Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
6 февруари 2024
Мислења
11
Поени од реакции
1
Поздрав, заинтересиран сум за купување на прво возило хонда цивик 2007 хеџбек, па некој постручен да ме упати што да правам што да гледам што да запазам и дали има некој за продавање случано
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
205
Поени од реакции
53
Дали може и колку време возило на швајцарски регистерски таблици да се вози во Македонија?

И после истекот на рокот, што треба да се направи за да се префрли возилото на македонски регистерски таблици?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Поздрав, заинтересиран сум за купување на прво возило хонда цивик 2007 хеџбек, па некој постручен да ме упати што да правам што да гледам што да запазам и дали има некој за продавање случано
Како прво визуелно испитај ја колата, дали приметувaш друга боја на каросеријата освен оригиналната,ако има друга боја значи можеби е била чукана,види низ ентериерот истрошеност на материјалите,ако на пр. од таванот виси тапацирот веројатно колата има над 300 иљади км извртено, второ пробај ја колата,види како тегле,дали дими,погледни го моторот дали е сув или има уље насекаде,пробај ги двата теста-вожња надвор од град над 130 км на час,едно 10-тина минути без да ти светне некоја сијаличка и вториот тест е возење по угорница,види дали влече во трета и како се понаша,дали загрева...Тоа е основата а следно е проверка за вратена километража кај некој добар автодијагностичар....
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
380
Поени од реакции
512

Se pogore napisanoto za proverka e tocno, osven poslednoto za km, za sto imam rezerva deka moze da se utvrdat so dijagnostika, osven ako vracanjeto e fuserski napraveno.Verojatno e podobra varijanta Car Vertikal ili slicni, pa vrz osnova na tie podatoci da se izveduva zaklucok. Za ova nesto pisuvav podetalno pred nekolku strani.
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
28
Поени од реакции
1
Дали знае некој колку чини хомологација за ново Пежо 2008 од салон?
 
Член од
2 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
67
Дали знае некој колку чини хомологација за ново Пежо 2008 од салон?
Druze ne deka se razbiram, ama neli stom e novo od salon treba salonot da ja ima zavrseno i taa obvrska. Sepak prodava nesto sto pominalo i carina i se ostanato. Ti odis plakas i na registracija
A od mene so zdravje da vozis
 
Од АМСМ така ни кажаа дека штом е нова се прави хомологација, а на регистрација не се оди.
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
380
Поени од реакции
647
Дали знае некој колку чини хомологација за ново Пежо 2008 од салон?
Od Euroimpex so platena f-ra i vraboten so tebe odite na tehnicki i registracija vo Korab //oni tamu preferiraat mozebi ,,interna sorabotka,,// potoa tablicite na kola i so zdravje da si ja vozis novata kola. Carini, homologacii se e vo nivna raka vekje zavrseno //zatoa i so tebe doagja vraboten od salon na registracija//.
Sekoe dobro
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Да, да, ама Лестер прави споредба и со такво оти и тие се користат многу за чистење особено на пластиките и делот околу моторот.
Јас барам конкретно како ова ти шо го спомна за еден вид на перење, усисување на пена и течност од седиштата, а секако и дома ќе се користи за теписи и намештај.

Инаку, овај збор на понижење кога прв пат го слушнав во животот (пред некоја година) се тропкав смеење 2 дена дека тоа им е уствари попуст :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Фала за препораката!!!
Дали го имаш дома или пак го имаш користено - позајмено - изнајмено од некаде и како си задоволен? Ја вади ли доволно добро влажноста од материјалот?
Планирам да го купам. Искуство со сега немам, но имам доста истражувано по нет и ми изгледа солидно.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.280
Што може да биде причина за тоа што колата ми испушта антифриз?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.700
Поени од реакции
42.284
Тоа сериозна работа е?
200 евра. Само дополнувај го со дестилирана вода. Не оставај да снема пошто така може да ти прегрее моторот уште повеќе. И ставај вода само кога е ладна, пошто ќе те изгори ако е под притисок.

Иако мајстор треба да ја види пошто може да тече некаде по цревата, не се знае. Али ако не тече никаде и температурата се крева, диктон е 99%.
 
Чоек се сменив, до термостат го испроверив океј е. Капачето за тоа за антифризот, цревата, се е океј. Само во прва брзина и кога е под притисок колата ми иде температурата некаде до 106-7, ама океј си функционира ладењето, и си паѓа температурата. Проблемот ми беше што константно ми паѓа нивото на антифриз и као навика ми стана веќе се да проверувам до кај е нивото од што кренав раце од мајсторите кои ми викаат ништо не е.

Сеа сум решена да се среди по секоја цена ако бидува, ако не ќе треба да се збогувам со колава која ја возам 10 години.
 
Губење антифриз во 90%+ случаи е поради црева, термострат и (многу често) капаче на резервоарчето и/или на самиот хладњак, кај тие што имаат таму. Провери го и тоа капаче ако го имаш. И тие капачиња (најмалку едното од нив) не се само за затворање туку го регулираат притисокот на антифризот и го испуштаат надвор доколку тој е превисок (а станува превисок поради температурата), но и во случај на добра Т доколку капачето е неисправно предвреме го испушта и го губи антифризот. Затоа овие капачиња треба да се менуваат со други со идентичен притисок, а податок за тоа има во упатството или на Нет. Понатаму провери го квалитетот и соодветноста на термостатот кој е заменет, како и чистотата на хладњакот-има и начини на негово испирање.
Доколку се тоа не помогне, тогаш си во преостанатите 10% на посериозни работи :( ослабена пумпа, пробиен дихтунг на глава, пореметено палење ако е бензин...
Како што ти го разбрав прашањето, прво ти доаѓа некој период на зголемена температура, што потоа причинува губење антифриз, а не обратно. Ако е така, добри се шансите да проблемот лежи во капачињата, термостатот и евент. пумпата, односно во полесните кварови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom