Албанија - место за одмор

Член од
20 септември 2023
Мислења
304
Поени од реакции
1.688
Да сумирам накратко од мојата 3-4 дневна посета на Албанија:

- Валона и Тирана од пред 10-15 години и сега не се споредуваат. Драч ми изгледа се уште дивтарски, но е значително подобар од пред неколку години.

- патиштата им се доста подобрени во последниве години, добар е патот на речиси 90% од рутата Скопје-Призрен-Валона.

- Орикум е мало место, плажите се микс од камења и искршени стаклени шишиња. Во вода, барем на оние места кај што бев, претежно беше плитко со песок. Лежалките 5-6-7 евра, освен во она Бојо Ресорт каде што беа 15е. Цени на плажа: пиво 3е, сокови 2,5е, нес кафе 1,5е, еспресо 0,90е. Маркетите беа со цени слични како кај нас, но многу покачени од пред неколку години. Сместувањето во овој период е околу 30е.

- Дерми е ок место, премногу се гради, забележав дека 90% се млади на плажите, иако е далеку од нешто WOW како што го опишуваат. Според мене, вреди да се види, но јас не знам дали би издржал цел одмор таму (7-10 дена). Природата преку Логара е преубава, но ако не сте сигурни во ламелата на колата, почекајте уште некој ден-недела-месец да се отвори тунелот. Цени на плажа: лежалки сет 10-15е, а оние огромнине кревети беа по 20-25е. Пиво: 3е Корча, 5е Хајнекен/Баварија/Пауланер, коктелите 8-10е, пици 7-10е, октопод 300гр - 25е, микс 20е (Орикум, Драч и Валона беа за некое евро поевтини). На оние неколку места кај што прашав, сместувањето беше 60, 70 и 90е. Таму каде што се сместив платив 65е во едно брдо. 300 метри тука се како 3км. Местово е максимум да се плати 40е во сезона и тоа за смештај на плажа, се друго е чист грабеж.

- премногу е прљаво, ако мислите дека Македонија е со ѓубре насекаде, очекувајте ваму х10 од сето тоа.

- во кружен тек предност има оној што е залетан и вози побрзо.

- полиција има на секои 15-20км.

- поголема шанса има да се најде келнер што зборува македонски, отколку англиски.

Сума сумарум, добра замена за Паралиа, Олимпик Бич, Лептокарија и неколку слични места (прчварници) од првиот крак каде што цените отидоа преку 60е за ноќевање. Па во еден Дојран бараат по 30е за сместување… Но, почнале и во Албанија да забегуваат со цените, а реалноста на она што го нудат (приватни сместувања) и плажите треба да биде максимум 35-40е. За услужливост и помош се исклучително коректни, сигурно се барем 20 нивоа над оние што живеат по Чаир, Сарај и Сингелич.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.695

Ako gi preskoknam cenive shto si gi pishal, znachi nicht ne se smenalo odkako bev pred 10 godini.
Diva liga si e diva liga. Ama kako sto gledam stanalo i za siromashtijava shto odeshe do sega luksuz.

Ne fala. Podobro ushte 20€ ili ushte 100 km povejche i barem vo civiliziran svet.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.756

Валона

Во Грција како се заминати цените нема да бидат уште 20 евра плус туку уште 200 евра минимум.
Храната е поскапена ама ништо страшно.
За 12 евра јадев две порции морска храна и тоа превкусна а Калитеа испод 15 евра немаше порција
Имаш фаст фуд кај шо ќе јадеш гиро за 3 евра, сендвич во фурна за 2 евра и слично
Пиците им се скоро сите печени во фурна на дрва и повкусна пица не сум јадела долго време, 500/700 леки беше една голема пица, значи поефтино од кај нас.
Пијачките на плажа како шо кажа членот, од 200/250 леки нивно локално пиво до 300/350 леки Корона и некој слични.

Коктелите по 5 евра, кафето едно евро, сокчињата 2 евра

Грција на првиот крак се дупло поскапи од тука пијачките.

Поубава е Грција нема збор, од страна на чистота, среденост, поубави плажи, нема збор ама цените се тие.

Плажите од Валона накај Радиме се поубави, и посредени ама се со камчиња и за деца е малку комплицирано.

Ние седнавме на една плажа после Бора Бора, Дома се викаше
Местото е како Оревче бич Охрид, со многу маслинови дрва, сенки колку сакаш, идеално место за горештините, има шанк кај шо служат пијалоци и пици, има и паркинг преку улицата.

Апартманите беа топ, пречисти и прекомфортни, едниот беше опремен со кујна и имаше се шо му е потребно на едно семејство, за тие пари во Грција ќе добиеш една соба од на Тито времето со три кревети и толку.
За тие пари вреди Албанија
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349

Баш ме интересира што содржеа и колкави беа тие порции за 12е
Јас кога бев во короната цените на морското скоро израмнети беа како во Грција иако сите викаа живо џабе дека било
Гирото и пиците стварно добри со нереални ниски цени беа ама другото не
 
Порција школки, и порција паста со микс од морски плодови Screenshot_2024-06-22-17-58-10-050-edit_com.instagram.android.jpg

Нормални порции како секаде

Другарка ми јадеше порција стек и грчка салата за 11 евра

Имаше неколку понуди, другата беше рижото со морски плодови и грча салата

Ова како јадење на денот ни ги понуди

Карши градската плажа во Валона, La Familia се викаше ресторанот, топ храна и многу добра услуга.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
304
Поени од реакции
1.688
Валона

Во Грција како се заминати цените нема да бидат уште 20 евра плус туку уште 200 евра минимум.
Храната е поскапена ама ништо страшно.
За 12 евра јадев две порции морска храна и тоа превкусна а Калитеа испод 15 евра немаше порција
Имаш фаст фуд кај шо ќе јадеш гиро за 3 евра, сендвич во фурна за 2 евра и слично
Пиците им се скоро сите печени во фурна на дрва и повкусна пица не сум јадела долго време, 500/700 леки беше една голема пица, значи поефтино од кај нас.
Пијачките на плажа како шо кажа членот, од 200/250 леки нивно локално пиво до 300/350 леки Корона и некој слични.

Коктелите по 5 евра, кафето едно евро, сокчињата 2 евра

Грција на првиот крак се дупло поскапи од тука пијачките.

Поубава е Грција нема збор, од страна на чистота, среденост, поубави плажи, нема збор ама цените се тие.

Плажите од Валона накај Радиме се поубави, и посредени ама се со камчиња и за деца е малку комплицирано.

Ние седнавме на една плажа после Бора Бора, Дома се викаше
Местото е како Оревче бич Охрид, со многу маслинови дрва, сенки колку сакаш, идеално место за горештините, има шанк кај шо служат пијалоци и пици, има и паркинг преку улицата.

Апартманите беа топ, пречисти и прекомфортни, едниот беше опремен со кујна и имаше се шо му е потребно на едно семејство, за тие пари во Грција ќе добиеш една соба од на Тито времето со три кревети и толку.
За тие пари вреди Албанија
Ја имаш посетено Тирана пред 15-20 години?

Храната си е супер, нема тука збор. Заборавив да пишам дека во Орикум гирото е 2,5е, мешана/грчка салата од 4е па нагоре, а во Дерми плус евро-евро ипол.

Да не се лажеме, далеку е од живо џабе, живо џабе беше пред една декада. За наш стандард е прифатливо бидејќи ако бираш одмор во Дојран или Претор, 100 пати е подобро да отидеш на овие места во Албанија. Инаку, 2л Кока Кола во маркет е 2 евра, Стела пиво од 1,5л е 2 евра, а Пеја од 2л е 3 евра. Лејс чипсовите им се по 3 евра, оние Випа мипа по 2 евра, сирење кило беше околу 10 евра, млеко од 1,5 до 2е. Ова ти кажувам за Орикум и Дерми, овие цени ги нема ни во Скопје.
Автоматски споено мислење:

Баш ме интересира што содржеа и колкави беа тие порции за 12е
Јас кога бев во короната цените на морското скоро израмнети беа како во Грција иако сите викаа живо џабе дека било
Гирото и пиците стварно добри со нереални ниски цени беа ама другото не
Храната им е стварно ок, можеш со било која порција да се прејадеш. За другово се согласувам, далеку е од живо џабе, голем дел од работите се поскапи за нијанса и од кај нас.
Автоматски споено мислење:

Ako gi preskoknam cenive shto si gi pishal, znachi nicht ne se smenalo odkako bev pred 10 godini.
Diva liga si e diva liga. Ama kako sto gledam stanalo i za siromashtijava shto odeshe do sega luksuz.

Ne fala. Podobro ushte 20€ ili ushte 100 km povejche i barem vo civiliziran svet.
Ако би бирал помеѓу Претор, Дојран, Паралија, Лептокарија и Орикум/Валона, би ги одбрал последниве. Дерми е ок за еден ден, а не верувам дека некој нормален би платил +1000евра за да истера одмор таму. Во август треба во Химара и Ксамил да одам, па ќе пишам цени, иако многу од пријателиве викаат дека многу се покачени цените и тамуза сместување во споредба од пред година-две.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.756
Ја имаш посетено Тирана пред 15-20 години?

Храната си е супер, нема тука збор. Заборавив да пишам дека во Орикум гирото е 2,5е, мешана/грчка салата од 4е па нагоре, а во Дерми плус евро-евро ипол.

Да не се лажеме, далеку е од живо џабе, живо џабе беше пред една декада. За наш стандард е прифатливо бидејќи ако бираш одмор во Дојран или Претор, 100 пати е подобро да отидеш на овие места во Албанија. Инаку, 2л Кока Кола во маркет е 2 евра, Стела пиво од 1,5л е 2 евра, а Пеја од 2л е 3 евра. Лејс чипсовите им се по 3 евра, оние Випа мипа по 2 евра, сирење кило беше околу 10 евра, млеко од 1,5 до 2е. Ова ти кажувам за Орикум и Дерми, овие цени ги нема ни во Скопје.
Автоматски споено мислење:

Храната им е стварно ок, можеш со било која порција да се прејадеш. За другово се согласувам, далеку е од живо џабе, голем дел од работите се поскапи за нијанса и од кај нас.
Во малите маркети цените беа изгор скапи, пред бегање застанавме во еден голем маркет упола беа цените на сите производи.
За Дерми имам слушано дека цените се изгор.
Ама Валона мене океј ми беа цените.
Колку да биди поефтино, без пари да ни даваат :D
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
304
Поени од реакции
1.688
Во малите маркети цените беа изгор скапи, пред бегање застанавме во еден голем маркет упола беа цените на сите производи.
За Дерми имам слушано дека цените се изгор.
Ама Валона мене океј ми беа цените.
Колку да биди поефтино, без пари да ни даваат :D
Не викам џабе да даваат, пишувам само како реално се цените, а тие се далеку од живо џабе, но најсоодветни за просечен македонски граѓанин во споредба со другиве држави. Пишав и погоре, 10 дена во Дојран или Валона исто ќе го фати човек, а во Валона ќе помине многу подобро. Но, да е времето пред короната, реалната цена на сместувањето со оглед на се останато треба да биде многу многу подоле.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.756
Не викам џабе да даваат, пишувам само како реално се цените, а тие се далеку од живо џабе, но најсоодветни за просечен македонски граѓанин во споредба со другиве држави. Пишав и погоре, 10 дена во Дојран или Валона исто ќе го фати човек, а во Валона ќе помине многу подобро. Но, да е времето пред короната, реалната цена на сместувањето со оглед на се останато треба да биде многу многу подоле.
Е колку бе пријател поефтино, сместување за двајца во шпиц сезона е околу 200 евра за 7 ноќевања на букинг.

Како креваат насекаде цените ова е таман.
Башка шо таму нема многу да потрошиш, убаво пиша,за просечен Македонец е океј, да не мора да влечка домати пиперки од дома, туку да јади и пие ко чоек по кафани.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
304
Поени од реакции
1.688
Е колку бе пријател поефтино, сместување за двајца во шпиц сезона е околу 200 евра за 7 ноќевања на букинг.

Како креваат насекаде цените ова е таман.
Башка шо таму нема многу да потрошиш, убаво пиша,за просечен Македонец е океј, да не мора да влечка домати пиперки од дома, туку да јади и пие ко чоек по кафани.
Не знам зошто упорно вртиш едно исто во репликиве. Неколку пати пишав, ЗА МЕНЕ, како замена за Дојран, Претор и прчварниците на прв крак плус Паралија и компанија, Валона и Орикум се сосема пристојна опција. Но, никој нема да ме убеди дека Дерми е некое монденско место како што го претставуваат и дека вреди да се плати сместување од +1000евра за 7 или 10 дена.

Цените ги пишав затоа што можеби некој планира да оди таму на одмор и да му служат како некоја ориентација, но пак ќе кажам, далеку е од живо џабе.

Природата им е преубава, потенцијал за развој на туризам имаат доста голем, но мислам дека се способни да реализираат максимум 50% од тој потенцијал. Патишта градат на секој чекор, а ние еден век чекаме на Кичево - Охрид. Сигурно дека во иднина без проблем пак би престојувал таму, но, лично за мене, се што е над 30 евра за сместување е чист грабеж, па макар и во луксузен апартман да е човек сместен.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.144
Одамна не сум била во Албанија, инаку ја знам уздуж и попреку.
Ме интересира какви им се тоалетите во кафичите, ви рестораните, уште ли имаат кофа со вода за миење дупе?
Ретко каде имаше сапун и тоалетна хартија.
 
Па не знам кој нормален би дал 1000 евра за во Дерми, не знам колку е сместување во Дерми додуша.
Автоматски споено мислење:

Одамна не сум била во Албанија, инаку ја знам уздуж и попреку.
Ме интересира какви им се тоалетите во кафичите, ви рестораните, уште ли имаат кофа со вода за миење дупе?
Ретко каде имаше сапун и тоалетна хартија.
Аман поздрав 2024 година сме побогу :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.144
Па не знам кој нормален би дал 1000 евра за во Дерми, не знам колку е сместување во Дерми додуша.
Автоматски споено мислење:

Аман поздрав 2024 година сме побогу :D
Знам, но тие со хигиената не одат многу брзо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom