард лгбт движења не ме чуди пак да победи Бајден. Инаку се знае дека Трамп е каде каде подобар избор, поготово што не е толку про-воено ориентиран и затвори конфликти наместо да отвара нови како овој во Украина.
 
Сега видов, крај на август била, а единствен човек кој може да го тргне Бајден од трката бил самиот Бајден. Доколку не одлучи тој, а не знам колку е во состојба сам да одлучува, ќе остане во трката.
Тој и сега не одлучува останува да видиме
Не верувам да го сменат Џо, од причина што немаат со кого, освен Хилари. Но не верувам она да се нафати. Зборат за Мишел Обама, но она нема врска од политика водење.
Мислам дека се пробни балони, ама би било јако да го видиме Барак како прва дама.
А Бајден па ете го експерт за водење политика.
Бајден е 40 години во висока политика на САД. Ама се си има рок на траење
 
Не верувам да го сменат Џо, од причина што немаат со кого, освен Хилари. Но не верувам она да се нафати. Зборат за Мишел Обама, но она нема врска од политика водење.
Ако го менуваат може само Харис да е или па овие двајцава што беа во трката. Хилари више и таа не може, преквакана е.
А Бајден па ете го експерт за водење политика.
Беше експерт. Баш гледав видео од 2020 на прес-конференција ко надминаа 270 електори, изгледаше ко да знае што да прави, и не личеше на изгубено старче ко вчера на дебатата туку ко човек кој може да ја води државата. Ама сепак староста го направи своето.
 
Ако го менуваат може само Харис да е или па овие двајцава што беа во трката. Хилари више и таа не може, преквакана е.

Беше експерт. Баш гледав видео од 2020 на прес-конференција ко надминаа 270 електори, изгледаше ко да знае што да прави, и не личеше на изгубено старче ко вчера на дебатата туку ко човек кој може да ја води државата. Ама сепак староста го направи своето.

Камала нема рејтинг. Кога се бара кандидат се бара некој што стои добро на национално ниво. На демокративе Џо им е најдобро што можат да понудат, колку и тоа да звучи лудо :D , али сами се ставиле у таа ситуација.
 
Ако го менуваат може само Харис да е или па овие двајцава што беа во трката. Хилари више и таа не може, преквакана е.

Беше експерт. Баш гледав видео од 2020 на прес-конференција ко надминаа 270 електори, изгледаше ко да знае што да прави, и не личеше на изгубено старче ко вчера на дебатата туку ко човек кој може да ја води државата. Ама сепак староста го направи своето.
Не заебавај, отиден беше и тогаш, само сега е претерано.
 
Не заебавај, отиден беше и тогаш, само сега е претерано.
Можда си бил, ама сепак беше способен да води држава, сега е далеку од тоа.
Нека го стават Џими Картер, eligible е нема двата мандати поминато. :icon_lol:
Најлошиот претседател во историјата на САД. Нека е жив и здрав, сега октомври 100 ќе прави.
 
Back
На врв Bottom