- Член од
- 7 јули 2013
- Мислења
- 1.934
- Поени од реакции
- 12.636
Како бе е исто осомничен и осуден, се читаш што пишуваш? Има нешто што се вика презумпција на невиност. На јавното обвинителство е да достави докази, без докази немаш обвинение и не можеш да добиеш пресуда.Осомничен и осуден е исто. Само неписмени како нас, кајгана форумџиите може разлика да направиме. Еве еден пример, мене не ме осудија дека сум возел пијан, дека сум одбил да дувам, а грешка било на полицијата што не ме однела на проверка на крв...ама сите знаеме, и јас, и полицијата, и судот, дека сум бил пијан, односно под дејство на алкохол..
Мотив, афера, пари.... убиство е убиство.... доживотен затвор...
Медицинско лице сте, зашто на пациентот му нудите опции кој да ги одбере...!?
Вие не сте свесни каква среќа имавме што Палчо избега во Турција, после онаа ужасно катастрофална и непрофесионална прес-конференција на Оливер Спасосвски каде што тој се постави во улога на обвинител и судија. Онаа на која ги нарече монструми, дека партијата негова требало да се забрани, дека бил против НАТО, да беше пребегнат во некоја ЕУ земја од типот на Шведска, Данска и тн, каде што се гледа секоја правна ситница ќе добиеше азил. Само тој клипот од прес-конференцијата ќе му беше доволен да бара политички азил, па после ќе се чудевме што не снашло.
Среќа Турците што не се занимаваат со такви правни детали, па го испорачаа. Исто така ферски од нивна страна што не го користеја како асет за да добијат екстрадиција на Ѓуленистите во земјава, што во еден момент помислив дека е случај кога работава делуваше како да се одолговлекува.