Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Оставаш џукели да ти ги напаѓаат децата, оставаш жена ти да ти збори за други мажи, едноставно педерче.
Тешко тебе, ти со твојата на крај не излезе па сега за туѓи жени береш гајле ... Кога те остави? Кога ти заврши тендерот?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.043
Поени од реакции
11.307
Си помешал БАБИ и ЖАБИ бидејки правиш споредба на куче кое спаѓа во група на домашни со лав кое спаѓа во група на диви животни.
А како поинаку да ти нацртам дека закачи глупост бе пријател?

Куче ако е гладно или ако има беснило ќе те нападни, зрачи ти енергетски со „само љубов лугенца“, него не му смета, не се секирај. ;)

Еден куп деца се искасани од кучиња, па според тебе енергетски неубо зрачеле децата па кучето го осетило тоа и ги искасало. Лоши луѓе биле.

Се читаш шо пишиш малку?

И фала на појаснувањето. Тигарот во која група на животни спаѓа?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Куче ако е гладно или ако има беснило ќе те нападни, зрачи ти енергетски со „само љубов лугенца“, него не му смета, не се секирај. ;)
Не мора само тоа, има и куп други ситуации каде куче може да нападне:
- страв
- територијалност
- инстинкт на ловење (некој што „бега“ односно само брзо се движи)
- следење на глутницата каде помирните членови ги следат поагресивните
- итн
Автоматски споено мислење:

Кучињата се животни. Со нив потребна е работа и социјализација, за да бидат безбедни по другите луѓе и животни. Таква работа и социјализација ретко се прави како што треба и со домашните кучиња а џукелите се оставени на генетското наследство и учењето од другите џукели (каде учат лошо однесување). Колку и да изгледаат навидум мирни, никогаш не можете да бидете сигурни џукели (па и непознати туѓи кучиња) што ќе направат во некои ситуации. Затоа не ги храбрете децата и ги оставајте се приближуваат на туѓи кучиња или уште помалку на џукели од кои можат да закачат мал милион паразити и зарази. Тоа во најмала рака.

Кучињата се блиски сродници со волците со кои имаат мал дел од еден процент разлика во ДНК. Толку се сродни што без проблем меѓусебно се размножуваат - а како за илустрација наши најблиски сродници се шимпанзите и нема можност за меѓусебно размножување (не ме прашувајте како научниците го знаат тоа). Кучињата всушност се подвид на волците и еволуциски гледано многу неодамна се одвоени. Тоа што фенотипот им е сменет со вештачка селекција, ама баш ич не значи дека генотипот не 99+ % ист.
Ова не значи да ги избегнувате како што избегнувате волци, туку да бидете свесни дека тоа не се играчки и ликови од филмови и приказни. Туку се живи суштества со свое еволуциско однесување заради кое местото не им е на улиците како (поли)диви животни. Затоа секојдневно има касања и последици, и сите на кои тоа им се десило не ни помислувале дека баш на нив ќе им се деси. Со други зборови процентот шанса утре да ве касне куче сам по себе е мал, ама за каснатите процентот е 100%. Посебно внимание ако возите точак/ролери/итн.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Кај нас пред околу две недели беше каснато дете за образот во едно од најпрометните места во градот.
Изгледа ќе нема крај на лудилото, напади се случуваат скоро секој ден.
Кучињава невиден терор спроведуваат на одредени места, само лаењето што им го слуша човек му се ствара некој немир на душата.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
489
Поени од реакции
434
Не е проблемот до кучињата туку до одговорните за тие кучиња, независно дали се тоа неодговорни сопственици коишто ги напуштиле или одговорни органи. Немаме регистар за агресивни кучиња иако по закон треба да го имаме и иако законот вика дека ако истото куче два или повеќе пати нападне човек и не е возможно да се социализира и вдоми тогаш треба да се успие.

Нас ни треба закон(кој ќе се спроведува) за доживотна(твојот,не на животното) алиментација ако напуштиш домашен миленик од 50/100 евра за да го решиме проблемот со глутниците кучиња низ градовиве.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Не е проблемот до кучињата туку до одговорните за тие кучиња, независно дали се тоа неодговорни сопственици коишто ги напуштиле или одговорни органи. Немаме регистар за агресивни кучиња иако по закон треба да го имаме и иако законот вика дека ако истото куче два или повеќе пати нападне човек и не е возможно да се социализира и вдоми тогаш треба да се успие.

Нас ни треба закон(кој ќе се спроведува) за доживотна(твојот,не на животното) алиментација ако напуштиш домашен миленик од 50/100 евра за да го решиме проблемот со глутниците кучиња низ градовиве.
Не треба ни да се чека да нападне.Се што е на улица треба да се собере и да се носи некаде настрана.Не велам да се убиваат, едноставно нека се исчистат од населено место и тоа е тоа.
Нема место за улични кучиња помеѓу луѓе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.

Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.
Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.
Автоматски споено мислење:

Нападиве дури не се ни навечер кога не можеш да видиш куче во грмушки и слично, туку во сред бел ден... Било каде, па и на места како на патеките покрај кејот на Вардар.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
49.027
Screenshot_2024-06-01-12-53-04-556_com.facebook.katana-edit.jpg


Проблемов треба да се решава чисто за спас на самите кучкари. Да нема веќе улични кучиња, да преболат, да се помират и после некое време да ја насочат енергијата и љубовта кон нешто покорисно.
Во спротивно, вака ќе бидат мета на фирми што ќе печалат на нивното растројство.
Странски туристи пајдушко играат на плоштад од уплав, Мијалков фатил куќарки напраил, анима мунди - подмочани
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.697
Поени од реакции
33.892
‚‚ Да си ги земат куќарките заедно со џукелите, и да си ги чуваат кај нив дома... Мислам ако сакаат да направат нешто, покрај празниве гестови за оправдување на платите во тие невладните организации.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.870
Поени од реакции
2.094
Гордите песољубци кои повеќе ги сакаат животните него своите сограѓани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom