Пред три години се случи апсолутен феномен кој во ниту еден аспект не се поклопува со балканскиот менталитет а камо ли со македонскиот. Скопје во тие години одамна беше имуно на Вардар, групат на апарати. Да се навратиме една сезона пред ова бевме легитимни шампиони а бројката на утакмиците кога се боревме за титула играјки во својот дом варираше од околку 150-250луѓе во просек. Но помеѓу тоа јадро се створи единствена синергија која не доведе до ова што сме денес. Припремите ми се чини започнаа 2 недели предходно. Прво изработивме мајци и рачно цртана застава Скопје навива за Вардар. Започнавме првично скромно со контактирање на сите екипи и подгрупи, понатаму се реализираше акција биди тука/има само еден пат/друг избор немаме сите на запад. Секојдневно тие 2 недели во рамки на можностите и креативноста одеше по една најава. Како работевме така учевме, не баравме совети од никого, баравме само поддршка. Вечер пред денот Д во дебата сфаќаме колку уствари цела таа помпа што сме ја правеле е шизофрена и како само утре ќе се усереме на макс Се редеа бројки 80-120 плафон 150. Ма нема да има ни 50 луѓе луди ли сте? Настанот гласи исрпаќање на клубот во втора лига.... Доаѓа денот Д. Влегоувам во локалот каде што се собриаме со екипата, а таму ситуацја како да е дерби буквално сите комплет се јавиле на бројните повици. Одиме на собир ситуација апсолутно иста само на собирот на тогашната млада екипа имаше околу 150-200 луѓе. На сите ни паѓа камен од срце. Тргнува кортеото атмосвера како да парадираме за прослава на титула. Луѓето од кафеаните на боемска излегуваат вчудоневидени што ли се случува. Стигнуваме пред југ, таму ситуацијата идентична речеси дупло повеќе луѓе. Целиот замислен коп што го имавме во главите беше исполнет. Навивавме 90 миниту исто како да сме присутни, да не речам грмеше. Иако целиот настан алудираше на тоа да нашиот голем клуб за прв пат во својата историја ќе игра во понизок ранг, како и што ќе биде понатаму. Сите длабоко во себе бевме горди, поради тоа што покажавме достоинство и инат. Дека ќе бидеме тука со клубот и во најцните денови. Ова беше само мала победа, предстоеа многу нови предизвици. Учевме и работевме од нула за се што следуваше и ќе следува во наредните сезони.