Друже, кога ќе изнајмиш дигалка, имаш ли "ментор" или све сам работиш како те фаќа разумот.
Мене комплицирано ми се гледа климакондензатор сам да мењам. Треба цел преден браник и маска на колата да извадам.
Немам брате, човекот кој ја изнајмува гаражата е маханичар ваљда или брка нешто дел од механика ама кога си направивме отворено муабет ми вика, си прам со тебе мубает пошто не си ко другите шо ќе дојдат тука и секои 2 минути имаат прашање.
Јас му побарав само пневматски пиштол пошто штрафот беше малку запечен не можев да го одвртам иницијално.
Направивме муабет шо следно ќе правам на следен термин пошто се интересираше колку време ќе ми треба, вика знајш шо треба да прајш?
Исто ко тебе ме праша.
Јас освен од јутуб што видов не знам фала Богу и еве ќе се пробам така, пошто само штрафови се во прашање - ништо комплицирано.
Фреон нема системот, а и да има малку останато претходно ќе го испуштам пред да одам кај него, едино што е предизвик на колку да се стегаат штрафовите.
Не знам на колку њутанметри треба (немам гуглано, го оставам тоа за деновиве) и немам момент клуч, во план сум и тоа да купам. Кој има добра марка да препорача, добредојден за сугестија.
Вервај преку миле ми е од мајстори (приучени, кренати, скапчии, секакви), за вакви основни работи повеќе во животот не планирам да посетам мајстор, еве вака со прашвање (ко шо викаме во БТ) до Месечина се стига.
Доколку некаде нешто запнам тогаш ќе одам по мајстори.
Крај краева не отврам мотор
Секоја работа си излегуваат по некои заебанции ама ќе се учи во од.
Прашање до сите, дали знаете некоја страна каде објаснува на колку њутан метри се стегаат штрафовите (кај вака генерално исти работи)?
За секоја кола е различно и треба да се бара во maintenance manual ама дали има некоја воопштена мерка за општи работи ко филтер за масло на мотор, чеп од каде се испупта масло на мотор, штрафови од казанче за масло на мењач *(тука мислам ги стегаат на 0.8 во принцип), штрафови на тркала и слично???