ОК, освен што погрешната премиса во точка два ја прави погрешна точка 1.
Бугар не е лично име кое тек така некој ако го одбере ќе го направи Бугар, туку Бугар е име на дамнешен турски народ кој денес не постои како таков. Чувашите се најблиску до тоа да можат да бидат наречени нивни наследници.
Тоа „прабугари“ е ваша кованица. Не постојат прабугари туку само Бугари, и тој народ нема никаква врска со вашиот народ освен што неколку илјади од нив влегле на пљачкосување и по игра на случајот некои од нив завршиле како владелска династија во територијата. Вам не ви оставиле ништо од нивната култура/обичаи, не го наметнале јазикот, и не оставиле скоро ништо од генетско наследство. Они биле Бугари, вие сте друг народ кој по игра на случајот сте завршиле со името „Бугари“ и никој наназад во вашата историја немал визија да го промени тоа.
Најстрашното е што тоа лошо „наследство“ (всушност колективна идентификациона дисфорија), од кое не можете ни да замислите да се оттргнете, е главната разлика која во минатото а и сега прави отпор и чуство на различност меѓу нас и вас. Важна работа што требало да направи некој од вашите во минатото за соединиување на двата блиски народи, е наоѓање на решение за заеднички идентитет... Кој заеднички идентитет секако не е турски, пардон, не е бугарски.
Знаејќи го тоа, и знаејќи ги фактите и историјата - кажи ми ти на мене - дали тоа е нешто вредно за поделбите, страдањата и лошото поминување во историјата и на двата народи? Притоа посебно лошо за Македонскиот, но секако и за Бугарскиот. А се можело да биде многу подобро. Многу многу подобро.