Месечината, дали навистина слетавме?

Дали слетавме на месечината?

  • Да

    Гласови: 222 51,0%
  • Не

    Гласови: 213 49,0%

  • Вкупно гласачи
    435
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.817
Поени од реакции
42.450
Да да многу предобро за тоа време. Катастрофа што после толку децении, слични видеа добивме и од Индиското и Кинеското слетување.
На исто ниво со "реалново" видео:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.990
Поени од реакции
5.139
Не верувам, знам. Ова не е религија.
А како знаеш? Ај сподели и со нас, кои не веруваме у све што се појавило на ТВ или на „Нет„.
Автоматски споено мислење:

И јас мислам дека нешто мутат со месечината. Ги гледам снимкиве и делува како све да е многу предобро за тоа време.
А мене ми е „сумљиво„ следново:
- кај наоѓаат будали, кои свесно се впушаат на пат (и назад) во неизвесност и во предел кој никој претходно не го посетил и истражил и,
- како е можно „качувањето„ на Месечината да се изведе без никаков поголем технички проблем, се‘ да се одвива „мазно„, небаре се работи за качување на Водно?
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.108
Поени од реакции
9.786
Да да многу предобро за тоа време. Катастрофа што после толку децении, слични видеа добивме и од Индиското и Кинеското слетување.
На исто ниво со "реалново" видео:
@YuZe кој е камерманот на ова видео?
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
@YuZe кој е камерманот на ова видео?
Lift-off of Apollo 17 Lunar Module ascent stage is captured by a television camera mounted on the lunar rover which the crew parked about 145 meters east of the spacecraft. Кажи ако ти треба превод.
Автоматски споено мислење:

Тоа што сам ќе си кажеш, не значи дека е точно. Од НАСА самите кажуваат ја изгубиле, ти викаш не не е изгубена. Па уште пари немало.
Какви глупости боже боже.
Каде кажуваат дека ја изгубиле, извор?
И јас мислам дека нешто мутат со месечината. Ги гледам снимкиве и делува како све да е многу предобро за тоа време.
Нема за што да мутат. https://svs.gsfc.nasa.gov/gallery/lunar-reconnaissance-orbiter/

Лунарниот извидничи орбитер (LRO) што беше лансиран 2009та година има слики од оргиналните слетувања.
Автоматски споено мислење:

А како знаеш? Ај сподели и со нас, кои не веруваме у све што се појавило на ТВ или на „Нет„.
https://svs.gsfc.nasa.gov/gallery/lunar-reconnaissance-orbiter/
А мене ми е „сумљиво„ следново:
- кај наоѓаат будали, кои свесно се впушаат на пат (и назад) во неизвесност и во предел кој никој претходно не го посетил и истражил и,
- како е можно „качувањето„ на Месечината да се изведе без никаков поголем технички проблем, се‘ да се одвива „мазно„, небаре се работи за качување на Водно?
Од памтивек имало и ќе има луѓе кои живеат за да пронајдат и да истражат нешто. Ако не било така, немаше да куцаме на компијутер, туку ќе полимизиравме со резбање на зборови во камен.

Мило ми е што го праша ова 2ро прашање.

НАСА ги направи следните 3 програми пред да започни со работење на Apollo мисиите.
  • Рејнџер програма (Ranger NASA 1961 - 1965)
    • Воглавно катастрофална, од кои Рејнџер 1 до Рејнџер 6 ниту едно летало не појде во вселената.
    • Едино Рејнџер 7ката беше успешен во 1964, успешно испрати назад слики од површината на Месечината.
  • Истражител програма (Surveyor Program 1966 - 1967)
    • Од 7 мисии, 2 беа лоши, Истражител 2 падна на Месечината а Истражител 4 изгуби комуникација кога влезе во орбита на Месечината.
  • Лунарен орбитер (Lunar Orbiter Program 1966 - 1967)
    • Од 5 мисии, 1на беше само лоша (Орбитер 4 имаше комплетен откажување на камерата), оваа програма беше воглавно доста успешна. Со оваа програма воглавно ја мапираја површината на Месечината.

Значи ова беа 3 различни програми, преку 6 години од истражување и во ова беа вклучени од НАСА страна 10,000-36,000 вработени со 400,000 изведувачи од разни компании. Само за илустрација, еве го буџетот на НАСА во ова време:

  • 1961 - 744 million $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 7.56 billion $
  • 1962 - 1.24 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 12.48 billion $
  • 1963 - 2.55 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 25.33 billion $
  • 1964 - 4.18 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 40.99 billion $
  • 1965 - 5.25 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 50.67 billion $
  • 1966 - 5.93 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 55.64 billion $
  • 1967 - 4.59 billion $ - пресметано со инфлација во 2024 ова сума на пари е: 41.78 billion $
Севкупно 234.45 billion $. Во споредба буџетот на Македонија за 2023 беше 5.52 billion $, така да НАСА потроши 42,5 Македонски буџети само за да дојде до Аполо мисиите.

Сега можеме да почнеме за Аполо програмата. Оваа програмa започна во 1967ма и траеше до 1972ра. Пред Аполо 11 кој слета на месечината имаше 8 мисии што беа специјално дизајнирани за испитување на леталото, некои беа терминални.

  • Аполо 1 - Јануари 27ми, 1967, ова беше првата мисија со луѓе и за жал заврши со смртта на 3 Американски астронаути: Gus Grissom, Ed White and Roger B. Chaffee. Несреќата се случи на само полетување.
  • Аполо 4 - Ноември 9ти, 1967, мисија без екипаж, наменета за тестирање на Saturn 5 ракетата како и командниот и сервисниот модул во Земјината орбита.
  • Аполо 5 - Јануари 22ри, 1968, мисија без екипаж, наменета за тестирање на Лунарниот модул во вселена, демонстрација на погон.
  • Аполо 6 - Април 4ти, 1968, мисија без екипаџ, втор тест на Saturn 5 ракетата. Ова беше проблематичен тест, но покрај проблемите успеаја да го завршат тестот.
  • Аполо 7 - Октомври 11 - 22 1968, првиот усшпешен лет со екипаж во вселената. Астронаутите Wally Schirra, Donn Eisele и Walter Cunningham. Не заминаа далеку, само орбитираја над земјата и тестираа.
  • Аполо 8 - Декември 21 - 27 1968, првиот пат отидоа до Месечината и ја заобиколија. Астронаути Frank Borman, James Lovell и William Anders.
  • Аполо 9 - Март 3 - 13, 1969 првиот екипажен пат до Месечината со Астронауитите James McDivitt, David Scott и Russell Schweicart , тестирање на приклучување и мобилност на Лунарниот Модул
  • Аполо 10 - Мај 18-26, главна проба со астронаутите Thomas Stafford, John Young и Eugene Cernan
Значи сите овие мисии беа пред таа Apollo 11 мисија што слета на Месечината. Цената на Аполо 1 - 17 мисиите, беше 25.4 billion $ кога завршија во 1972ра. 2024 инфлација бројки за Аполо 1 - 17 се 184.73 billion $ . Аполо мисиите со истите пресметки коштаа уште 33.5 годишни Македонски буџети, што ја носи севкупниот трошок за да се пушти човек на Месечината, 76 Македонски буџети.

Слободно со прашања. Малце се заиграв со пресметкиве.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.990
Поени од реакции
5.139
Прашав „од кај знаеш„ а не „од кај веруваш„.

За да знаеш, потребно е поседување на лично непосредно искуство околу и во програмите за пат кон Месечината, а тоа искуство не се стекнува преку линкови.

Патем кажано, не можам да го „отворам„ линков.

Нема(м) сомнеж дека отсекогаш имало ликови кои се аантуристи по „расположение„, ама сите тие ликови акале по Земјава, во предвидливи и прифатливи услови за какво-такво преживување.

Плус, нема(м) сомнеж дека на „качувањето„ на Месечината му претходеле разно-разни испитувања и проби со и без жива посада, од кои се собирани потребните сознанија за просторот околу Земјава и/или на Месечината, но на крајот пад доаѓаме до прашањето-каков треба да биде некој лик „у гла‘ата„ за да се впушти на пат во потполно непознат простор? А згора на све, па уште да најдеш 3 ликови истовремено (!), кои се впуштаат во непознато?

Можам да разберам дека некој од нив посакувал да стане славен во световна смисла, ама со кој памет го ставал животот „на коцка„, играјќи си со патување кон непознати предели?
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
Каде кажуваат дека ја изгубиле, извор?

Смешно човече, не верувал, знаел.
За САД парите биле проблем, ама не и за Индија и Кина.
Сигурен сум истото сеуште го тврдиш и за ефикасноста на ковид вакцините, едноставно знаеш дека се ефикасни.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.108
Поени од реакции
9.786
Lift-off of Apollo 17 Lunar Module ascent stage is captured by a television camera mounted on the lunar rover which the crew parked about 145 meters east of the spacecraft. Кажи ако ти треба превод.
Ајде генерација копи пејст од викисерија...
Која е таа камера жити се? Ме изнасмеа... Не ми напиша колку степени има на месечината? А при полетувањето на Аполо дали негде ја забележа "земјината топка" или ѕвезди? Кој пациент си значи...суровина за обработка :pos:
Автоматски споено мислење:

Screenshot_2024-06-23-14-14-13-82_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
Ајде генерација копи пејст од викисерија...
Генерација слепец. Не го прочита кога го стави видеото? Или очекуваше и јас да не го прочитам и да опнам некоја забегана теорија. Таа генерација? Ти пишува на видеото како е сликата направена.
Која е таа камера жити се? Ме изнасмеа... Не ми напиша колку степени има на месечината? А при полетувањето на Аполо дали негде ја забележа "земјината топка" или ѕвезди? Кој пациент си значи...суровина за обработка :pos:
Аполо 17 мисијата користеше камера што беше позиционирана на Лунарниот Модул за да го сними полетувањето од површината на Месечината. Камерата беше специјално модифицирана верзија на комерцијално достапната RCA камера во боја.

1719160538141.png

Key Features of the Camera:
  1. Type: RCA J-series color television camera.
  2. Mounting: It was mounted on the Lunar Roving Vehicle (LRV), which had been positioned to capture the lift-off.
  3. Control: The camera was remotely controlled from Earth by mission controllers.
  4. Resolution: It provided color video footage with a resolution appropriate for the period, allowing for a clear view of the ascent.
  5. Functionality: It had a zoom lens and could pan and tilt to track the lift-off as the Lunar Module ascended from the lunar surface.
The camera was specially designed to operate in the harsh lunar environment and to transmit the live footage back to Earth.
Дали можеш да сликаш ѕвезди денски на Земјата? Не, затоа што изворот на светлина од сонцето е премногу јак. Ако беа на темната страна од Месечината тоа ќе беше друго. Ова Браќа Манаки го знаеа во 1900тите, ти во следниот век го заборави?
Автоматски споено мислење:

Со првото видео ме изнасмеа. За второто напишав како одговор на Светецов, слободно прочитај си за Ван Ален.
Смешно човече, не верувал, знаел.
За САД парите биле проблем, ама не и за Индија и Кина.
Сигурен сум истото сеуште го тврдиш и за ефикасноста на ковид вакцините, едноставно знаеш дека се ефикасни.
Живеам во САД и да, парите се проблем.

https://www.usdebtclock.org/

1719161181795.png

Прв пат слушам за тоа што јас сум тврдел за ковид вакцините. Ти се сони ова? Ај кажи што друго сум правел, о Македонски експерту.
Автоматски споено мислење:

Прашав „од кај знаеш„ а не „од кај веруваш„.

За да знаеш, потребно е поседување на лично непосредно искуство околу и во програмите за пат кон Месечината, а тоа искуство не се стекнува преку линкови.
Ахам, значи мора да го имам допрено за да поверувам. Епа допрев Moon rock во музеј, ова важи?
Патем кажано, не можам да го „отворам„ линков.
Провери да не ти е блокиран на firewall. Сајтот е на НАСА.
Нема(м) сомнеж дека отсекогаш имало ликови кои се аантуристи по „расположение„, ама сите тие ликови акале по Земјава, во предвидливи и прифатливи услови за какво-такво преживување.

Плус, нема(м) сомнеж дека на „качувањето„ на Месечината му претходеле разно-разни испитувања и проби со и без жива посада, од кои се собирани потребните сознанија за просторот околу Земјава и/или на Месечината, но на крајот пад доаѓаме до прашањето-каков треба да биде некој лик „у гла‘ата„ за да се впушти на пат во потполно непознат простор? А згора на све, па уште да најдеш 3 ликови истовремено (!), кои се впуштаат во непознато?

Можам да разберам дека некој од нив посакувал да стане славен во световна смисла, ама со кој памет го ставал животот „на коцка„, играјќи си со патување кон непознати предели?
Немора да гледаш тие што одат во вселената, погледни колку експедиции имаше на Антарктикот, колку луѓе само умреа за тој подфат. А искачување на Монт Еверест? Колку имаат умрено одење натаму. Истата поента е.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
Со првото видео ме изнасмеа. За второто напишав како одговор на Светецов, слободно прочитај си за Ван Ален
Значи изјави од лица од НАСА според тебе се смешки, ама затоа тебе треба слепо да ти веруваме на твоите катастрофални нелогични образложување. Самите имаат кажано дека видеата кога ги емитирале во живо, се уствари снимени во студио, он пак тера тврди обратно и се прикажува како запознат со факти. Свашта.

Ако Америка нема пари, Индија, Кина и Русија имаат?

Ѕвездите можеш да ги видиш само до одредена висина, после тоа не се гледаат. Мислам беше поврзано со магнетното поле на планетава.
Така да секое видео на кое се гледаат ѕвезди, а демек е снимка од што ти ја знам километри висина, без разлика дали снимаш од спротивно од сонцето, е фејк.

Значи не веруваш на пропагандата дека ковид вакцините биле ефикасни, ама не ти е проблем на истиот систем да му веруваш за слетување на месечината. Колку пати треба да те прелажат, за да почнеш да се сомневаш....
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.990
Поени од реакции
5.139
Немора да гледаш тие што одат во вселената, погледни колку експедиции имаше на Антарктикот, колку луѓе само умреа за тој подфат. А искачување на Монт Еверест? Колку имаат умрено одење натаму. Истата поента е.
Па токму тоа ти велам.

Поточно, неспоредливи се авантуристичките патувања и испитувања по Земјава, кои самите авантуристи ги вршат со одредена доза од извесност и предвидливост, за разлика од патувања низ Вселената, кои се ретко кому достапни, тешко предвидливи и неизвесни.

Просто кажано, ако сакаш да тргнеш на долг пат со кола, можеш да предвидиш што се‘ би ти се случило по пат како технички проблем со колата. Истото тоа е тешко предвидливо при патување низ космичкиот простор, кој е тешко предвидлив по прашање на случките кои би можеле да те стрефат при патувањето.

Напросто, не ми е прифатливо дека е можен пат до и од Месечината, а притоа се‘ што е предвидено како активност да се одвива „мазно„, речиси филмски, со неизбежниот „хепи енд„, каде астронаутите се враќаат без проблеми (ако ги исклучиме загинатите астронаути при неуспешните летови....), полни со конфузни изјави за она кое го виделе или не го „забележале„ при престојот на Месечината.

Сомнежите кон тоа дали навистина се случило спуштањето на Месечината, произлезени се и засновани се на точно одредени нешта и можности, не на произволности или на „теории„ за завера.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
Значи изјави од лица од НАСА според тебе се смешки, ама затоа тебе треба слепо да ти веруваме на твоите катастрофални нелогични образложување. Самите имаат кажано дека видеата кога ги емитирале во живо, се уствари снимени во студио, он пак тера тврди обратно и се прикажува како запознат со факти. Свашта.
45 секунди од реплеј повторно и повтроно е видео од НАСА?

Дон Петит е истакнат американски астронаут, научник и инженер, познат по неговите придонеси во вселенската истражувачка и научната комуникација. Еве детална информација за неговата кариера и достигнувања:

Позадина:
  • Целосно Име: Доналд Рој Петит (Donald Roy Pettit)
  • Дата на Раѓање: 20 април 1955 година
  • Место на Раѓање: Силвертон, Орегон, САД
Образование:
  • Диплома: Хемиско инженерство од Универзитетот на Орегон Стејт, 1978 година.
  • Докторат: Хемиско инженерство од Универзитетот на Аризона, 1983 година.
Кариера во НАСА:
  • Избор: Дон Петит беше избран од НАСА во 1996 година како дел од Астронаутската Група 16.
  • Мисии:
    • STS-113/Експедиција 6: Леташе на вселенскиот шатл Ендевор до Меѓународната вселенска станица (ISS) во ноември 2002 година. Петит помина околу шест месеци на ISS, враќајќи се на Земјата со Сојузот.
    • Експедиција 30/31: Лансиран со Сојуз TMA-03M во декември 2011 година. За време на оваа мисија, помина повеќе од пет месеци на ISS.
    • STS-126: Служеше како специјалист за мисијата на вселенскиот шатл Ендевор во ноември 2008 година за мисија до ISS, познат по подобрување на животните услови на ISS.
Достигнувања и Придонеси:
  • Иновативност во Вселената: Познат по неговите креативни решенија, Петит направи неколку значајни придонеси во вселенската наука и технологија, вклучувајќи изработка на импровизирани алати и изведување на иновативни експерименти користејќи ги достапните ресурси на ISS.
  • Научна Комуникација: Петит е познат по неговите ангажирани научни демонстрации и едукативни видеа од вселената. Неговата серија „Наука во Сабота наутро“ додека беше на ISS едуцира и инспирира многумина.
  • Фотографија: Страсен фотограф, Петит направи неверојатни фотографии на Земјата и вселената од ISS, придонесувајќи за јавното разбирање и восхит кон вселенските истражувања.
Лични Карактеристики и Интереси:
  • Хобија: Петит ужива во фотографија, кампување и електроника. Неговата научна љубопитност и практичен пристап се прошируваат и надвор од неговиот професионален живот.
  • Јавен Говорник: Тој е популарен говорник на теми поврзани со вселенската истражувачка, науката и инженерството, познат по тоа што прави комплексни научни концепти достапни за пошироката публика.
Наследство:
Кариерата на Дон Петит е обележана со неговиот иновативен дух, посветеност на науката и образованието и неговата способност да се адаптира и креативно да ги решава предизвиците во вселената. Тој е почитуван и како научник и како комуникатор кој ги приближува чудата на вселенските истражувања до луѓето на Земјата.

Неговата тековна работа продолжува да инспирира идни генерации на инженери, научници и астронаути.

Зошто го кажа ова?
а) Буџетот на НАСА беше толку мал што требаше да одат кај Русите за да позејмат ракети за да појдат во вселена, затоа и кажа we lost that technology.
б) Знаел дека не слетале на Месечина, ако бил детенце кога НАСА започна со мисиите.

А или Б, кое е?
Ако Америка нема пари, Индија, Кина и Русија имаат?
Незнам и не ме интересира. Мене ме интересира за Америка и знам што се дешава во Америка.

Ѕвездите можеш да ги видиш само до одредена висина, после тоа не се гледаат. Мислам беше поврзано со магнетното поле на планетава.
Така да секое видео на кое се гледаат ѕвезди, а демек е снимка од што ти ја знам километри висина, без разлика дали снимаш од спротивно од сонцето, е фејк.
Имаш познавање како експозитура работи?

Значи не веруваш на пропагандата дека ковид вакцините биле ефикасни, ама не ти е проблем на истиот систем да му веруваш за слетување на месечината. Колку пати треба да те прелажат, за да почнеш да се сомневаш....
Твојата логика се базира на тоа? Еднаш излажаја значи секогаш лажеа? Секогаш критично гледам на настаните. Дали се работи за ковид вакција или слетување на Месечината.
Автоматски споено мислење:

Научни Докази и Анализа на Експерти:
  1. Лунарниот Орбитер за Рекогносцирање (LRO):
    • Објаснување: Лунарниот Орбитер за Рекогносцирање на НАСА (LRO) направи високорезолуциски снимки на местата каде што се слетале Аполо мисиите, покажувајќи опрема и траги оставени од астронаутите на површината на Месечината. Овие слики обезбедуваат опипливи докази дека луѓето навистина слетале на Месечината.
    • Референци:
      • NASA. “LRO Sees Apollo Landing Sites.” NASA.
      • Hines, David. “NASA’s Lunar Reconnaissance Orbiter Captures High-Resolution Views of Apollo Landing Sites.” Space.com.
  2. Геолошки Примероци:
    • Објаснување: Карпите и почвата донесени од Месечината се обемно анализирани. Нивните уникатни својства не можат да се реплицираат или да се најдат на Земјата, што дополнително ги побива теориите за измама.
    • Референци:
      • Taylor, Stuart R., and Paul H. Warren. “Lunar Rocks and Soils from Apollo Missions: An Overview.” University of California Press.
      • NASA. “Apollo Lunar Surface Journal: Lunar Samples.” NASA.
  3. Ласерски Рефлектори:
    • Објаснување: Рефлектори поставени на Месечината од Аполо мисиите се уште се користат денес за мерење на растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Прецизните податоци собрани низ децении ја поткрепуваат реалноста на слетувањата.
    • Референци:
      • Williams, James G., Slava G. Turyshev, and Dale H. Boggs. “Lunar Laser Ranging Tests of the Equivalence Principle with the Earth and Moon.” Physical Review Letters.
      • Murphy, Thomas W., et al. “Long-term degradation of optical devices on the Moon.” Icarus.
Овие научни докази и експертски анализи обезбедуваат силни докази дека слетувањата на Месечината се случиле, со што ги поништуваат теориите за заговори и ги потврдуваат историските мисии на Аполо.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
Буџетот на НАСА беше толку мал што требаше да одат кај Русите за да позејмат ракети за да појдат во вселена, затоа и кажа we lost that technology
НАСА демек немале пари, Русите имале технологија, ама сепак Русите не се првите на месечината... Држи вода, док мајстори не оде.

Мене ме интересира за Америка и знам што се дешава во Америка.
Ма немаш гајле, ти знаеш на месечината што се случува, а не па во САД.

Твојата логика се базира на тоа? Еднаш излажаја значи секогаш лажеа? Секогаш критично гледам на настаните. Дали се работи за ковид вакција или слетување на Месечината.
Твоето не е критично, туку бирање цреши. За ова ќе им верувам целосно, за ова не. Не бараш ни логика ни па се прашуваш зашто толку битна технологија, толку битен успех, со децении не е повторен. Затоа веруваш во официјалните оправдувања, кои поминуваат кај луѓе што не размислуваат критички. Така да тоа што сам си се кажуваш дека си, не значи дека е вистина. Ама верувај во себе и во бајките.

Имаш познавање како експозитура работи?
Не. Ама сум читал зашто после одредена висина не се гледаат ѕвездите, било да е ноќе или било да си од другата страна на месечината.

Тоа па со другата страна на месечината посебна прикаска. Од толку мисии на месечината, до толку да не отидат бар еднаш од другата страна.... На Марс можеа, ама од другата страна на месечина позезнато изгледа....
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.108
Поени од реакции
9.786
Аполо 17 мисијата користеше камера што беше позиционирана на Лунарниот Модул за да го сними полетувањето од површината на Месечината. Камерата беше специјално модифицирана верзија на комерцијално достапната RCA камера во боја.
Да во ерата на дигитрон технологија каде што појма немале дали има или нема Ван Аленови појаси или било какво зрачење се снимало со камера на којзнае каква непозната температура во тоа време... Снимка скоро џам нема проблем пациенту :pos:
Screenshot_2024-06-23-22-30-12-83_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Автоматски споено мислење:

Screenshot_2024-06-23-22-37-33-41_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
Автоматски споено мислење:

The camera was specially designed to operate in the harsh lunar environment and to transmit the live footage back to Earth.
Screenshot_2024-06-23-23-04-19-05_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
Screenshot_2024-06-23-23-08-27-75_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
НАСА демек немале пари, Русите имале технологија, ама сепак Русите не се првите на месечината... Држи вода, док мајстори не оде.
Можиш на гугле да провериш, отворена е документација колку НАСА добива пари од влада.
Ма немаш гајле, ти знаеш на месечината што се случува, а не па во САД.
Фала богу знаам што се дешава во државата што живеам скоро 15 години.
Твоето не е критично, туку бирање цреши. За ова ќе им верувам целосно, за ова не. Не бараш ни логика ни па се прашуваш зашто толку битна технологија, толку битен успех, со децении не е повторен. Затоа веруваш во официјалните оправдувања, кои поминуваат кај луѓе што не размислуваат критички. Така да тоа што сам си се кажуваш дека си, не значи дека е вистина. Ама верувај во себе и во бајките.
Moето мислење и размислување е секогаш критички. Знаеш дека одењето во вселена и промена на DNA via RNA се огромно различни работи така?
Не. Ама сум читал зашто после одредена висина не се гледаат ѕвездите, било да е ноќе или било да си од другата страна на месечината.

Тоа па со другата страна на месечината посебна прикаска. Од толку мисии на месечината, до толку да не отидат бар еднаш од другата страна.... На Марс можеа, ама од другата страна на месечина позезнато изгледа....
Други временски периоди, друга технологија.
Да во ерата на дигитрон технологија каде што појма немале дали има или нема Ван Аленови појаси или било какво зрачење се снимало со камера на којзнае каква непозната температура во тоа време... Снимка скоро џам нема проблем пациенту :pos:
Прегледај го приврзокот 421347
Да го прашаше гугле следново па да не требаше толку да пишуваме по форумов.

1719175802467.png
Од прв газда е, заинтересиран?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom