- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.515
- Поени од реакции
- 14.976
Да не потпишеше Лаутаро или да имаше некоја убава понуда за Турам, кај вас ќе завршеше Зиркзе.Ме потсетува на Биабиани кога хараше во Парма, па кога ќе го земевме се губеше како чорап во центрифуга. Па пушти го пак во Парма, пак растура. Голем ризик е овој Зиркзе за 40. Марота не би го ни погледнал за таа пара. Единствен играч за кој бев сигурен дека нема да флопне за таа пара беше Барела. Ние се имаме изгорено многупати со вакви суми, така да слободно земајте го овој ако му бараат толку.
А за околу 50 милиони (со тие провизии за менаџер, а плус и плата само околу 4 милиони), не можеш да најдеш напаѓач, кој што нема да биде ризичен како и Зиркзе.
Шешко (кој ми беше прв избор) е поскап и недостапен поради конкуренција од ПЛ, исто е и со Швеѓанецот од Спортинг.
Остануваат оној од Жирона (кој можеби е нешто поевтин околу 35 милиони) и Хименез од Феенрод, со слична цена како Зиркзе, а се кога ќе се земе, делува како поризична опција.
И во принцип тоа ти е. За тие пари, би требало да може да се најде некој помлад, што би можел да постигне повеќе, но ни треба некој што веднаш ќе понуди нешто, па и таква опција отпаѓа.
Со Зиркзе има и една олеснителна околност околу ризикот, а тоа е неговата најголема мана, односно што головите не му се главниот белег, туку придонесот во играта.
Да сумирам, не гледам кој друг би бил помалку ризичен, а да може Милан да си го дозволи.