Не мора само тоа, има и куп други ситуации каде куче може да нападне:
- страв
- територијалност
- инстинкт на ловење (некој што „бега“ односно само брзо се движи)
- следење на глутницата каде помирните членови ги следат поагресивните
- итн
Автоматски споено мислење:
Кучињата се животни. Со нив потребна е работа и социјализација, за да бидат безбедни по другите луѓе и животни. Таква работа и социјализација ретко се прави како што треба и со домашните кучиња а џукелите се оставени на генетското наследство и учењето од другите џукели (каде учат лошо однесување). Колку и да изгледаат навидум мирни, никогаш не можете да бидете сигурни џукели (па и непознати туѓи кучиња) што ќе направат во некои ситуации. Затоа не ги храбрете децата и ги оставајте се приближуваат на туѓи кучиња или уште помалку на џукели од кои можат да закачат мал милион паразити и зарази. Тоа во најмала рака.
Кучињата се блиски сродници со волците со кои имаат мал дел од еден процент разлика во ДНК. Толку се сродни што без проблем меѓусебно се размножуваат - а како за илустрација наши најблиски сродници се шимпанзите и нема можност за меѓусебно размножување (не ме прашувајте како научниците го знаат тоа). Кучињата всушност се подвид на волците и еволуциски гледано многу неодамна се одвоени. Тоа што фенотипот им е сменет со вештачка селекција, ама баш ич не значи дека генотипот не 99+ % ист.
Ова не значи да ги избегнувате како што избегнувате волци, туку да бидете свесни дека тоа не се играчки и ликови од филмови и приказни. Туку се живи суштества со свое еволуциско однесување заради кое местото не им е на улиците како (поли)диви животни. Затоа секојдневно има касања и последици, и сите на кои тоа им се десило не ни помислувале дека баш на нив ќе им се деси. Со други зборови процентот шанса утре да ве касне куче сам по себе е мал, ама за каснатите процентот е 100%. Посебно внимание ако возите точак/ролери/итн.
Кај нас пред околу две недели беше каснато дете за образот во едно од најпрометните места во градот.
Изгледа ќе нема крај на лудилото, напади се случуваат скоро секој ден.
Кучињава невиден терор спроведуваат на одредени места, само лаењето што им го слуша човек му се ствара некој немир на душата.
Не е проблемот до кучињата туку до одговорните за тие кучиња, независно дали се тоа неодговорни сопственици коишто ги напуштиле или одговорни органи. Немаме регистар за агресивни кучиња иако по закон треба да го имаме и иако законот вика дека ако истото куче два или повеќе пати нападне човек и не е возможно да се социализира и вдоми тогаш треба да се успие.
Нас ни треба закон(кој ќе се спроведува) за доживотна(твојот,не на животното) алиментација ако напуштиш домашен миленик од 50/100 евра за да го решиме проблемот со глутниците кучиња низ градовиве.
Не е проблемот до кучињата туку до одговорните за тие кучиња, независно дали се тоа неодговорни сопственици коишто ги напуштиле или одговорни органи. Немаме регистар за агресивни кучиња иако по закон треба да го имаме и иако законот вика дека ако истото куче два или повеќе пати нападне човек и не е возможно да се социализира и вдоми тогаш треба да се успие.
Нас ни треба закон(кој ќе се спроведува) за доживотна(твојот,не на животното) алиментација ако напуштиш домашен миленик од 50/100 евра за да го решиме проблемот со глутниците кучиња низ градовиве.
Не треба ни да се чека да нападне.Се што е на улица треба да се собере и да се носи некаде настрана.Не велам да се убиваат, едноставно нека се исчистат од населено место и тоа е тоа.
Нема место за улични кучиња помеѓу луѓе.
Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за
makfax.com.mk
Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.
Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.
Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.
Автоматски споено мислење:
Нападиве дури не се ни навечер кога не можеш да видиш куче во грмушки и слично, туку во сред бел ден... Било каде, па и на места како на патеките покрај кејот на Вардар.
Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Центар, И.З.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Прилепска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Истиот ден во
Проблемов треба да се решава чисто за спас на самите кучкари. Да нема веќе улични кучиња, да преболат, да се помират и после некое време да ја насочат енергијата и љубовта кон нешто покорисно.
Во спротивно, вака ќе бидат мета на фирми што ќе печалат на нивното растројство.
Странски туристи пајдушко играат на плоштад од уплав, Мијалков фатил куќарки напраил, анима мунди - подмочани
‚‚ Да си ги земат куќарките заедно со џукелите, и да си ги чуваат кај нив дома... Мислам ако сакаат да направат нешто, покрај празниве гестови за оправдување на платите во тие невладните организации.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.