Кирца, ништо не си најавил прв, само изгледа за прв пат имаш инсајдерски информации и се истрча да ги пишуваш кога веќе сите ги знаевме уште пред година дена

Едноставно, инфото ти беше no shit Sherlock

Од пред година дена е муабетот дека кога ќе се смени власта ќе се бара чаре за македонските клубови, особено трите со најголема фан база како Вардар, Пелистер и Победа. Уште пред да се смени власта, преку градоначалниците од скопските општини, Битола и Прилеп, се врти муабет за конкретни спонзори на клубовите. Ништо ново не си открил, само се истрча да скроиш капа на нероден Петко.
Барем ти си 20 години на трибина, треба да знаеш да не паѓаш на вакви муабети.
Прво од најава, до конкретни разговори разликата е небо земја. Посериозна понуда беше доставена деновиве, а не кога најавуваше ти во темава и порталиве што читаат тука.
Тие понуди се да одбираш дали змија да те апне или магаре да ти го бапне.
Сите знаеме дека позади таквите "странски" инвеститори стојат истите оние што на грбот на Вардар си направија фиктивни долгови и ни го закопаа клубот во гомна до гуша. Т.е. не до гуша, туку пет метри преку глава.
Затоа цело време ти викаме во темава нема потреба од палење и бомбастични најави, затоа што ниту една таква приказна не завршила добро.
Јас не ги сакам ни сдс ни дпмне, тоа сите јавно го знаат. Од одредените шпонови од сдс не очекувам ништо, затоа што нивното членство нема никакво патриотско чувство и едноставно од нив не се ни разочарувам, затоа што секако немам очекувања. Тие кога се на власт, полицијата е лабава кон навивачите, не се мешаат во навивање, да бевме во финансиски стабилна состојба, немаше да не кочат ни во спортски прогрес. Они едноставно не ни помогнаа кога мораше да помогнат, затоа што немаат никаков политички интерес од Вардар.
Од друга страна ги имаш дпмне. Прават нешто колку да личи дека којзнае што направиле, а од внатре те цицаат на долг рок. Несомнено нивното членство (барем тоа во пониските слоеви) имаат патриотски чувства и поголемиот дел на нашето членство има симпатии кон нив. И после секоја нивна победа и јас се лажам дека ќе биде подобро за Вардар, дека има и нивни градоначалници и луѓе на функција кои го сакаат Вардар и на крај секогаш се разочарувам. Луѓето забораваат ама сите финансиско крахови на Вардар се случиле во нивно владеење, поради мешање на нивни луѓе во клубот. Да чекаме Камчев да не спаси долгорочно е како да чекаш Америка да ја извади од калта државава. Краткорочно верувам дека ќе го кренат клубот, долгорочно пепел ќе остане, пак ќе формираме одбори за спас, пак Комити ќе го спасуваат клубот.
Плус, имаш еден куп партиски пијавици на возраст над 30-40 години што некогаш оделе на запад, кои ако намирисаат пара забораваат и на другарите од Комити и на цел труд на сегашново раководство, па ќе сакаат да де замешаат пак во групата и во клубот и ќе се случи ново сценарио како во 1999 и во периодот 2014-2017 кога на сите начини пробуваа да не згаснат (од Гоца бркот до Боле и алфашите), истите оние кои сега чекаме да не спасат. Она со Самс беше сплет на околности, хемија меѓу играчи и навивачи и затоа потраја подолго отколку што и самите очекуваа. Самс колкав долг и да остави, не е целосно крив, сепак и вложи многу. Да го сакаа вистински клубот, прво со него ќе седнеа на маса и како попче ќе си го вратеше игралиштето во парк. Па и сега му го водат истите луѓе што беа со него во Вардар
Едноставно не сфаќаат дека и за нив како партија за нас како вардарци/македонци е да ја држат политиката на страна од спортот. Прв ќе одам да ги гласам во таква ситуација. Вардар треба да е финансиран од градот и скопските општини и приоритет треба да е враќањето на долгот и развивање на школата. Кога отом потом ќе се среди државава, тогаш може да се размислува за соработка со странска (а зошто да не и со тукашна комшанија). Принуди ги да инвестираат приватните фирми, дај им некакви поволности. За што кур се телеком или евн овде? Стегни ги да мора да инвестираат во спортот, како што им прави Орбан во Унгарија или Вучиќ во Србија. Ќе инвестираат и други фирми кога ќе знаат дека нема партиски аждаи да има по клубовите кои ќе им ги цицаат парите.
Е сега прашањето е што понатаму?
Ова што го пишав погоре е научна фантастика кај нас. За нас во суштина нема спас, освен ако не го согледаат решениево кое го пишав погоре.