a9mkd
Љетиф
Прекумерен раст на бактериите во тенкото црево (SIBO) се јавува кога голем број бактерии го колонизираат тенкото црево. Може да предизвика надуеност, дијареа или запек. Опциите за третман вклучуваат антибиотици, трансплантација на измет и промени во исхраната.
Бактериите се неопходни за дигестивниот систем, во форма на цревниот микробиом. Ова е најмногу присутно во дебелото црево, но тенкото црево не содржи многу бактерии.
Гастричниот секрет и движењето на храната нанапред низ дигестивниот систем спречуваат премногу бактерии да растат во тенкото црево. Меѓутоа, ако овие функции не работат ефикасно, бактериите може да се размножуваат.
Кога тенкото црево не се празни ефикасно, прекумерните бактерии ја ферментираат целата храна што доаѓа преку предизвикувајќи непријатни симптоми кај некои луѓе.
Се чини дека SIBO е поврзан со синдром на нервозно дебело црево (IBS), меѓу другите состојби. Луѓето со IBS имаат поголема веројатност да имаат SIBO отколку остатокот од популацијата. Сепак, не секој со IBS дијагноза е позитивен на SIBO.

Подолг период мака мачам со ова и навистина најдов голема група (САД и развиениот Свет) на Фејсбук конкретно по ова прашање. Подолг период имам проблеми, со големи промени на тежината и нагло слабеење, па и нагло дебеелење што во секој случај за таков краток период не е добро. Со оглед на тоа дека кај нас и не се запознаени со оваа тематика, а проблемите си траат и сериозно го нарушува квалитетот на животот ја отворив оваа тема со цел да видам дали некој во Македонија или вон тука имал проблем со ова. Нашиве доктори во македонсково здравство не те ни погледуваат и гледам дека и многу не се замараат, не успеваа никако да ја поврзат дијареата, болката, наглата промена во тежината, како еднаш имам реакција на храна, гушење и исфрлање, друг пат немам и тестовите се негативни.. Буквално, еден период имаше и реакција на секоја храна. Не помогнаа ни оние лековите за дијареа.
Земав да пијам дигестивни ензими, пробиотик со неколку милијарди единици, HCL суплименти, мулти витамини, Ц - витамин и цинк.. Има подобрување што веќе ја немам надуеноста во стомакот, но и покрај тоа изгледа треба и специфичен антибиотик.
Дали кај нас некаде се испитува ова или да одам надвор?