Како прво, те чекам да одговориш на оние прашања од „1-во одделение“ на кои вети дека ќе ги одговориш, но очигледно зборот ти не вреди ни денар.
Стрпи се малку. Ќе ти одговорам.
Ама пред тоа сакам да ти покажам како бугарската пропаганда промива ти моз'ка и како во XIX век нема Бугари како народ, нација или племе не само во Македонија, туку нема ни во Османлиското Царство. И за тоа никакви Срби не ти се виновни.
Еве што тврдат твоите бугарски извори:
Toa не се никакви подвластни народи. Милет не означува народ во денешна смисла!
Милет е арапско-турски збор кој означува „народ“ но, поради исламската поврзаност,
народ определен според неговата верска припадност, а не според етничките или јазичните критериуми.
Исламот беше повеќе од религија: тој беше начин на живот, филозофија и политички и правен систем. Но, неговите начела, по дефиниција, не можеа да се применат на немуслиманите, освен заповедта од Куранот дека покорните „народи на книгата“ (Библијата) треба да биде поштедени и заштитени од нивните муслимански владетели. Така, Османлиската Држава не успеала - ниту била заинтересирана да има законодавни алатки за регулирање на внатрешниот живот на немуслиманите. Соодветно на тоа, на неисламските верски заедници на Отоманската Империја им беше дозволено да уживаат самоуправа во прашањата на културата, религијата и приватните правни односи помеѓу нивните членови.
Ова беше милет систем. Водачот на милет, одговорен пред Султанот за управување со работите под негово раководство, бил највисоката црковна функција во соодветната заедница. Главен меѓу таквите водачи бил поглаварот на Милетот од Рум, Грчкиот Вселенски Патријарх од Константинопол. Се сметало дека сите православни христијани припаѓаат на оваа група, освен ако не им бил доделен посебен статус на милет.
10 Рум е изведен од „Romaios“ - односно Роман, како што официјално се нарекувале Византијците самите себе.
11 Со текот на времето таков статус добија припадниците на Српската православна црква, на Влашката (Романската) црква и на крајот следбениците на Бугарската Егзархија. Други христијански милети биле формирани од Грегоријанските Ерменци, а исто така и од различни Католички заедници во рамките на Империјата. Дури во 1850 година, Протестантскиот милет исто така бил признат најмногу за Ерменците кои се приклучиле на протестанството.
Евреите, под Големиот Рабин на Турција, исто така се сметаа за посебен милет.
Значи како што видовме од Рум Милет произлегува Булгар Милет, ама тоа не значи дека од народот Римјани (Византијци) или од народот Грци произлегол народот Бугари, како што вие си толкувате во своето незнаење!
Еве го и населението во Македонија според Еннциклопедија Британика од 1911 година:
Население.- Населението на Македонија можеби се проценува на 2.200.000. Околу 1.300.000 се христијани од различни цркви и националности; повеќе од 800.000 се Махомеданци, а околу 75.000 се Евреи.
Од христијаните, големо мнозинство ја исповедаат Источно-Православна вера, верници или на грчката патријаршија или на бугарската егзархија. Меѓу православните христијани се сметаат околу 4000 Турци.
Малото католичко малцинство е составено главно од унијати Бугари (околу 3600), заземајќи ги окрузите Кукуш и Дојран; има и околу 2000 бугарски протестанти, кои главно ја населуваат долината на Разлог.
Мухамеданското население е главно составено од Турци (околу 500.000). Покрај нив има околу 130.000 Бугари, 120.000 Албанци, 35.000 Цигани и 14.000 Грци, заедно со помал број Власи, Евреи и Черкези, кои ја исповедаат исламската вера.
Недоверливите турски статистики ја земаат религијата, а не националноста, како основа на класификацијата.
Сите муслимани се вклучени во милетот, или Нацијата на Исламот.
Рум, или римски (т.е. грчки) милет ги опфаќа сите оние кои го признаваат авторитетот на Вселенскиот Патријарх и, следствено, ги вклучува, покрај Грците, и Србите, Власите и одреден број Бугари;
Припадниците на Рум милет не се грчки народ како што тврдат во вашата бугарска енцилопедија (ниту елински, ниту римски, ниту византиски), туку припадници на Источно-Православната вера кои го признаваат авторитетот на Вселенскиот Патријарх, меѓу кои покрај Грци има и Срби, Власи и одреден број Бугари!
Ако се прифати вашата интерпретација, тогаш овие Бугари припаѓаат на грчкиот народ, што е неточно!
Бугарскиот милет ги сочинува Бугарите кои го прифаќаат владеењето на егзархијата;
И за овие - истото. Бугарски милет не е синоним за бугарски народ!
Другите милети се Католик (католици), Ермени (грегоријански Ерменци), Мусеви (евреи) и Продесдан (протестанти).
Секако дека е јасно само по себе дека и овде не може да се работи за народи, освен ако не си безнадежен Бугарин, кој чита бугарски фалсификати. Тогаш секако дека ништо нема да ти биде јасно.
Населението на Македонија, во секое време скудно, несомнено е намалено во последните години. Имаше континуиран одлив на христијанско население во правец на Бугарија, Сервија и Грција, а соодветно емигрирање на турското селанство во Мала Азија. Многу од помалите села се напуштени од нивните жители, кои мигрираат за безбедност во позначајните градови - вообичаено лоцирани во одреден момент каде планинскиот премин се спушта до периферијата на рамнините. Во земјоделските области, христијанските селани или раја се или мали сопственици или одгледуваат имоти на имотите на турските земјопоседници. Високите области се слабо населени со номадско пасторално население.
Милет системот на Отоманската Империја
За време на отоманското владеење, немуслиманското население на Турција било поделено на верски заедници познати како
милети (нации), арапски збор кој буквално преведен значи
„луѓе обединети со заедничка вера или верска нација“.
Енциклопедијата на Исламот го дефинира поимот „милет“ (milla8) како религија, а луѓето од Мила како вистински верници на Исламот, т.е. муслимани (Buhl, 1979: 317). Системот на милет беше значајна карактеристика на Отоманската империја, која ги признаваше и регулираше правата и должностите на верските заедници.
8 Терминот мила се користи во хебрејската Библија и во арамејските текстови во значење на „збор“ или „изјава“, а во некои христијански текстови како грчки логос (божествена рационалност, Божја реч, наука).
Светата Книга на Исламот, исто така, го користи терминот во ова значење, луѓе кои го следат божествениот збор, зборот на светите верски книги.
Ortaylı (1998: 121) го дефинира системот на милет како: „форма на организација и правен статус што произлегува од потчинувањето на следбениците на монотеистичките религии (ehl-i zimmet) на авторитетот на Исламот по припојувањето на подрачјата кон Империјата, според ахиднама или договор со кој се дава заштита“.
Милетот претставуваше една од основните административни единици на државата, во која православните, ерменските и еврејските заедници не само што ги извршуваа своите административни работи со државата преку раководителите на нивната заедница, туку и ја штитеа сопствената култура, обичаи, јазик и религии (Бозтемур, 2005).
Милетите кои ги признале османлиските султани биле:
1) Грчка заедница, позната како Рум (или Рим), во која беа вклучени сите членови на Православната црква кои го признаваа Вселенскиот Патријарх, чие седиште беше во Фенер (Фанар), во Истанбул;
Значи овде јасно се гледа дека не станува збор за Грци ни како народ, ни како етнос, ни како демос, ни како грчки државјани.
2) Латини (или Католици), кои практикуваат римска литургија, и кои се состојат од потомци на џеновските и венецијанските доселеници и други Католици-староседелци од латински обред;
3) Ерменски Григоријанци, под нивниот Патријарх во Константинопол, но давајќи им највисока духовна приврзаност на католиците во Ечмиацин, во Руска Ерменија;
4) Ерменски Католици, под Патријархот во Константинопол;
5) Сириски католици, под Патријархот во Мардин;
6) Халдејски Католици под Патријархот во Мосул;
7) Сириски Јакобити, под Патријархот во Мардин;
8) Протестанти, главно преобратени меѓу Ерменците;
9) Мелхити, под Патријархот во Дамаск;
10) Евреи од двата обреда, сега посебно признати;
11) Бугарски Католици, под Бугарскиот Егзарх;
12) Маронити, главно во Либан.
@штипјанец', разбра ли сега што е и милет и зошто припадник на Bulgar Milleti не означувал припадник на бугарски народ, етнос, демос, племе, бугарски државјанин или говорник на бугарски јазик во Османлиската Империја, па да започнам да ти одговарам на прашањата, или да не се мачам за џабе кога знаењето го црпиш од бугарски аналфабети?